Monday, April 25, 2011

Катастрофален земјотрес во Грција


Што прво ќе ви паднеше на ум доколку утрово, по вклучувањето на компјутерот, ве пречекаа вакви и слични наслови на секој можен медиум? Да бидеме искрени сега, се знаеме кои сме и што сме, нема потреба од глумење.



Еве, Грција е најдобар пример за земја што многу ни згрешила, не само во историски контекст, ами и во денешницава. Според сите параметри, Грците ни се најблиско нешто што го имаме до дефиницијата за непријатели. Според тоа, дали веднаш ќе се зафатевте со апели за помош, делење телефони за донации, организирање концерти, акции, ова-она? Или пак ќе преовладаше бројот на оние што ќе споделеа линк со порака - арно им е, госпо ги казни?!

Еве, јас на пример не ги сакам комшиите нешто многу-многу, ама ако им се запали куќата, веднаш ќе излезам да помогнам во гасењето. Не затоа што се блиску и можам и јас да го изедам од огнот, не затоа што некој ми кажал дека така треба, туку затоа што се луѓе и не заслужуваат да страдаат, а ти да им пукаш сеир. И толку.

Гледам дека сите апели за помош на Јапонија започнуваат со: „Да му помогнеме на пријателскиот народ...“, „Затоа што Кензо Танге го изгради разрушено Скопје...“, „Затоа што Јапонците ќе ги измислат роботите што ќе нѐ поробат...“ Чекај бе малку? Зошто мора да постои - затоа што...?






                                                           

No comments:

Post a Comment