Friday, April 22, 2011

САПУНИЦА ТЕЛЕВИЗИЈА


За вкусови не се расправа, но може да се разговара.
Кога се појавија шпанските серии, мислев дека ќе завршат како турбофолкот.
Суштината на сапуниците колку што можев да разберам се состои во слични како јајца приказни, во кои неизбежни се дерење, урлање, кубење коси, сплеткарење и интриги, па се до незнаење кој на кого му е тетка, вујко, мајка и брат.
Или како што би рекол Хер Жика – “Тамо се не зна ко кога геребечи“.
Сликовито прикажано




                                                        
За жал (и за нечија среќа) испаднаа пожилави од турбофолкот.Се почна со Касандра, која го зарази светот како вирус и мутираше во шпанско-мексиканск0-турско-индиска неизлечива болест, заради која на тв попладне не може ништо друго да се види.
-

Зошто луѓето сакаат да гледаат едни те исти, мамутско долги, некреативни приказни од кои шпанскиот и турскиот јазик стануваат одбивни?Ако е во прашање желба за романтични филмови,има многу подобри решенија (мое мислење).


                                                

No comments:

Post a Comment