Friday, April 29, 2011

Свадба ли е, што ли е?

Денешниот ден, е посебен ден, иако многу луѓе тоа можеби не го чувствуваат.


 Зошто, ќе прашате? Затоа што принцот се ожени! Па луѓе, клекнете на колена!! Зарем не е ова уште едно светско чудо кое се одвива пред нашите очи?! Се изначитавме статии колку пати се бакнале, кој од кој имал на себе подобро парче облека и најважно од се’ колку сето ова било елегантно изведено. Единствената замерка е што никој всушност нема ни појма што се случува. Јас мислам дека 99,9% од луѓето (кои не живеат во Британија) не ни знаеја до вчера дека принцот Вилијам постои, всушност не мислам туку сум сигурен, но поентата во целава ситуација е нешто да се врти.
Искрено, ова што го гледам денеска со свои очи е бетер од реално-шоу. Луѓе, дај освестете се. За обичен бакнеж (или два! или сто, ма колку сака нека се!) вреди толку потресување? Или можеби ви се допадна хиерархијата, патем екстремно патетична, која Британците му ја прикажаа на целиот свет. Мислам, искрено: што овој човек Вилијам направил за светот, или НЕ, еве, за Британија за тој да биде центар на нашето внимание во овие дванаесетина (и повеќе можеби) часови, освен што едноставно бил доволно среќен за да се оплоди од татковиот кралски сперматозоид? Јас ќе ви кажам што направил: апсолутно ништо.
Па тогаш, зошто толку потресување? Дали стигнавме до тој степен што повеќе не знаеме што сакаме, туку само што НЕ сакаме, а тоа е секако соочување со реалноста, па поради тоа сите одеднаш се желни да гледаат пренемагања од ваков тип пред малите екрани? Понекогаш се прашувам дали можеби е проблемот до мене…? По се изгледа е.
Денешниот ден, е посебен ден, иако многу луѓе тоа можеби не го чувствуваат…

                                                   

No comments:

Post a Comment