Saturday, April 16, 2011

НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ...


Да кажеш дека треба да се биде со претседателот, сеедно дали е во право или не, не е само непатриотски и слугински, туку е морално предавство на американската јавност. Теодор Рузвелт

Ќе се борам за мојата земја, но нема да лажам поради неа.Зора Нил Харсон

Кога целата нација громи ’Патриотизам’, јас повеќе сакам да ја истражувам чистота на нејзините раце… Вилијам Ралф Инге

Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, акој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучи спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја. Марк Твен

Не трба да бидеш толку заслепен од патриотизмот за да не можеш да се соочиш со реалноста. Она што е погрешно, погрешно е, без оглед на тоа кој го кажува. Малком Икс

Нацијата е поделена, половина патриоти, половина предавници. И никој не може да каже кој е што. Марк Твен

Вистинскиот патриотизам мрази неправда во својата земја повеќе отколку каде и да е. Кларенс Дероу

Патриотизмот е последното прибежиште на неранимајковците. Семјуел Џонсон

No comments:

Post a Comment