Tuesday, December 21, 2010

На 22 Декември е роден македонскиот поет и револуционер.

Кочо Рацин (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден оосновоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг синоним, Невен Пејко, кое го зеде од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.

ПОЕЗИЈА

Рацин започнува да пишува поезија во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на српскохрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски („Разнеженост“, „Рухнаха се надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“, „Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српскохрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1937 година, по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанскa војна, ќе ја напише „Испанска балада“, а во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“.
Најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.


No comments:

Post a Comment