Saturday, October 29, 2011

Нова типологија на рубрики во вести


На сите ни е позната типологијата на рубриките, т.е. секциите, во вестите и весниците. Прилозите и статиите набутани во вести од земјата, светот, регионот, политиката, економијата, црната хроника, култура, живот, занимливости, спорт, време, и слично, треба квалитетно да не информираат со тоа што вестите ќе ни ги сервират на (некаков) организиран начин.
Оваа класична типологија се повеќе се покажува како изветреана и надмината: многу вести од хроника се прелеваат во вести од земјата, економијата и сл, вестите од културата ти се полни со политика, вести од светот речиси и да нема, итн.
Затоа овде ќе понудиме една класификација многу поблиска до народот и која попрецизно го доловува овој комплексен процес. Еве ја триделната класификација:
Цццццццц – вести

Тоа се вести кои предизвикуваат ефект на ццкање кај гледачот (според ономатопејата „Ццццц“). Овој тип вести главно се однесува на вести како што се: мајка фрлила дете, болниците без елементарни услови за пациентите, цените на парното, струјата и с(в)е диво покачени за дрн-дрн посто, и така натаму.
Мамичето нивно! – вести

Овие вести главно се однесуваат на работата, активностите и слични тракатанции за и околу политичарите, функционерите, пратениците и другите јавни штеточини. Со ваков наслов гледачите ќе бидат навремено известени за типот на вестите кои следат, што во исто време ќе ги подготви ефикасно да се изнапцујат и испразнат.
Вау – вести

Ова се вести кои треба да предизвикаат восхит, возбуда и други воскликнувачки чувсвта и реакции, од тоа колку ќе чин свадбата на ќерката на Клинтонови до тоа колку освоил некој типац на лото воНезнамсикадеидае.
Тоа е тоа. Веднаш да ги пресретнам коментарите и критиките на нашите уредници на вести за тоа каде да ги сместат некои од честите вести: за провладини уредници кои сакаат да му удоволат на естаблишментот сите вести за нив треба да одат во „вау“ рубриката, за опозиционо ориентираните пак овие вести одат во „мамичето нивно“ рубриката.

Ете, гледате како собираат рубрикиве се што треба :)

Friday, October 28, 2011

Непознати документи - Шатев преку Дедиер го „снимил“ Темпо!


Со доаѓањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо во Македонија се привршува првиот период во развојот на Народноослободителното движење во Македонија, што се карактеризира со идејата за борба за создавање единствен македонски народноослободителен фронт во кој ќе бидат опфатени сите вистински, искрени македонски патриоти, кои биле готови да се борат против германско-италијанските окупатори, како и против великосрпската и великобугарската хегемонија во Македонија
Првите партизански одреди во многу придонесоа да се симне маската на големобугарските „ослободители“ и пред народните маси да се разоткрие нивното крваво окупаторско лице. Македонските партизански одреди на дело се покажаа како заштитници и ослободители на својот народ и татковина. Тие храбро тргнале во борба во името на KПЈ преку која македонскиот народ единствено можел да ја стекне својата слобода и национална независност.

Ова е извадок од ракописите на Павел Шатев, последниот гемиџија и првиот повоен министер за правда на Македонија, што пролетоска од ќерката Милка Шатева преку „Публика“ пристигнаа во Скопје. Станува збор за над 4.000 страници филмуван ракописен материјал, што семејството успеало да ги сочува и да ги депонира во хрватскиот државен архив со дозвола за отворање во 2011 година.

Извадокот е од „Дневникот на Владимир Дедиер“ посветен на активностите на Светозар Вукмановиќ-Темпо за време на Втората светска војна во Македонија и соседните држави. Во документите нема датум кога Шатев ги запишувал забелешките на Дедиер, кој важеше за биограф на маршалот Тито, но најверојатно тоа е направено непосредно по ослободувањето. На крајот од ракописот, означено во заграда, стои „Според разговорите со Темпо и според Сеќавања на Темпо во Развојот на востанието во Македонија“.

Оневозможена мобилизација на Македонците

Ракописот содржи над 20 страници и почнува со доаѓањето на Темпо во Скопје. „Другарот Св.Вукмановиќ Темпо како делегат на Врховниот штаб, заминал за Македонија каде работел и пред војната, во ноември 1942 година. Од Босански Петровац, каде тогаш се наоѓал Штабот, заедно со Свето Kравчич, преку Загреб и Земун стигнал прво во Белград. Таму престојувал во илегалниот стан на Благоја Нешковиќ, заедно со други другари, членови на Партискиот комитет. Потоа, со комесарката Милица Шарач Стругар, заминал за Лесковац. Со неколкумина партиски челници, преку Сурдулица и Врање, патувајќи во првата класа на железницата, во февруари 1943 г. пристигнува во Скопје.

Со доаѓањето на Темпо во Македонија се привршува првиот период во развојот на народноослободителното движење (НОД) во Македонија. Тој период се карактеризира со идејата за борба за создавање на единствен македонски народноослободителен фронт во кој ќе бидат опфатени сите вистински, искрени македонски патриоти, кои биле готови да се борат против германско-италијанските окупатори, како и против великосрпската и великобугарската хегемонија во Македонија. Тој период, потоа, се карактеризира со постојани настојувања за формирање и организирање на партизански одреди, за организирање масовни саботажи и диверзии, со цел да се разурнат главните комуникации во Вардарската долина, што имале суштинско значење за непријателот.

Првите партизански одреди, кои се организираат во тој период, ја развиваат својата дејност по селата во битолската, прилепската, велешката и кумановската околија каде ја разурнуваат железничката пруга во вардарската долина и работат на политичко активирање на македонските народни маси и нивно вклучување во Народноослободителната борба. Тие први партизански одреди имале голем успех попречувајќи ги плановите на фашистичките окупатори за искористување на македонскиот народ како топовско месо за сметка на Хитлер. Принудната мобилизација на Македонците во бугарската окупаторска војска фактички била оневозможена. А, окупаторите биле принудени да доведат големи сили во Македонија за да ја поддржат својата окупаторска власт.

Првите партизански одреди во многу придонесоа да се симне маската на големобугарските „ослободители“ и пред народните маси да се разоткрие нивното крваво окупаторско лице. Македонските партизански одреди на дело се покажаа како заштитници и ослободители на својот народ и татковина. Тие храбро тргнале во борба во името на KПЈ преку која македонскиот народ единствено можел да ја стекне својата слобода и национална независност.

Но,бугарските окупатори преку фашистичкиот печат, на собири и митинзи, ги означувале првите македонски партизани како „српски“ агенти, кои сакаат одново да се врати големосрпската власт во Македонија. Тоа се чувствителни ставови дека во Македонија нема услови за развивање на партизанското војување, дека положбата во Македонија се разликува од положбата во Србија и другите држави во Југославија. Со тоа се целело: да се изолираат партизанските одреди од широките народни маси, да се оддели НОД во Македонија од движењата на останатите народи во Југославија и да се внесе извесна несигурност и взаемна недоверба меѓу борците партизанските одреди и приврзаниците на НОД во Македонија“.

„Kонтрачети“ на Дража Михајловиќ
Во продолжение следува мошне интересен дел посветен на четничкото движење во Македонија, во кој Дедиер, односно Шатев пишуваат: „Во почетокот биле создадени голем број „контра чети“ за борба против партизанските одреди. Тие имале многу одраз и во прво време им создавале многу пречки и проблеми на партизанските одреди. Истовремено, бугарските окупатори, кои ја воочиле опасноста, ги заплашувале србоманските креатори во Азот, Поречието, Српска Црна Гора и Kуманово каде дочекале да се формираат четнички одреди на Дража Михајловиќ. Тоа движење уште во самиот почеток имало предавнички карактер. Неговото раководство имало разбирање со бугарската окупаторска влада за борба против партизанските одреди. Пред тоа, четничкото движење во Македонија не можело да има база дури и во тие србомански села. Тоа во почетокот имало донекаде успех. Освен тоа, голем број од некои надвор, посебно раководни кадри, биле интернирани во логори во Бугарија или се наоѓале во други логори, во затвор.

Во Македонија, кога темпо дошол во Скопје имало неколку искусни другари, кои успеале да се засолнат и да го сочуваат единството во раководството на движењето. Тоа биле Страхил Гигов, Борко Темелковски Лилјакот, Kузман Јосифовски, Бане Андреев, Вера Ацева. Тие денови од логор бил ослободен и Цветко Узуновски, кој веднаш почнал да работи. Во логор биле Л. Kолишевски, Љупчо Арсов, М. Нацева и др. Kако инструктор на ЦK KПЈ тогаш во Скопје работел Добривое Радосављевиќ-Боби. Во Скопје, темпо останал три дена и заедно со другарите правел план за натамошниот развој на ослободителната борба во Македонија. Откако Боби не можел да најде стан за Темпо, тогаш Бане нашол еден интелектуалец каде тој се криел.

Врз основа на насоките добиени од Тито, Темпо решил поголемиот дел од кадрите веднаш да се префрлат од градовите во партизанските одреди по селата. Дотогаш тие биле во градовите и биле изолирани на окупираните територии поради што лесно биле апсени и носени по логори, а многумина биле принудени да ја напуштат Македонија и да заминат во Бугарија.

НОБ покажа дека најдобар пат бил кадрите да заминат по горите, особено боречките работнички елементи, зашто таму имало најдобри услови за развивање на вооружената борба и формирање на партизански единици. Истовремено, Темпо посочил дека најдобри услови за раздвижување на поголеми одреди имало во оној дел на Македонија, што бил под албанска окупација.

И тука во ракописот е поставено прашањето - зошто? Прво, поради тоа што целиот македонски народ таму се чувствувал угнетен од албанските фашисти-балисти, кои го измачувале и ограбувале народот. Второ, италијанската окупациона влада била послаба отколку бугарската. Бугарите насекаде имале жандармериски станици каде имало лица од ВМРО. Трето, тие места биле подобри за водење партизанска војна. Таму требало да се формираат големи одреди и првите македонски бригади, што потоа ќе се насочат кон Прилеп, Битола и Скопје и кон бугарските жандармериски станици насекаде во Македонија.

Поврзување со другите партизани
Истовремено, Темпо кажал дека ќе треба да се пратат одделни другари во грчките делови на Македонија за да се формираат нови партизански одреди. Решено е кон Kожуф и Kајмакчалан да се испрати Лилјакот, со задача да се поврзе и работи со грчките партизани. Друг партизански одред требало да се формира по левиот брег на Вардар. Таму е испратен Тошо Арсов, кој заминал за Плачковица и имал за задача со новоформираните партизански одреди да се поврза со партизаните од Пиринска Македонија. Третата група одреди била предвидена за Kуманово-Kрива Паланка, кои требало да се поврзат со српските партизански одреди од Врањанскиот и Црнотравскиот регион и заедно да се поврзат со бугарските партизански одреди доколку ги има. Предвиден бил еден мал одред во реонот на Битола-Преспанско Езеро. Тој имал за задача да се поврзе со грчките партизански одреди од Буф и Лерин. Освен тоа, требало да се излезе и на Шар Планина со еден македонски партизански одред, кој требало да се поврзе со Kосово и Метохија.

Целиот тој план бил изработен, а за негова реализација биле одредени воени и политички рокови. Таа средба била привршена меѓу 1-20 март 1943 г. по што во Скопје останал само Боби, а останатите раководители се префрлаат на албанска територија. Темпо и Цв.Узуновски заминале за Тетово. Малку подоцна, Узуновски останува да формира партизански одреди, а Темпо, по инструкции на Тито, заминал за Албанија и Kосово и Метохија. Притоа, земал курир Албанец, кој го знаел српскиот јазик. Преку Гостивар, Дебар и Струга, Темпо пристигнал во Елбасан да се сретне со Енвер Хоџа, раководител на партизанските одреди во Албанија.

По еден месец, Темпо се враќа во Македонија, во кичево, каде веќе има формирано еден поголем партизански одред. Заедно со Узуновски и Јосифовски заминуваат за Преспа каде во Гревено за првпат се сретнал со претставник на ЕЛАС. Таму се задржал кратко и повторно оди во Албанија. Во тоа време меѓу Грција и Албанија немало граница. Со почетокот и додека траела Мајската офанзива 1943 г. оди во Тирана, па преку Kорча преминува во Грција. Темпо како претставник на Главниот штаб се сретнал со грчки членови на штабот...

Во натамошниот текст речиси во детали е прикажана активноста на Темпо, неговото постојано движење во Македонија, пиринскиот и грчкиот дел, Албанија, Kосово и Метохија, разговорите со претставниците на тамошните партизански движења, капитулацијата на Италија во септември 1943 година...Но, од исклучително значење е констатацијата дека „цела Македонија е ослободена од наши бригади“. Ракописот завршува со заминувањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо на Вис во времето кога таму веќе се наоѓа Врховниот штаб на НОВЈ и маршалот Тито.

Останува непознато кои биле вистинските мотиви и зошто Шатев го запишал токму овој дел од „Дневникот“ на Дедиер. Дали тоа претставувало еден вид подготовка за некакво полемизирање околу активностите и вистинската улога на Темпо во Македонија, дотолку повеќе што обајцата имале различни ставови за нејзината иднина?!



Во едно интервју направено во јуни 2011 г. на македонската телевизија НашаТВ, македонскиот академик и член на МАНУ Блаже Ристовски разјасни некои лажни дилеми што подмолно од надвор се форсираат во македонската јавност, како на пример за поврзаноста помеѓу античките и денешните Македонци, како и за политичкиот термин "антиквизација".

Monday, October 17, 2011

‎133 години од МАКЕДОНСКОТО (Кресненско) ВОСТАНИЕ

                                                   
‎1878.- Избувна Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. Притоа ја зазедоа касарната и ослободија неколку места каде што беше создадена народна власт. Востанието беше задушено дури во јуни идната година.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ХЕРОИТЕ !!!

                              МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

                          Бугарскиот терор во скопскиот затвор 1941-1944 година

ЖРТВИ НА КОМУНИЗМОТ




                                                      Жртви на комунизмот(епизода 1/7)


 
Солун или Срем (епизода 2/7)

                                 

                 македонскиот автономизам и сепаратизам (епизода 3/7)


Судени за Вмро и Македонија (епизода 4/7)



Вмро Сдрма и Вмро Правда (епизода5/7)



Вмро:Бунт,Илинден,Тренчев-Терзиев(епизода 6/7)


Политичка Емиграција-Драган Богдановски (епизода 7/7)



Документарна емисија во 7 продолженија посветена на жртвите на комунизмот во Македонија

Sunday, October 16, 2011

4 години од смртта на ТОШЕ ПРОЕСКИ




Toшe...Во ЧИЈА СИ сега близина ?И КОЈ ЛИ ТИ ГРИЗЕ ОБРАЗИ,кој УСНИ ТИ БАКНУВА ?Ти си единствената МОРСКА ЅВЕЗДА.За овој свет АНГЕЛ СИ ТИ пратен од бога за да не водиш низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,ти си ПОЛСКО ЦВЕЌЕ кое цветаше и ќе цвета во нашите срца засекогаш.Каква ли МАГИЈА носеше што не водеше сите ПО ТЕБЕ ? АКО МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ќе видиш само НЕМИР и гнев.Во нив веке го нема оној сјај кој го имаше додека пеевме со тебе.Ти знаеше дека СРЦЕТО НЕ Е КАМЕН кој ништо не чувствува ! Зошто ? Зошто не остана да живееш во СОНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ заедно со нас,туку одлета 1 200 МИЛЈИ над нас,а овие 30 години не беа твое КРАЈНО ВРЕМЕ.Зошто остави ГРОМОВИ НА ДУША да не удираат во нашите срца кои сега ќе бидат вечно затворени во СОБА ЗА ТАГА.Нè СЛУШАШ ЛИ Господи ? ИЗЛАЖИ УШТЕ ЕДНАШ дека ова не е вистина,бидејќи сега сите се прашуваме ИМА ЛИ ДЕН ЗА НАС откако замина тој ? ПУШТИ МЕ да навлезам во твојот свет и таму ти ОСТАНИ ДО КРАЈ и ПОБЕГНИ им најдраг мој НЕКАДЕ ВО НОЌТА.Јас тивко ГО МОЛАМ НОЌВА НЕБОТО ДА МИ ТЕ ВРАТИ,но знам дека тоа е ИЛУЗИЈА.Но,токму таму,НА МЕСТО НА ЗЛОСТОРОТ,над гробот твој влажен и студен изникна ЦРЕША.СТУДЕНА и ЛЕДЕНА што само тебе ЛОШО ТИ СТОИ,најсакан мој.ЕХ,ДА СУМ ЗЛАТО па да напишам на крстот твој дека таму мирно спие СИНОТ БОЖЈИ.Сега само ДУШАТА ОСТАНА во неа и стих од СОНЦЕ ВО ТВОИТЕ РУСИ КОСИ која со СОЛЗИ ПРАВИ ЗЛАТЕН ПРСТЕН и се прашува ЗОШТО ОТИДЕ ? Но тоа кобно утро беше ПОСЛЕДНА СКАЛА и ти заспиваше во СОН ЕГЗОТИЧЕН , ДАЛЕКУ ОД МЕНЕ,далеку од сите нас.ТАЈНО МОЈА видена и недопрена,зарем ти НЕМАШ НИ БЛАГОДАРАМ за солзите и љубовта наша ? Но јас...ГО ЛАЖАМ СЕКОЈ НОВ РЕФРЕН дека пред тебе е нова НОЌНА ИГРА,а сепак знам дека КАЗНА МОЈА СИ ТИ.ЅВЕЗДО СЕВЕРНИЦЕ зошто го зеде од нас кога тој ни беше сè и дозволи неговиот ангелски лик да го чува црната земја ?! БОЖЕ ЧУВАЈ ОД ЗЛО таму на небото,бидејќи негова е оваа МЕСЕЧИНА.а дали СРЕКНА ЛИ СИ ТИ светлино светова што го донесе во рајот ? Сега што ? Само РАНИ НА УСНИТЕ и ГРОМОВИ НА ДУША во нас бидејќи нема веќе ДЕН ЗА НАС,а ти си таму УСНИ НА УСНИ со рајот небесен...

Friday, October 7, 2011

Повик за будење


Ако мислите дека се ви е супер во животот и сте 100% задоволни од општеството во коешто си живеете продолжете со среќа да си терате понатаму. Уживајте во вашето незнаење, незаинтересираност и апатичност во вашата илузијата наречена свесен живот. Нели игнорантноста за вас е благослов.
Но доколку мислите дека нешто не е во ред, не само како вие го живеете вашиот живот туку и со општеството во коешто живеете, тогаш можете малку да размислите што треба да промените во вашиот секојдневен живот. Но вие не го сакате тоа, не сте отворени за нови нешта, не сакате ништо ново да научите бидејќи нели се си знаете. Родени сте со знаења и мислите дека не ви се потребни дополнителни знаења.
Но сепак сите луѓе не се незаинтересирани и затворени кон нови нешта. Има и луѓе коишто сакаат нови нешта, коишто сакаат нови информации, кои сакаат да знаат, кои сакаат да променат нешто како во своите животи така и во општеството коешто може нели да се надоградува и развива. Доколку сте од овие вторите, кои се некои 5% од целото човештво, тогаш на право место сте.
Време е да се разбудите. Доста спиевте! Заспани цел живот ви помина пред носот а вие се уште не сте се разбудиле. Се уште не сте ја разбудиле вашата свесност. Не сте ни почнале со вашиот живот а тој веќе отишол.
Разбудете се! За ваше добро се работи.
Бидете вие промената во овој свет, бидејќи светот не може да ве измени вас, вие можете да го измените него.
Промената зависи само од вас, само вие можете да се промените себе си, никој друг не може вас да ве промени ниту пак вие да промените некого.
Станете свесни и знајте што се случува со светот, станете свесни и разбудете се.
Нели само свесниот живот е вреден да се проживее.
Само мал број е на оние луѓе коишто ќе се разбудат, дали и вие ќе бидете едни од нив тоа зависи само од вас и од никој друг.
Доколку сакате да научите нешто ново ова е вистински документарец за вас:
Wake Up Call- New World Order - http://www.youtube.com/watch?v=sLpWpxJl648&feature=player_embedded