Saturday, April 2, 2011

КОМПЈУТЕРСКИ ИГРИ

Компјутерските игри се програми во кои заемно учествуваат играчот и компјутерот.Во игрите учествува најмалку еден играч.Најчесто компјутерот прикажува дадена ситуација,а играчот реагира на дадената ситуација со одреден потег и чека резултат.Потезите се повлекуваат според одредени правила на играта.За секоја игра се поставува цел која играчот треба да ја постигне.Играчот кој прв ќе ја достигне целта е победник.Играчот ги влече потезите со помош на влезните единици на компјутерот.За таа цел најчесто се користат глувчето и тастатурата,но не ретко се употребуваат и џојстик,очила,волан и друго..воланот е доста интересен за оние кои се страсни обожаватели на игрите.Игрите ги делиме на :логички,аркадни,стратегија и симулација.

ЛОГИЧКИ ИГРИ

Логичките игри се оние кои бараат логичко решавање на проблеми за постигнување на целта и тоа за што е можно покусо време и помал број потези.Најчесто логичките компјутерски игри се логичките игри што се среќаваат во секојдневниот живот и се користат за забава,рекреација или спорт.Тие можат да бидат карти,домино,шах,меморија,табла и сл.Овие игри се едноставни во однос на движење на објектите (пр.преместување или отварање карти) и се со послаба графика за затоа зафаќаат мала меморија.

АРКАДНИ ИГРИ

Аркадни игри се оние каде што треба вештина за брзо и снаодливо движење на јунакот низ играта.Играчот притиска тастери на тастатурата за да го движи јунакот низ сцената или пак го движи глувчето и соодветно клика тастери.За поефикасно играње на аркадните игри се користи џојстик.Во овие игри најчесто играчот има задача да помине некоја патека,море,ниво и слично,попречуван од различни препреки (дупки,скривници,разни животни и сл.)кои треба да се уништат или прескокната за да се дојде до крајот на нивото или патеката.Кога завршува едно ниво започнува друго кое е потешко од претходното.Пример такви игри се:Super Mario,Hercules,Blues и многу други.

СТРАТЕГИСКИ ИГРИ

Стратегијата значи начин или вештина за остварување цел.Игрите од типот на стратегија имаат за цел создавање на нови светови или победа во војни.Добра стратегија значи добар избор на постапки сто одведуваат до победа во играта.Овие игри се поинакви и посложени од другите,се со многу добра графика и зафаќаат голем простор во меморијата.Меѓу попознатите вакви игри се:Pharaon,Age of Empires и други.

СИМУЛАЦИСКИ ИГРИ

Целта кај симулациските компјутерски игри е да се прикажат ситуациите и состојбите што пореално.Тоа значи играчот ќе ги доживува ситуациите и состојбите како де се наоѓа на самото место.Многу често во овие игри битен параметар е времето.Вакви се игрите со автомобилски трки,вселенски бродови.мотори,игрите за уредување на домот и сл.Попознати се:Formula 1,FIFA,Sims,Barbie и други.












No comments:

Post a Comment