Saturday, December 24, 2011

Жени и географија (ВИЦ)

Помеѓу 15 и 18 години жената е како Кина или Иран. Се развива брзо, има многу потенцијал, но сеуште е затворена спрема странците.

Во период помеѓу 18 и 21 година жената е како Африка или Австралија. Откриена до пола, полудива, прекрасна природа. Нема ни да спомнуваме плодност.

Помеѓу 21 и 30 години таа е како САД или Јапонија. Потполно истражена, многу добро развиена и отворена за трговија, нарочно со земјите со многу пари и автомобили.

Жена на возраст од 30 до 35 години е како Индија или Шпанија, значи многу врела и свесна за својата убавина.

Од 35 до 40 години жената е како Франција или Аргентина. Донекаде уништена за време на војната, но сеуште многу топла. Место кое секој треба да го посети.

Жена на возраст од 40 до 50 години е како Југославија или Ирак. Ја изгубила војната и ја прогонуваат грешките од минатото. Потребна е обнова од корен.

На возраст од 50 до 60 жената е како Русија или Канада. Многу е пространа и тиха. Никој не ги чува границите, но ладната клима ги држи посетителите подалеку.

Помеѓу 60 и 70-тата година жената е како Англија или Монголија. Славно минато, но без иднина.

После 70-тата жената е како Авганистан. Сите знаат каде е, ама нема ама баш никаква шанса некој да отиде таму.

Двајца старци живееја заедно ...

…во пустина многу години и никогаш не се караа. Едниот му рече на другиот: „Да имаме и ние борба како и другите луѓе.” Другиот одговори: „Јас не знам како да се борам.”  Првиот му рече: „Види, јас ќе поставам тула меѓу нас и ќе речам: моја е, а ти ќе речеш: не, моја е, и така ќе почне борбата.” Поставија тула меѓу нив и првиот рече: „Оваа тула е моја.” Другиот одговори: „Не, таа е моја.” – „Ако е твоја земи ја и оди си” – рече првиот. И така, ја дадоа без да најдат повод за спор.

Balto

                                 



Tраење: 74 мин
Производство: Universal, Amblimation
Година: 1995
Режисер: Сајмон Велс
Продуцент: Стивен Спилберг и Стив Хикнер
Композитор: Џејмс Хорнер, Бери Мен
Сценарио: Дејвид Кохен (David Cohen), Елана Лејсер (Elana Lesser), Клиф Руби (Cliff Ruby), Роџер Шулман (Roger S.H. Schulman)
Гласови: Кевин Бејкон (Балто), Боб Хоскинс (Борис), Бриџит Фонда (Џена), Џим Камингс (Стил), Фил Колинс (Мак и Лак), Џек Енџел (Ники), Дени Мен (Калтаг), Роби Рист (Стар), Џулиет Брувер (Рози), Сандра Сирлес Дикинсон (Силвија и Дикси)

             DOWNLOAD: Balto 1 (1995).avi 699MB, Македoнски титлови: Balto.srt

 Го гледав анимираниот Балто, а бидејќи за ова ремек дело не најдов македонски титлови на интернет, деновиве го преведов на македонски.
Балто не е некаков цртан, тој е вистински филм со прекрасно анимирани ликови//карактери. Балто е половина куче – половина волк, и затоа понижуван од другите. Но, како што вели тој во филмот: „од кога тоа е потребно педигре за да помогнеш некому?“
Филмот е направен според вистински настан што се случил на Алјаска, 1925 година, кога во епидемијата од дифтерија помогнале запрежните кучиња кои по невреме успеале да донесат лекови.
Во овој трогателен филм тешко дека ќе ве остават рамнодушни: храброста, љубовта, добрината, чесноста на Балто и Џена, наспроти лукавството, безобѕирноста и ароганцијата на Стил…

Syriana

                                                                                                        





 За филмот „Сириана“ дознав преку eдна промотивна емисија во која, мислам Мет Дејмон, рече дека филмот е на политичка тема, но во централното внимание се конкретни човечки судбини. Насловот Syriana всушност е геополитички термин, со кој CIA ги означува регионите на Блискиот Исток кои се непријателски за САД. Тоа што филмот е малку заплеткан и оптоварен со долги дијалози, не беше единствената причина досега да го гледам три пати. Овој голем политички трилер, на особен начин ги покажува човечките консеквенци на бесната трка по богатсво и моќ. Не содржи никакви сентименталности, а успева да трогне.
Филмот следи три линии на дејства кои на крајот ќе се вкрстат, заради што како слоган на филмот е истакната девизата: Сѐ е поврзано (Еverything is connected).
Тројцата главни протагонисти на приказната се луѓе кои мислат дека добро знаат што прават, а всушност – не знаат ништо.
Ветеранoт на CIA, Боб Барнс, (Џорџ Клуни) добива задача да го убие младиот арапски шеик (Александар Сидиг) – кој не постапува во прилог на САД со нафтениот тендер, но тогаш почнува да ја осознава ужасната вистина за работата на која ѝ го посветил целиот свој живот.
Вториот лик на филмот е аналитичарот и нафтен брокер Брајан (Мет Дејмон), кого неговата фирма го испраќа да ја подготви зделката со арапскиот шеик, но тој преживува семејна трагедија и станува соработник на принцот кој е мета на атентат.
Корпоративниот адвокат Бенет (Џефри Рајт) се судира со морална дилема, обработувајќи го сомнителното спојување на двете крупни нафтени компании во САД, додека за тоа време на другиот крај на светот пакистанското момче (Мазар Манир) заради тоа спојување ја губи работата и лишено од граѓански права, станува жртва на агресивниот ислам.
Сите тројца не помислуваат, каква уривачка реакција можат да имаат нивните постапки врз светот.


                                                     

Wednesday, December 7, 2011

за малкуу .....колку само фалеше ..

                         

                                                   
Штета, за малку, сепак ќе може да остави потомство, само се надевам дека неговиот акутен недостаток на интелигенција нам да се пренесе на поколенијата. Морлок! Ова е како со запалено чкорче да видиш дали има бензин во резеорварот.

 

Бредли Волш, водител на квизот The Chase на ITV, не можеше да се воздржи од смеење на прашањето за германската скијачка Фани Шмелер. Ако знаеме дека на Британците зборот ’фани’ им е еден од имињата за женски полов орган, а шмелер не е далеку од ’smeller’ (smell - мириса, смрди), не е тешко да се погоди што му се моташе во глава...