Wednesday, February 23, 2011

МАКЕДОНИЈА,НАША ТАТКОВИНА

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ИМЕ

Македонија се наоѓа во југоисточна Европа, во средишниот дел на Балканскиот Полуостров.Таа е претежно планинска земја прошарана со низини,долини,реки и езера.

ИМЕТО на нашата татковина е многу старо.Првпат се споменува во VII век пред н.е..И понатаму,таа се споменува кај многу писатели во стариот и средниот век,на многу географски карти од минатото,а исто така и во Библијата.Затоа велиме дека Македонија е библиска земја.
''Македонија боговите ја создале затоа никој не може да ја уништи''.Се смета дека нашата татковина го добила името од макос (голем,висок планински) и дон (земја) и значи голема/висока или планинска земја.

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Нашата татковина има долга и богата историја.Историјата на македонија е исполнета со револуции,востанија,војни...Во античко време таа се сметала за силна држава.Во времето на кралот Филип II,Македонија била најсилна држава на Балканскиот Полуостров,а во времето на неговиот син Александар Македонски се протегала на три континента и претставувала светска држава.Подоцна,во средниот век,со дејноста на солунските браќа Кирил и Методиј и создавањето на словенската писменост и кнежевност ,Македонија дала значаен придонес во светкста култура.
Нашите предци ја сакале својата татковина и се бореле за неа.Кревале востанија за ослободување од туѓинска власт.Едно од најголемите и најпознатите востанија во историјата на Македонија било Илинденското востание (1903г.),кога била создадена Крушевската република.
По балканските војни (1912-1913) нашата татковина била поделена на Букурешкиот мировен договор помеѓу соседните земји,Бугарија(Пирински дел),Грција(Егејски),Србија(Вардарски),а населението било подложено на однародување.

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС


Денес живееме во Република Македонија.Таа е создадена на првото заседание на АСНОМ (02.08.1944Г.) И ДО 1991г.беше во составот на Југославија.Од 1991 година Македонија е самостојна и независна држава со главен град Скопје.Во Македонија во минатото живееле,а и денес живеат повеќе народи и етнички заедници.Република Македонија е татковина на Македонците,Албанците,Турците,Србите,Ромите,Власите и на други.Сите тие можат да ја развиваат својата култура,обичаите и традициите на својот мајчин јазик низ образовните,културните и други институции.Затоа велиме дека Македонија е мултикултурна држава.
    

No comments:

Post a Comment