Monday, June 27, 2011

ИНТЕРЕСНО !!!



http://www.youtube.com/watch?v=ZIUElu7S8gM Георгиос Kорбазоглу службеник (полиглота и преведувач) во грчката
амбасада во Истанбул, во првата половина на 1904 год. по налог навладата во Атина прави обиколка во Македонија со цел да испита дали имауслови за испраќање на грчки вооружени чети да се борат против силите
на ВМРО.

Извештај на грчката амбасада во Цариград до Владата во Атина од 27 мај 1904 година - Серез.

...Во градот Воден првенците и младите надвор зборуваат повеќе на грчки отколку на МАКЕДОНСКИ јазик......
облеката и дури јазичниот идиом кај МАКЕДОНОФОНСКАТA група е постар ипомодерен или подобро речено помакедонофонски, отколку оној наелинофонската група...Извештај на грчката амбасада во Цариград до Владата во Атина од 26 јули 1904 година....Ќе се осмелам да предложам дека под итно мора да одговориме со една етнолошка картан на МАКЕДОНОФОНИТЕ Македонци......НаМакедониот комитет (ВМРО), подводачите, а можеби и самите водачи ја
црпеа нивната моќ од условот да не гледат ништо друго, освенослободување на МАКЕДОНЦИТЕ како МАКЕДОНЦИ......Македонскиот комитет (ВМРО) под неговото знаме започна да го заменува тоа на
Бугарскиот комитет (ВМК) и од тогаш изгледа започна да владее во душата на поголемиот дел од МАКЕДОНОФОНОТО население...... Во с. Крешево водач од Македонскиот комитет со неговата чета уби цела една бугарска чета на чело со непознат водач...... Скоро сите тие што раководеа чети беа месни МАКЕДОНЦИ кои дејствуваа или сеуште дејствуваат во Серскиот санџак......Изгледа дека со паролата „Македонија на Македонците се приклучија поголемиот
дел од МАКЕДОНОФОНСКИТЕ села на Серскиот санџак...

Македонија го крие гробот на Александар Велики?!?

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=224101032176&id=9&prilog=0&setIzdanie=21918



Македонија го крие гробот на Александар Велики ? Гробницата
на Александар Македонски е една од најголемите, ако не и најголемата 
археолошка мистерија на светот. Сé повеќе историчари сметаат дека 
треба да се напушти слепото верување според кое Александрија е 
единственото место каде што гробницата може да се бара, со што свое 
место во приказната зазема и современата македонска држава

Sunday, June 26, 2011

Доказ за признавање на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА и МАКЕДОНИЈА од страна на Германија !!!

Во овој текст се објаснува за македонските православни здруженија во Германија и Европа каде пишува дека Македонските православни верници по бројност се меѓу првите пет во Европа.Во околината на Маинц има околу 540 македонски фамилии.Постојат вакви организации во повеќето поголеми грагови низ Германија како Минхен,Берлин,Маинц,Дортмунд.Верниците на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА се опишани како големи верници кои понекогаш учествуваат за заедничките литургии со верниците од католичката црква.Претседателот на Православното здружение Свети Никола Јован Зфировски на неговиот докамин на сликата му подарува две икони на неговиот доканит Отеот Винфред Ре.

Зошто ''воинот на коњ'' а не ''Александар Македонски'' ?!?

„ВОИНОТ НА КОЊ“ Е ДЕЛ ОД ПОДГОТОВКАТА ЗА СМЕНА НА ИМЕТО!

Поставувањето на споменикот веднаш по изборната победа на ВМРО ДПМНЕ не е случајно. Споменикот оддамна беше готов во Фиренца. Се чекаше изборната победа за да може да се изврши „квалитетна“ подготовка за смена на името што ќе уследи наесен.По предвремените избори на 5 јуни во Македонија се случија неколку работи околу кои се крена и се уште се крева прашина. Првата е убиството на Мартин Нешковски кое се случи ноќта за време на прославата на победата на десната банда.
Потоа во текот на денот следуваше апсењето на Љубе Бошковски поради наместена злоупотреба на пари за изборната кампања.Потоа следуваше реактуелизација на Пајажина поради започнувањето на судскиот процес.
Пред неколку дена, вест на денот која тоа не престанува да биде, е носењето на деловите од споменикот на Алкесандар Македонски и неговото составуање на плоштадот Македонија под „привременото име“, што би рекол Геровски, „Воин на коњ“.
Некако во истовреме или за целото време по 5 јуни, мегафоните на деснава банда, на кои со нескриено задоволство им се приклучи и Владо Бучковски, не го симнуваат прашањето за барање оставка од Бранко Црвенковски поради загубените избори.Има и други поситни настани, се разбира, но овие се главните. И како такви имаат ист именител, ист елемент по кој ние ги препознаваме. Сите овие настани се очигледно и недвосмислено сведоштво за состојбата со демократијата во Македонија за која пишувавме и во минатата колумна, но за која ќе пишуваме постојано додека сме живи и здрави.
Целиот текст на линкот: 
http://www.kotle.ca/index.php/
80-hot-topic/161-2011-06-18-12-35-51

Saturday, June 18, 2011

Древните грци не постојат !!!

Историчарите
признаа дека ги измислиле древните Грци



Група водечки историчари,
на конференција одржана во Националното географско друштво, соопштија дека
„целосно ја фабрикувале“ древна Грција, култура за која долго време се веруваше
дека претставува интелектуална основа на западната цивилизација.
Групата призна дека идејата за
софистицирано општество кое постоело во Грција пред повеќе од два милениума е
целосна фикција, создадена од тим од неколку десетици историчари, антрополози и
класичари, кои работеле во континуитет од 1971 до 1974, за да фалсификуваат
„грчки“ документи и артефакти.
„Искрено, никогаш не мислевме дека
работите ќе отидат толку далеку“, изјави професор Џин Хедлебери, кој ја понуди
својата оставка како шеф на хеленистичките студии на Универзитетот во Џорџтаун:
„Бевме млади и се обидувавме да напредуваме во нашите кариери, па почнавме да
измислуваме работи: Хомер, Аристотел, Сократ, Хипократ, лост, запчаник,
реторика, етика, и различни видови столбови – се’“.
„Очигледно, многу повеќе нешта
отколку што може да измисли која и да е цивилизација “, додаде тој.
Според Хедлебери, идејата за
измислување на целосно лажна древна култура произлегла кога тој и други
интелектуалци сфатиле дека немаат поим што всушност се случило во Европа во
текот на 800-те години пред христијанството.
Фрустрирани од јазот во
документацијата, во ситуација кога археолозите „не биле од никаква помош“, тој
се консултирал со колегите кои веќе се мачеле да најдат начин да објаснат како
настанале нештата како астрономија, картографија и демократија.
За неколку часа била родена
најголемата и највлијателната цивилизација на сите времиња.
„Една вечер некој се зезаше, дека
треба да ги земеме сите овие идеи, да ги споиме, и да кажеме дека Грците го
сториле сето тоа пред 2,000 години“, вели Хедлбери. „Една работа водеше кон
друга, и пред воопшто да бидеме свесни за тоа измисливме се’, од златниот
пресек до Илијадата.“
„Тоа навистина беше заебано да се
напише“, продолжи тој, зборувајќи за епот за кој се смета дека ги има поставено
темелите на западната книжевна традиција. „Ама изгледа дека штосот успеа.“
Речиси во исто време, еден куратор од
музејот Смитсонијан наводно побарал помош од Хедлбери: музејот имал добиено
голема донација за да направи изложба на древниот свет, но „немал што многу да
понуди“. Историчарите веднаш почнале со работа, итајќи да фалсификуваат докази
за цивилизација која – заедно со нејзините поети и филозофи, богови и херои –
наскоро ќе стане главна тема во учебниците, факултетското образование и цело
поле во хуманистичките науки.
Емили Нгиен-Вајтмен, една од оние кои
дале најголем придонес кон проектот, објаснува дека целата древна грчка
архитектура била базирана врз градби во Вашингтон, вклучувајќи една банка
спроти кафичот каде се среќавале за да „си играат со идеи за митологија или што
и да е“.
„Ја одбравме Грција затоа што
сфативме дека никој не би отишол таму да проверува нешто во врска со тоа“,
изјави Нгиен-Вајтмен. „Сте го виделе местото? Тоа е дупка. Како напуштен откоп,
полн со мачки.“
„Сепак наскоро луѓето почнаа да
бараат вакви ’древни предмети’, и следно нешто што знам е како сум заглавена во
Атина цело село, градејќи го целиот ебен Партенон само за да ги покријам нашите
траги“, додава таа.
Нгиен-Вајтман признава дека била
задолжена и за менување на документи, од раните верзии на Библијата, до
записите на Томас Џеферсон, за тие да го одразуваат „класичното грчко“ влијание
– задача која исто така вклучувала создавање, од самиот почеток, на јазик
базиран на модерниот грчки, кој можел да помине како негов древен претходник.
Историчарите им кажаа на новинарите
дека некои од таканаречените грчки идеи всушност биле позајмени од Римјаните,
доведени до нивните основи, а потоа припишани на фиктивни грчки претходници. Но
за други идеи велат дека се нивни.
„Геометрија? Тоа беше на Кевин“, вели
Хедлбери, зборувајќи за поранешен дипломец Кевин Давенпорт. „Човече, тоа дете
беше ептен навлечен тие денови. Сега во гимназиите предаваат Девенпортијанска
геометрија, иако секако ја нарекуваат Евклидиева“.
Извор потврдуваат дека долгите часови
неспиење извршиле влијание врз Давенпорт, па по млакиот прием на негоиот труд
за хомоеротичноста кај спартанските војници, тој ја напуштил групата.
Во изјава во која го изразуваат
нивното „најдлабоко извинување“ за тоа што го лажеле светот околу антиката цели
40 години, историчарите изразиле надеж дека нивното дело ќе опстои заради
сопствените вредности.
„Би било штета човештвото да ги
отрфли достигнувањата како хелиоцентризмот и драмите на Есхил, само заради
нивното потекло“, се вели во соопштението. „Освен тоа, имаме и некои
разочарувачки факти во врска со пирамидите, делата на Леонардо да Винчи,
пеницилинот, интернет, научниот метод, филмовите и кучињата.

                                                  

Monday, June 6, 2011

ФФМ МАФИЈА !!!

Македонскикот селектор Мирсад Јонуз дрско си замина од конференцијата за печат на мечот откако не знаеше како да одговори на прашањата на медиумите за најновиот пораз од селекцијата на Ирска и негова евентуална оставка.
-''Ќе ги анализирам сите досегашни игри и резултати и ќе ги доставам до членовите на ФФМ..ако го побарат тоа од мене''-изјави Јонуз,не знаејќи да одговори дали се гледа како ''селектор за експерименти''или како ''селектор за резултати''.
Многу поискусниот селектор на Ирска ,Џовани Трапатони,потоа објасни дека никогаш во животот не напуштил конференција за печат и дека работа на селекторите е да смислат тактика пред мечот,ама и да ја анализираат победата или поразот по завршувањето на секоја средба.Можеби Мирсад Јонуз нешто и ќе научи од својот поискусен колега.Повеќе македонскатата фудбалска репрезентација во фудбал не ја гледам се додека не ги сменат Харалампие и Јонуз и 80 % од играчите шо немат појма од фудбал !!! тешка МАФИЈА..

Friday, June 3, 2011

Откриена е чудна градба на Марс ?!?!?

Дејвид Мартинес го претстави на  You Tube публиката своето неверојатно откритие на кое случајно наишол истражувајќи ги сателитските снимки од површината на Марс во програмата Google Mars.Своето откритие Мартинес го нарекол Био станица Алфа, а тврди дека е голема околу 215 а широка скоро 50 метри. Исто така дава претпоставки и неколку теории за тоа што оваа цилиндрична градба би можела да биде, ама за сега за ова прашање уште нема добиено одговор од NASA, па своите теории неможе да ги потврди.Дали се работи за престаниште за вонземјаните кои патуваат накај Земјата? Иако за сега нема конкретни одговори, импликациите што ова откритие може да ги предизвика се навистина интригантни.Во снимката можете да ги слушнете дел од теориите кои овој ентузијастичен истражувач ги има, а сами пресудите дали некоја од нив има смисла. Со помош на координатите кои ги кажува можете и сами да ја најдете градбата.

Ова се македонските патриотски медиуми...

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135886

 А1 телевизија распали од известување кога грците распалија против Македонија.Некои извори велат дека аргументите против макеоднија грција ги собирала од нив.

Thursday, June 2, 2011

Татковината се сака...

                                                        ТАТКОВИНА



Кога пристигна бродот во таа далечна земја
Тој виде непознат народ поседнат на брегот
И јадри ѕвезди на небото.

Што носи кога го прашаа
Тој покажа врзана шамија со земја
А кога му ја истурија заплака:

-Татковината е тоа,рече тој,и саноќ
грутка по грутка и прашинка по прашинка
ја собираше.                                                               Анте Поповски