ПОЈАВА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ И НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК
Словенската писменост започнува во втората половина на IX век,кога браќата Кирил и Методиј ги превеле првите црковни книги од грчки на старословенски јазик со азбуката глаголица.Тоа е јазикот на кој зборувале македонските Словени од околината на градот Солун.
Старословенскиот јазик е најстар словенски литературен јазик.Тој е пишуван на две сосем различни азбуки:глаголица(38букви) и кирилица(44).
Писменоста во Македонија се поврзува со работата на две книжевни школи:Охридската и Лесновската.
Најстарите зачувани ракописи на старословенски јазик се напишани во Македонија.Сите се пишувани со глаголица.Најпознати од нив се:Зографското евангелие,Асемановото евангелие и Мариинското евангелие.
Македонската азбука,кирилицата,со која денес се служиме,ја изработила Јазична комисија,а ја одобрила Народната влада на Македонија со решение од 5 мај 1945 година.
РОДНИОТ ЈАЗИК
Родниот јазик е бисерен ѓердан
од зборови-плодови сочни,
мислите тие ти ги редат
во слики јасни и точни.
Тој е вруток непресушен,вечен,
низ бистри капки-зборови тече.
Жубори,клокоти,ѕвони,се лее,
ко јасна ѕвезда секој збор грее.
Тој ни е завед од дедовците
како тланикот на огништето.
Чувај го како црнка во очите-
без јазик си никој и ништо.
Видое Подгорец

No comments:
Post a Comment