Thursday, December 30, 2010

На 1 Јануари почина македонскиот револуционер Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов, понекогаш пишуван и како Петар Попарсов (14 август 1868 - 1 јануари 1941) е македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор Прв устав на Македонската револуционерна организацијаот и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.
Роден е во Богомила на 13 август 1868 година. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Философско-историскиот факултет, заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 година созреала идејата за создавање Млада македонска книжовна дружина која го издавала списанието „Лоза“. Набргу, поради својата активност и борба против владата на Стефан Стамболов, Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија и работи како учител во Солун, Велес, Прилеп и по други градови низ Македонија. Во 1893 година во Солун ги поставува темелите на ВМРО. Во 1897 година е осуден на 101 година робија. Амнестиран е во август 1902 година. На Рилскиот конгрес е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО - во Софија.
Неговото национално чувство дојде до израз во 1887 година во Солун со познатиот ученички бунт каде неслучајно беше меѓу првите бегалци од Солун во Белград. Таму брзо се откажа од студиите поради шовинистичката политика на Србите во тоа време. Затоа заминува за Софија за да биде пречекан како “Бугарин” .
Од 1892 година започнува да го објавува и својот дневен печат, списанието ‘’Лоза„Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ ”На мокров”, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за прв пат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К' ; Г'; Н ; а се исфрлени двогласните букви:Ъ,Ю,Ь, a гласот Ј е предаден во I.

Monday, December 27, 2010

На 28 декември 2001 година починал македонскиот режисер и продуцент Атанас Петровски

Петровски бил роден во Тетово на 12 мај 1923 година. Од 1945 година вршел одговорни функции во конституирањето на македонската кинематографија. Тој е еден од организаторите на првата македонска независна филмска продукција ФРЗ во 1968 година. Во 1976 е именуван за прв директор на Кинотеката на Македонија, каде што останува до пензионирањето во 1985.
Режирал околу 20 документарни филмови, меѓу кои и:„Велигденски адети“ (1953),
„Галичка свадба“ (1955), „Стара чаршија“ (1955), „Дервиши“ (1955) и „Тенда“ (1955).

Tuesday, December 21, 2010

На 22 Декември е роден македонскиот поет и револуционер.

Кочо Рацин (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден оосновоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.

ПОЕЗИЈА

Рацин започнува да пишува поезија во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на српскохрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски („Разнеженост“, „Рухнаха се надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“, „Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српскохрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1937 година, по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанскa војна, ќе ја напише „Испанска балада“, а во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“.
Најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.


Saturday, December 18, 2010

На 19 декември 1921 е роден Македонскиот поет Блаже Конески

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Конески е вонсериски лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Конески е вистински полиграф. Тој е суптилен лиричар, автор на 13 поетски книги, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија (Хердерова награда, Његошова награда, Златен венец на Струшките вечери на поезијата итн.).
Тој е и истакнат прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот, препејувач од многу јазици на делата на низа поети (Његош, Прешерн, Хајне, Блок, Мицкјевич, Неруд, Волкер, Мајаковски). Неговите дела се преведени на голем број јазици. И ден-денес неговото име се споменува доста често во научните и културните кругови.
Како човек со толку звучна биографија, дури и од денешна перспектива вчудовидувачка е неговата перманентна скромност во настојувањата да ги разоткрие механизмите на сопственото поетско творештво. Конески е еден од ретките поети кои не само што вложуваат толку напор да го осознаат самиот креативен процес туку имаат и смелост и капацитет сознанијата да им ги приопштат на идните читетели. Впрочем, најтипичниот пример е есејот „Еден опит“ во кој Конески како искусен поет ги опсервира тајните на поетскиот занает. Тргнувајќи од сопствениот творечки опит, тој особено го потенцира значењето на усната народна традиција како основна платформа врз која ја артикулира својата индивидуалност.
Легендите, што подоцна ќе најдат обработка и во некои мои текстови, јас не сум ги запознал од книги, ами сум ги слушал од старите во својата селска куќа, во првото детство, - се потсетува Конески укажувајќи: Уште оттогаш преминала во мене Стерна, страшната подземна вода. Уште со овие реченици Конески децидно укажува дека тој не ја создава својата поезија од ништо, туку, напротив, воспоставува жив, интимен дијалог со претходната усна или писмена поетска традиција. Оттука, предлагајќи го тријадниот модел: традиција-колектив-автор, Конески смета дека и тој самиот нужно создава во дослух како со постојната културна традиција така и со јазикот, сензибилитетот, кодот и духот на колективот, како и на сопствената епоха: Јас вршев иновација, ги вклопував старите пораки во современ израз и ги варирав по начин што му одговара на интересот на современиот човек.
Еден од најинтригантните теоретски пунктови за креативниот процес е (хипо)тезата на Конески за откривањето на песната. Тој и самиот истакнува дека има впечаток дека никогаш не сум бил разбран како што треба, особено ако се има предвид дека оваа негова теорија не е само чиста шпекулативна конструкција, туку дека таа е негово интимно, реално поетско доживување или, како што самиот вели, еден вид чувствена сензација. Всушност, при настанувањето на неколку најпознати, антологиски песни Конески доживеал една речиси мистична визија: одеднаш бев обземен од чувство дека јас песната заправо не ја пишувам, ами ја откривам. Всушност, идентификувајќи се себеси како откривач на песната, Конески ја демонстрира својата скромност, настојувајќи да се ослободи од речиси неизбежната творечка суета. Притоа недвосмислено истакнува дека веројатно не е прв поет и уметник кој дошол до тоа сознание.

филики етерија

Во почетокот на март 1821 година генералот Ипсилантис својата балканска војска, собрана од балканските народи што емигрирале во Русија, ја префрлил преку реката Прут од руска Бесарабија во Молдавија. Ипсилантис се надевал дека ќе го искористи востанието на романското население, кое предводено од Тудор Владимиреску, се кренало против домашните властодржци за да ја помогне борбата за слобода на класичните грчки земји. Ниту романското, ниту српското, ниту бугарското, ниту македонското население не му верувале на Гркот Ипсилантис ниту, пак, сакале да се поистоветат со угнетувачката власт на грчките фанариоти и не и се придружиле на неговата војска! По поразот на неговата војска од османлиската во битката кај Драгачан во 1821 година, Ипсилантис бил принуден да побегне на хабзбуршката територија, со што мисијата му доживеала неуспех.
Во знак на одмазда за обидите на Ипсилантис да организира востание против султановиот режим, османлиските власти на 10 април 1821 година го обесиле вселенскиот патријарх Григориј V на една капија на Патријаршијата во Цариград. Поради истиот причина, во знак на одмазда, биле убиени повеќе грчки епископи. Григориј V и Светиот синод, составен од најстарите митрополити на Православната црква, издал прогласи во кои остро ги осудил Ипсилантис и неговите востаници во Молдавија прогласувајќи ги за бунтовници и од османлиската власт и од Божјата волја. Меѓутоа, патријархот бил обесен затоа што не го испочитувал договорот со Османлиите, според кој, во замена за слободното проповедање на верата од патријархот се очекувало да дејствува како гарант на покорноста на православното население кон османлиската држава. Три дена подоцна телото на Григориј V и било предадено на еврејската заедница бидејќи во градот владеело огромно нетрпение меѓу еврејската и грчката заедница. Евреите го одвлекле телото и кај Златниот рог го фрлиле во море. Подоцна една грчка посада го извлекла телото и на руски брод го пренела во Одеса. Во 1871 година телото на Григориј V било вратено во Грција. На стогодишнината од неговото погубување Григориј V официјално бил прогласен за светител на Православната црква.
Преместувањето на седиштето на Филики етерија во 1818 година во Цариград имало цел да го засили агитирањето кај сите христијански народи на Балканот да ја поддржат идејата и бидејќи во Цариград, како главен град на империјата, европските сили имале свои амбасади, Друштвото сакало преку нив Европа да се запознае со подготовките на христијанските балкански народи за борба за ослободување од османлиското владеење. Европските големи сили речиси биле обединети за поддршката и за симпатиите кон грчката ослободителна борба. Долговековниот османлиски окупациски режим врз балканските народи тие го доживувале како туѓо тело на европската територија. Помошта на Грција и ја давале и како поддршка во одбраната на христијанството и за да се спречи навлегувањето на исламот во централниот и во западниот дел од Европа.Во почетокот на март 1821 година на Пелопонез дошло до неколку вооружени судири меѓу месното население и османлиската власт. Подоцна вооружените судири добиле пошироки размери. На 25 март 1821 година архиепископот Германос го објавил почетокот на Грчкото востание против османлиската власт. Меѓутоа, набрзо по ослободувањето на Пелопонез грчките востаници се поделиле на т. н. воена и цивилна партија. Воената партија ја предводел Теодорос Колокотронис, а цивилната Александрос Маврокордатос. На првото востаничко собрание во јануари 1822 година во Епидариус бил направен обид за помирување на овие две партии. На ова собрание бил донесен привремен устав, кој бил изработен според францускиот Устав од 1795 година. Донесувањето на овој устав всушност значело победа на цивилната партија. Меѓутоа, не дошло до фактичко помирување меѓу воената и цивилната партија. Покрај борбата за ослободување од Османлиското владеење, во Грција паралелно се водела и граѓанска војна, која имала негативни последици врз развојот и врз успехот на вос

танието.

филики етерија

Првото српско востание во 1804 година почнало како одговор на засиленото и неподносливо угнетување од страна на јаничарите. Тие настани постепено добиле карактер на националноослободително востание и влијаеле како охрабрувачки пример за христијаните и како доказ за ранливоста на османлиската власт. Со Ичковиот мир од 1806 година Србија добила статус на политичка автономија во рамките на империјата. Во 1815 година, со одредбите на Виенскиот конгрес, јонските острови биле прогласени за формално независна држава под протекторат на Велика Британија. За Грците тоа претставувало силен поттикнувачки мотив за приближување кон британската влада и за борба против османлиската власт, со оглед на тоа дека еден дел од грчката територија веќе не бил под османлиско владеење.
Задоени од претходните настани и под влијание на ослободителните идеи за севкупно христијанство на Балканот, во 1814 година во Одеса (Русија) се собрале Емануил Ксантос, Атанас Цакалов (по потекло Македонец) и Николаос Скуфас, сите емигранти во Русија, и го основале друштвото Фелики етерија (Пријателско друштво), со единствена цел, со вооружено востание да ја ослободат татковината од османлиското владеење, со главен град Цариград. Тоа значи дека некој од основачите на друштвото немал претстава за географските граници на татковината, ниту за тоа што спаѓало во неа. Друштвото Фелики етерија било под силно влијание на масонството, односно на Слободните ѕидари. Членовите на Фелики етерија биле максимално дисциплинирани во однос на спроведувањето на заговорничките правила. Организацијата на друштвото била поставена според хиерархијата на седум степени: 1) побратими; 2) препорачани: 3) јереј; 4) пастири; 5) архипастири; 6) посветени; и 7) началници на посветените.
Во својата преписка етеристите користеле посебна шифрирана азбука од 22 знака составена од грчки букви и од арапски бројки. Приемот на нови членови во друштвото се вршел според сложените обреди на масонството, а секое издавање на неговите тајни се казнувало со смрт. Поради тоа друштвото немало поголеми успеси во првите години од постоењето. Сепак, од 1818 година, откако центарот од Одеса бил преместен во Цариград, значи поблиску до Грција, почнал да се зголемува бројот на членовите. Друштвото пуштило глас дека Русија ќе им помогне на балканските народи при ослободувањето од Османлиите. Под силна пропаганда за ослободување на православните народи од османлиското владеење, со помош на големата православна Русија, почнале подготовките за општо балканско востание. За водач на востанието бил предложен рускиот генерал Александар Ипсилантис.
На Русија и бил потребен излез на Медитеранот заради обезбедување на трговијата, особено со жито, затоа што најголемата руска житница се наоѓала во јужниот дел од земјата, а најпогодниот и најкраткиот пат до најголемите светски потрошувачи минувал низ Босфор, Дарданели и Средоземното Море. Користењето на тој правец било безбедно само за оној што имал превласт на Балканскиот Полуостров. Поради тоа сите руски владетели и влади работеле на проширување на Русија во тој правец. Прво, требало да се навлезе до Азовско Море, потоа до Црно Море, и на крај, преку Босфор и Дарданели, до Средоземно Море. Извршувањето на таа задача имало различни форми, текови и содржини.
Од балканските земји најпогодна да се реализираат руските интереси била грчката територија. Во втората половина на XVIII век руската војска и нанела тежок пораз на османлиската. Владата на Катерина II (1762-1796) на 10 јули 1774 година во Кучук-Кајнарџи склучила Спогодба за мир меѓу Русија и Турција. Со оваа Спогодба, турската влада и го признала на Русија правото на заштита над Руската православна црква во Турција. Во исто време дошло до спогодба меѓу Катерина II и австрискиот цар Јосиф II, во случај на евентуална поделба на Балканот, северозападните делови на Балканскиот Полуостров да и припаднат на Австрија, а југоисточните на Русија. Под тие услови Јосиф II дал согласност Русија да го формира големото "Грчко царство" во границите: Дунав, Црно Море, Мраморно Море, Егејско Море, Средоземно Море, Јонско Море и Јадранско Море, со права линија повлечена од вливот на реката Дрим во Јадранско Море до устието на реката Сава во Дунав, односно Белград.
На престолот на таа држава требало да дојде внукот на Катерина II, рускиот голем кнез Константин. На тој начин Русија би добила превласт не само на Балканот, туку и на голем дел од Медитеранот. Меѓутоа, во тоа време не дошло до распаѓање на Османлиската империја, ниту до основање на грчка држава на територијата на речиси половина од Балканскиот Полуостров, но биле поставени основите на руско-грчкото пријателство, што доаѓало до израз во секоја кризна состојба на Балканот или на Медитеранот.

Даме Груев

Даме Груев е македонски револуционер и еден од основачите на ТМОРО. Роден е во селото Смилево на 19 јануари 1871 г. Потекнува од ѕидарско –печалбарско семејство. Се образувал во Битола учи до четврти клас, а потоа во Солунската машка гимназија „ СВ. Кирил и Методиј“. Груев заминува да учи во Белград на сметка на Друштвото
„Свети Сава“ завршува гимназија и повторно на сметка на друштвото се запишува на Великата Школа. Во 1891г. исклучен е од школата и заминува од Белград. Во Софија се запишува на историја во Вишото училиште, но во 1891 и од таму е исклучен. Од 1891-1893 бил учител во Прилеп и во селото Смилево. Во 1894г. започнал да ги формира првите револуционерни комитети. Бил учител во Штип и инспектор во солкунско, потоа наставник во Битолската гимназија и раководител на Битолскиот револуционерен округ. По убиството на Х.Белчев министер за финансии, Даме Груев и некои негови пријатели биле уапсени како осомничени. Откако се вратил во Македонија поднел молба да биде назначен како учител во Битола, но молбата била одбиена. Назначен е за учител во Смилево, потоа учителствува во Прилеп а во 1893 заминува Солун. Во Солун работи во печатницата на Коста Самарџиев.Груев бил иницијатор за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1993г. во Солун. Избран е за секретар и касиер на Централниот комитет. Од 1894 до 1895 е назначен за учител во Штип, каде учителствува заедно со Гоце Делчев. Во 1895 се враќа во Солун како училишен инспектор, таму се активира во работењето на Организацијата и го воведува шифрарникот. Во Битола развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање нови комитети и пронаоѓање на нови соборци. На 6 август е уапсен и осуден на 10 години затвор за таканаречената Попставрева афера. На 29 мај 1902 од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Амнестиран е пролетта 1903г. На Смилевскит конгрес во почетокот на мај 1903 г. Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционетен округ. Груев учевствува во одредување на датумот за кревање на востанието и е задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со Ѓорѓи Сугарев раководат одбрана на Смилево. На 14 август одбраната на Смилево е пробиена, а востаниците се принудени да се повлечат во Бигла планина. На 9 септември 1903 Груев и Сарафов во име на штабот испраќаат писмо до бугарската влада и бараат помош од Бугарија. Во 1904г. Груев е заробен од србоманската војвода Глигор Соколовиќ, но Пере Тошев му се заканува на персоналот
на српското дипломатско претставништво во Софија и Груев е ослободен. По заминувањето од Софија бил крајно разочаран. На 23 декември 1906 заедно со своите другари херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново. Коските на тројцата храбри јунаци биле погребани во Русиновската.

Не е тешко кога ќе загинеш за својата татковина,тешко е кога си предаден од своите !!!

http://www.youtube.com/watch?v=jMiPv5dQ62U

Македонските историчари дојдоа до грчки документ кој го признава постоењето на македонскиот јазик

Да се забрани македонскиот, и како мајчин јазик да се пишува исклучиво грчкиот. Ова е суштината на наредбата на леринската префектура од 1954 година откако грчката влада утврдила дека Македонците во северна Грција во формуларите за добивање на лични документи се пишувале Македонци со македонски мајчин јазик.

Во наредбата, која формално се повикува на националните интереси, грчките власти им наредуваат на матичарите да ги избришат зборовите македонски, албански, влашки и исклучиво за јазикот на таткото и мајката да впишуваат грчки . Димитар Љоровски Вамваковски, историчар од Институтот за национална историја, со чија помош е дојдено до оригиналниот документ, за Канал 5 вели дека ова е еден од најдобрите докази за асимилаторската политика на грчките власти кон Македонците во Грција. Документот на леринската префектура ги побива сите тези на Атина дека во Грција никогаш не постоело македонско малцинство.

-„Македонски” јазик, како што е одговорот од некој од вас на горенаведеното прашање, или „словенски” јазик не постоеше никогаш во грчка Македонија, а тие кои тврдат за обратното се жртви на антигрчката пропаганда, очигледно од не знаење.
Говорниот идиом од мал процент на жители на Македонија, домородци, воглавно постара популација, не е официјален јазик, ТУКУ месен јазичен идиом, затоа што ако беше јазик би требало како што се кажа погоре, да има азбука и граматика, т.е. со него да може да се врши коресподенција, точно како што се случува со ГРЧКИОТ, ФРАНЦУСКИОТ, АНГЛИСКИОТ и други официјални јазици”, стои во наредбата потпишана од министерствата за надворешни и внатрешни работи префектурата во Лерин од 1954.


Документот, според познавачите, е само дел од грчката стратегија за насилна промена на Националната свест кај негрците која во 1950 година во Парламентот во Атина јавно ја промовирал грчкиот министер за надворешни работи, Јаонис Софјанопулос. Делот од таа стратегија која предвидува молк во јавноста и медиумите за постоење на македонски народ во оваа земја, грчката влада успешно го спроведува веќе 60 децении.

Горан Момировски

Културата на Македонците

КУЛТОВИ И РЕЛИГИЈА
Македонците негувале повеќе култови,коишто биле поврзани со почитувањето на природните сили.Најраспространет бил култот на Сонцето.Затоа Сонцето го прикажувале на накитот,оружјето особено на штитот.Тоа се среќава о на некои од монетите на македонските кралеви.Го почитувале култот на водите.Кон реките се однесувале како кон божества и им принесувале жртви.Македонците особено го почитуваат култот на лавот.Ги почитувале и култовите на јарецот,на волкот и на кучето.Нивни претстави можат да се сретнат на монетите од некои владетели или на други предмети.

Македонците верувале во повеќе богови.Врховно божество бил богот Диос,господар на небото.Покрај него ги почитувале и Зеирена,божица на убавината,Дионис,бог на пролетта и други.Го почитувале и Херакле,кого го сметале за свој митски предок и родоначалник на кралската куќа.
Македонците имале свој свет град.Тоа бил градот Дион,којшто се наоѓал на северните падини на планината Олимп.Во Дион се одржувале македонските олимписките игри.

Формирање на Македонија

Во VIII век пред н.е започнало обединувањето на македонските племиња во единствена држава.Јадрото на македонската држава се наоѓало во Долна Македонија.Формирањето започнало со спуштање на племињата од планините во приморските низини.На чело на државата стоел крал.За основач на македонската држава се смета кралот Пердика.Кралот Пердика владеел кон крајот на VIII и почетокот на VII век пред н.е.Престолнина на државата бил градот Ајга.Покрај кралот имало и народно собрание,кое го поставувеле кралот на престолот.Собранието се состоело само од Македонци.

ЈАКНЕЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА
Наследниците на кралот Пердика настојувале да ја зацврстат и да ја прошират својата држава.Позначајни од нив биле Александар I и Архелај I.
Во времето на кралот Александар I македонската држава значително се зацврстила и се проширила.Тој водел војни со Илирите,а ги помагал Хелените во војните против Персија.Поради тоа бил наречен пријател на Хелените (филхелен).Тој бил првиот македонски крал кој ковал свои монети.
Во времето на Архелај  I македонската држава уште повеќе се издигнала и зајакнала.Тој е познат по својата градежна дејност.Изградил многу патишта и тврдини.Тој ја пренел престолнината од Ајга во Пела,која била поблиску до морето.Имал добри односи со Хелените.На неговиот двор во Пела работеле и престојувале познати хеленски уметници,писатели,архитекти и други.Од негово време почнале да се одржуваат македонските олимписки игри.

Македонската држава во времето на Александар III Македонски

Средување на околностите на Балканот
По смртта на кралот Филип II,на престолот дошол неговиот дваесетгодишен син Александар III Макеоднски (336-323г.пред н.е).Иако бил млад,Александар бил многу надарен и способен владетел и голем војсководец.Некои хеленски градови, а и некои покорени народи на Балканот,кога разбрале дека Македонија има млад крал,се обиделе да ја отфрлат македонската власт.Меѓутоа,Александар успеал да ги победи и да ги принуди ја признаат неговата власт.Во походите на Балканот,кон север,Александар ја поминал и реката Дунав.Отако ја средил состојбата на Балканот,почнал да се подготвува за поход кон исток,против Персија.

ПОХОДОТ КОН ИСТОК
Походот кон исток против Персија Александар го започнал во 334година пред н.е.Персија била многу поголема држава од Македонија, а имала и побројна војска.Александар тргнал во походот со околу 40-илјадна војска,добро организирана и дисциплинирана.Персиската војска била побројна, но слабо организирана.Првата битка со Персијците се одиграла кај реката Граник,во Мала Азија.Македонците издвојувале голема победа.Персискиот владетел Дариј III се обидел да го спречи натамошното македонско напредување.Но,во битката кај Ис,персиската војска доживеала нов пораз.
По првите победи Александар се упатил кон Египет,кој бил под персиска власт.Таму тој бил пречекан како ослободител и бил прогласен за фараон и син на богот на сонцето Амон Ра.На брегот на Средоземно Море го основал градот Александрија.Освен овој,Александар во освоените замји подигнал повеќе градови кои го носеле неговото име.
Од Египет Александар се упатил кон централните делови на Персиското Царство.Решавачката битка се одиграла во 331година пред н.е. кај местото Гавгамела.Персиската војска доживеала тежок пораз.Потоа биле освоени и останатите персиски територии.Тогаш Александар се прогласил за крал на Азија,а за престолнина го одбрал градот Вавилон.
Во понатамошните освојувања на исток стигнал до Индија каде извојувал победа против владетелот на Западна Индија,кралот Пор.Така државата на Александар III Македонски станала светска сила.
По долгите војувања македонската војска била уморна.Војниците долго време биле оддалечени од своите семејства ,тешко ја поднесувале неповолната клима и често се бунеле.Поради тоа Алексаданр решил да се врати назад.На најоддалеченото место во Индија бил изграден столб на кој пишувало ''Овде запрел Александар''.
Враќањето од Индија кон Вавилон било многу тешко и опасно.Се одвивало по копно и по море.Војската се движела по тешко проодни и сурови пустински предели.Голем број од војниците настрадале поради горештините и од сушата.По неколку месечно патување,Александар пристигнал во градот Суза.
Среќното пристигнување во Суза било прославено со масовна свечена свадба,во која околу 10 000 Македонци се ожениле со Персијки.Кралот Александар се оженил со две персијки.Свадбата била направена според персиските обичаи,а сите младоженци добиле од Александар богати подароци.
Плановите на Александар за нови походи кон запад не се оствариле поради ненадејната смрт.Тој умрел во 323година пред н.е.,кога имал само 33 години.Бил погребан во Александрија во Египет.

Христо Ботев

Христо Ботев бил револуционер, писател и теоретичар на бугарската национална револуција, борец за ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев е истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.

Роден е во Калофер. Студира во Одеса, Русија. Живеел во Букурешт и Браила. Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег. По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 2 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкезка) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.
Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.
Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Обесувањето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.

Оу.Св.Климент Охридски

Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панониjа од Германците и побарал спас во Бугариjа.Со дозвола на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.