Friday, October 19, 2012

Најголемите дилери на дрога





  Пабло Ескобар (30 милијарди долари)

Ескобар е лидер на најголемата криминална организација за кокаин.Заедно со останатите основачи на Medellin картелот, прикладно е на врвот на овој список да застане и водачот на најголемата организација за продажба и криумчарење на кокаин во историјата. Celebrity Net Worth пишува дека откако Escobar бил фатен, колумбиската Влада му изградила луксузен затвор наречен La Catedral. Тој успеал да избега во 1993 година, по што бил застрелан во еден од апартманите на Medellin. Кога Escobar би бил вклучен во листата на Forbes за најбогати луѓе во светот денес би се нашол на седмата позиција.

                               Амадо Карило Фуентес (25 милијарди долари)

 Кралот на дрогата во Мексико, Amado Carillo Fuentes, стана глава на Juarez картелот по убиството на неговиот претходник Rafael Guajardo. Fuentes, исто така познат како “Господарот на небото”поради големиот број авиони што ги користел при транспортот на дрогата која ја продавал, во 1999 година беше претставен како еден од најопасните и најмоќните нарко-босови во светот. Fuentesпочинал во мексиканска болница во 1997 година, поради компликации при пластична операција која имала за цел да му го смени личниот опис.

Давуд Ибрахим Каскар (6,7 милијарди долари)

Dawood Ibrahim Kaskar е најбараниот криминалец во Индија. Тој е глава на Индијскиот Синдикат на Организиран Криминал во Мумбаи и се наоѓа и на листата на најбарани луѓе од Интерпол. Неговото богатство се проценува на 6.7 милијарди долари.

 Браќата Очоа (6 милијарди долари)

Тројцата браќа Ochoaсе преостанатите тројца основачи на картелот Medellin во Колумбија, заедно со Carlos Lehder, Jose Gacha  и Pablo Escobar. Сите тројца стигнале до списокот на милијардери на Forbes во 1997 година. Сите тројца се соочиле со затворски казни, и веќе го имаат изгубено своето богатство. Fabio Ochoaе единствениот што сеуште е во затвор, издржува 30 годишна казна во федерален затвор во САД.
 
                                                 Кун Са (5 милијарди долари)

Khun Sa, познат под името “Кралот на опиумот”, поведе цела армија од луѓе да собираат опиум во џунглите на Бурма. Во времето кога бил најмоќен, Sa имал 20.000 луѓе под своја команда, и во тоа време успеал да склучи некои од најголемите зделки за продажба на хероин во историјата. Saумрел во 2007 година, на 73-годишна возраст, според списанието The Economist.

 
                              Хозе Гонзало Родригез Гача (5 милијарди долари)

Jose Gonzalo Rodriguez Gachaе уште еден од основачите на Medellin картелот (сите 6 основачи на Medellinсе наоѓаат на овој список). Gacha, признат како еден од најуспешните нарко дилери на сите времиња, бил убиен во престрелка со колумбиската полиција во 1989 година. Илјадници луѓе биле присутни на неговиот погреб. Во 1988, магазинот Forbes го претстави Gacha во својот годишен список на светски милијардери.
 
                                        Карлос Лехдер (2,7 милијарди долари)

Carlos Lehder, еден од основачите на Medellinкартелот во Колумбија, е германец кој се занимавал со продажба на дрога во Колумбија. Сега издржува 55-годишна казна затвор во САД.
 
 Гризелда Бланко (2 милијарди долари)

Ова е единствената жена која се најде на овој список. Позната била како “Кумата на кокаинот”, се работи за безмилосен член на Колумбискиот Medellinкартел во текот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите. Беше убиена во септември оваа година од страна на “луѓето на мотори од Колумбија”.
 

 
                                                Ал Капоне (1,3 милијарди долари)

Основен извор на парите на овој гангстер роден во Brooklynе биле шверцот на дрога, проституција, коцкање... Caponeбил многу влијателен во редовите на мафијата во Chicago. Во 1931 е осуден на 11 години казна затвор. Во времето на неговата смрт во 1947, се проценува дека Al Capone “тежел”околу 1.3 милијарди долари.


Wednesday, August 22, 2012

КОЈ БИЛ СПАРТАК ?



Спартак бил лидер на Гладијаторските војни против Рим (73-71 г.п.н.е.). Тој бил Тракиец, кои служел во римската војска. Станал разбојник и кога бил фатен бил продаден како роб.
Побегнал од гладијаторската школа, каде што сите заедно со другите гладијатори почнал да планира востание, и изградил камп на планината Везуф, каде што му се придружиле селани и други одметнати робови. Со армија од 90.000 војници тој освоил поголем дел од Јужна Италија победувајќи два конзула (72 година). Ја повел армијата на север во Цасалпска Галија, каде што сакал да ја распушти, но тие одбиле да заминат, преферирајќи да продолжат со борбата.
Враќајќи се на југ пробал да ја освои Сицилија, но не можел да организира премин. Легиите на Марко Лициниј Крас ја пресретнале робовската армија во Луканија и ја победиле, а Спартак загинал во битката. Помпејската армија ги пресретнала и убила сите оние кои се обиделе да побегнат на север, а Крас паспнал 6.000 заробеници долж апенинскиот пат.

                                                              
 

Thursday, August 16, 2012

БЕЗ КОМЕНТАР



Оргиналот во Париз


Емитацијата во Скопје
                           

Wednesday, August 15, 2012

Најкратката војна



Англиско- занзибарската војна се водела помеѓу Обединетото Кралство и Занзибар на 27 август 1896 година. Траела само 38 минути и е најкратката војна во досегашната историја.

Војната избила по смртта на султанот Хамад бен Туваини, кој соработувал со британските колонизаторски власти. Умрел на 25 август 1896 година, а неговиот внук Халид бен Баргаш ја превземал власта со државен удар. Британците во таа ситуација го посакувале за наследник Хамуд бен Мухамед, бидејќи верувале дека со него полесно можат да соработуваат, па затоа на Баргаш му доставиле ултиматум за абдикација (своеволно повлекување од престолот). На тоа тој одговорил со собирање на војска од околу 2800 војници и ја подготвил султановата наоружана јахта. Додека неговите луѓе ја поставувале одбраната околу палатата, Британците го нападнале со 5 воени бродови , а на копно испратиле одред маринци кои требало да дадат подршка на околу 900 занзибарски војници лојални на британските колонизатори.

Околу 9 часот наутро, британците отвориле оган и за околу 38 минути го срушиле отпорот на Баргаш. Баргаш побегнал во германски конзулат каде побарал азил.

Во војната загинале околу 100 војници од занзибарската војска лојална на британските колонизатори и околу 500 војници од војската на Баргаш.

                                                       

Роден на денешен ден, Наполеон Бонапарта



Идниот цар на Франција е роден на Корзика на 15 август 1769 година, како син на Карло Бонапарта Марија Латиција Рамолино. На малиот му дале име Наболионе ди Бонапарте, а дури подоцна ќе стане Наполеон, со француски призвук.
Татко му бил адвокат и благодарение на тоа што работел како тужител и судија во француската управа бил избран за корзикански претставник на дворот на францускиот крал Лук Шести и така стекнал грофовска титула. За одгледувањето на малиот Наполеон се грижела мајка му, била решителна и строга и силен лик во неговото детство. Бил многу немирно дете, рано научил да плива, уживал да се качува по дрва и да се тепа со другите деца, па не чуди што го викале Рабулионе (Немирко). На пет години тргнал во училиште, а веќе во 10та станал стипендист на кралскиот колеџ во Аутун, источна Франција. Потоа се запишал во француско воено училиште. Бидејќи дома зборувале корзикански морал да научи течен француски, иако целиот живот ќе зборува со корзикански акцент. Во 1784 година е примен во угледната Кралска воена школа во Париз каде двегодишните студии ги завршил само за една година. Веднаш добил полковнички чин, и веќе во 1786 година ги презел своите воени должности. Тогаш имал само 16 години!
Се до избувнувањето на Француската револуција живеел на југот на Франција прилично сиромашно и без изгледи за промени во статусот. Многу читал а и пишувал на различни политички теми, но и за животот на луѓето.Кога старото француско кралство е растресено до темел, Наполеон се враќа на Корзика, а таму активно учествувал во политичкиот живот на островот. Станал наредник на одредот на доброволци, но во април 1793 година морал да избега од Корзика заради споровите со локалните моќници. Но во јули, веќе е во војска која се бори во Италија, а потоа е испратен во Авињон, каде што е ранет. Сепак градот го освоиле и Наполеон е унапреден во генерал на бригадата. Се поврзал со револуционерниот водач Робеспјер, а по падот на Робеспјер вратен е на првобитната положба и повторно немал шанси за напредување. Следните месеци ги поминал во беда. Но во 1795 година кога на почеток на октомври поддржувачите на монархијата почнале оружен напад во Париз, Наполеон е назначен за водач. По големиот успех во Париз стекнува голема слава и наклонетост на новата револуционерна влада. Така станува генерал, а подоцна и главен водач на војската во земјата.


Во војните против Австрија, се покажал во вистинското светло, а заради неговиот добар однос го сакале и најобичните војници. На чело со Барас, Наполеон полека успева да ја преземе потполната власт над Франција. Како генерал бил незаситен па продолжил со освојувања, следува воениот поход на Египет за да го отежне поминувањето преку Индија на англиската војска, а во тоа време Англија ѝ била главен непријател на Франција. Иако акциите во Египет може да се наречат воен и политички неуспех, во културна и научна смисла тоа не било така. Научниците и писателите што ги понел со себе оттаму се вратиле како победници, а знаењето го објавиле во 22 книги „Египетски описи“, дело што останува темел на следните генерации за изучување на египетската цивилизација. Во октомври 1799 година се вратил во Париз а народот во него гледал како победник, како човек што донел мир во Европа. Но тоа било погрешно. Не сакајќи на Директориумот да му ја препушти заслугата за воспоставување на мир, Наполеон се поврзал со поборниците за државен удар. Во овој заговор му помогнал и брат му Лусиен. Така набргу ја презел комплетната власт во Франција, станувајќи прв конзул. Со крајот на Француската револуција положбата на Наполеон уште повеќе се зајакнува и тој станува доживотен прв конзул. Во Франција го средил образованиот систем, даноците, основал централни банки, составувал напредни закони… Секако не го запоставил ниту военото поле, ја нападнал Австрија во 1800 година, а таа поразена потпишала примирје. Склопен е и мировен договор со Англија. Во договор со папата Пио Седми Наполеон се крунисал на 2 декември 1804 година во Нотр Дам во Париз за цар на Франција. Потоа со царската круна ја овенчал и сопругата Жозефина. Кон крај на мај 1805 и во миланската катедрала се крунисал за крал на Италија. Овие постапки на „самокрунисување“ ги разлутиле неговите пријатели, меѓу кои и Бетовен, кој својата Трета симфонија сакал да ја посвети на Наполеон, но од тоа се откажал.

Жозефина

 Суетниот Наполеон не се грижел многу за туѓите мислења и никого не слуша, па и покрај советите да не влегува во војна со Русија сепак во 1812 ја повел својата огромна војска во напад на Русија. Тој потег бил почеток на крајот за него. По страшниот пораз во Русија по кој останал само со 30.000 војници против него во ист период војувале Прусија, Англија и Русија. На 6 април 1814 година Наполеон потпишува дека се одрекува од престолот. Но противниците не барале ништо помалку од тоа што тој го барал од нив – потполна и безусловна победа. Така Наполеон потполно е покорен на 11 април 1814 година, напуштен од сите, и го преселиле на островот Елба. Но само по 10 месеци тајно ја напушта Елба и се враќа на француското копно, бил дочекан кај Гренобл од петтата бригада на која и се обратил – Војници, препознајте ме, секој кој од вас сака да го стрела својот цар нека го направи тоа веднаш! Војниците пак по краткиот молк по стара навика извикале – Да живее царот! И веќе на 20 март истата година (1815) царот бил назад во Париз, а кралот Луј 18 побегнал. Започнале 100 дена на Наполеон.
 Веста за неговото враќање се проширила низ Европа како пожар.

гробот на Наполеон во Париз

Неговите непријатели одлучиле еднаш засекогаш да го докрајчат. Одлучувачката битка е водена кај Ватерло (Белгија), Наполеон најпрв о ги победил Прусите, а потоа ги нападнал Англичаните. Но кога Прусите и Англичаните си ги споиле силите против Наполеоновата војска, следувал пораз. Победничките сојузници 2 јули влегле во Париз, а Наполеон официјално предавање потпишал на 15 јули 1815. Прогонет е на островот Света Хелена во јужниот Атлантик, сместен во трошна куќичка и бил чуван од голема војска. Без пари. Првите неколку години многу пишувал, ги собирал сите свои сеќавања, критикувал… И воопшто не излегувал од куќата цели две години. Полека го напуштало здравјето. Умира на 5 мај 1821 година, а неговите последни зборови биле – Франција, војска, Жозефина…
Кратко пред смртта го замолил докторот да го однесат неговото срце во Парма и да ѝ го дадат на неговата драга Марија Луиза со порака дека никогаш не престанал да ја сака. Сакал да биде погребен покрај Сена во Париз, но сепак е погребен на Света Хелена, од каде што неговите посмртни остатоци се пренесени во Франција дури во декември 1840 година.

Saturday, February 11, 2012

НЛО-а во Југославија







Убавините на Пелистер


Планинскиот масив Пелистер е типичен хорст издигнат долж повеќе раседи кои го одделуваат од Пелагонија и Преспанската котлина. Денешното издигнување на масивот изнесува 6 милиметри годишно. Со оглед на тоа што примарната структура на Пелистер претставува батолит, голем дел од карпестите маси се претставени со магматски карпи, пред се гранити и гранодиорити.


 За да ги доживеете со свои очи убавините на Пелистер потребна ви е желба и пред се добра кондиција. Мојата омилена тура започнува од Нижеполе. Тоа е село сместено во подножјето на планината, до каде можете да стигнете со возило. Од тука патот, води низ терен без шумска вегетација, а попатно има по некое изворче за да ја изгасите жедта. По околу 2 и пол часа пешачење и искачени повеќе од 1.000 метри висинска разлика, пред вас ќе се појави прекрасното Големо Езеро, сместено во еден цирк. Според постанокот ова е глацијално езеро и е резултат на плеистоцената глацијација која ги зафатила овие простори. Со оглед на големата надморска височина (2.200 метри) не ретко можете да сретнете снег и мраз дури и во летните месеци јуни и јули. Веднаш до самото езеро се наоѓа планинарски дом, кој воедно е дом на најголема надморска височина во Македонија. Ноќевањето на ова место претставува посебно доживување.



Турата продолжува рано наутро, а следна цел е врвот Пелистер (2.601 м.) до каде се потребни околу 3 часа пешачење. Патеката кон врвот води по сртот, се минува над еден фосилен цирк и следи Малото Езеро. Димензиите и длабочината на ова езеро се значително помали споредено со Големото, а водата е нешто потопла. И конечно врвот Пелистер или “Антена” како што милуваат да кажат битолчани, а и името Димев врв (по Димитар Илиевски – Мурато, легендата на македонското планинарење и првиот македонец кој го освоил врвот на светот) е често употребувано. Од самиот врв има што да се види. На едната страна ја имате цела Пелагонија на дланка, а од другата страна Преспанското езеро со Галичица во позадина. Долго задржување на врвот не е препорачливо, па така по малиот одмор и пауза за ручек се тргнува во правец на планинарскиот дом Копанки. Делот од патеката кој води по сртот е по малку опасен и треба многу да се внимава, а движејќи се по голите карпести маси од гранодиорити се минуваат врвовите Илинден и Стив. На овој дел од масивот се забележуваат камени реки, значајна периглацијална појава која на Пелистер е мошне репрезентативна и претставува реткост за Балканскиот полуостров. Спуштајќи се кон Копанки, некаде под 2.000 метри надморска височина започнува и шумската вегетација – претставена со петоигличниот бор Молика. Од врвот до овој планинарски дом (на околу 1.600 метри н.м.в.) има не повеќе од 4 часа. Овде е предвидено второто ноќевање. Овој планинарски дом е на прекрасна локација, опкружен со шуми, а условите во домот се солидни. Кога домот е полн, секако и дружбата во вечерните часови е неизбежна, па сите се собрани во салата и дискутираат на најразлични теми, гледаат ТВ или едноставно уживаат во планинскиот чај.




Наредниот ден турата завршува, а такси за Битола можете да фатите од пред хотелот “Молика” кој е оддалечен 25 минути пешачење од домот, а секако оние кои сакаат уште да пешачат и да заштедат има можност да се спуштат до селото Магарево, кое се наоѓа во подножјето на Пелистер.

Овој национален парк е воедно и еден од најубавите предели во Република Македонија, секогаш интересен како од географски и биолошки аспект така и за планинарите, љубителите на природата, скијачите… Ако некогаш имате можност да го посетите Пелистер не се двоумете, затоа што само така можете да ги запознаете убавините на Македонија.

Како се складира нуклеарниот отпад ?


Радиоактивност е својство на некои врсти на атоми да ja променуваaт нивната атомска структура и притоа да емитираат енергија во вид на зрачење. Таа промена се нарекува радиоактивно зрачење. Кога се зборува за опасностите од зрачењето обично се мисли на јонизирачкото зрачење. Тоа е зрачење кое има доволно енергија за да се јонизираат атомите во телото. Како резултат на тие јони се нарушуваат биохемиските процеси во клетките , кои можат да доведат до пореметување во нивното функционирање и споделување и со тоа да се дојде до една сериозна болест како што е ракот. На јонизирачко зрачење обично се подразбира α, β, γ и х зраците, космичките зраци и неутроните.


За да се спречи ослободувањето на радиоактивноста од нуклеарните централи каде што се применува оваа многу опасна материја, треба да се предвидат низа заштитни мерки. Човекот мора да мисли на таканареченото трикратно осигурување кое ќе ја оневозможи радиоактивноста. Заштитните уреди и бетонската купола не треба да се сметаат за конечни мерки за заштита. Стручнаците ќе мораат да изнајдат други сигурносни мерки со цел да не се пофторат катастрофите до кои дојде во последните децении. Се разбира и нуклеарните централи имаа свој век на траење. Се смета дека тие можат да траат 20 до 40 години. Се поставува прашањето како тие ќе бидат конзервирани, зошто радиоактивните материи имаат способност да здрачат и илјада години. Покрај тоа треба да се реши прашањето на складирање на отпадните нуклеарни материи
.                 
                                                                                           
 Сега тие се складираат во посебни бетонски или лимени сандаци кои се пуштаат во морските длабочини или во подземните простории. Нивното зрачење е мошне ризично за околината не само за нашите генерации туку и за генерациите што доаѓаат. Иако некои земји не поседуваат атомски или нуклеарни централи и други нуклеарни постројќи, тоа не значи дека се ослободени од радиоактивното зрачење. Најголемиот број на нуклеарни централи се сместени во Западна Европа, Северна Америка, Јапонија и во други земји. До осумдесетите години во светот имаше околу 350 нуклеарни електрани, во градба се уште 217, а се планираат уште околу 140 нуклеарни централи.

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

 извор:  http://www.igeografija.mk

Wednesday, January 4, 2012

5 Јануари денот на Свети Наум Охридски




Петти Јануари во манастирот “Свети Наум Охридски“ се прославува во чест на Преподобен Наум Охридски Чудотворец.
Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 - 23 декември 910), бил средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.
Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.


Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Бугарија, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.
***********************************************
Св. Климент и Св. Наум Охридски 




Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св. Климент и св. Наум во Охрид ќе беше речиси загубено и незамисливо мисионерското дело на Светите Браќа. Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност била цврсто поврзана со вистинското сестрано христијанизирање на македонците, како и основањето и организирањето на првата македенска епископија во Охрид и областа Кутмичевица. Свети Климент продолжи со преведувањето на светите книги на јазикот на македонците и го основал Охридскиот универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, и ја нарекол кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски. Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони. Голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај повеќето славјански народи, како кај : бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и кај други народи кои имале сличност со славјанскиот јазик. Во 893 година Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари со право се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров. Тогашната Бугарска црква, која била организирана по покрстувањето на Бугарите во 864 година, имала латински висок клир.


Свети Наум Охридски


По враќањето од Велика Моравија, Свети Наум бил задржан од бугарскиот кнез Борис во манастирот св. Архангел кај Плиска. Таму бил проповедник на христијанството на славјанскиот јазик седум-осум години. Дури, кога Свети Климент е избран за епископ на Дремвицко-величката епархија, тој го условил прифаќањето на ова високо црковно достоинство со доаѓањето на Свети Наум во Македонија за свој соработник. Барањето на Свети Климент царот Симеон, кој што дошол на Бугарија по кнезот Борис, во 893 година го исполнил. Свети Наум по враќањето во Македонија се оддал на испоснички и монашки живот. Го изградил манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од Охридското езеро - од манастирот св. Пантелемон, во кој служел свети Климент. Овој манастир е изграден во 895 година, а го осветил Свети Климент. Тогаш Свети Наум прима монашки чин. Манастирот подоцна е посветен на него и го носи и денес неговото име. Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка и друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на македонско-славјанската литература и култура. Познат е како голем молитвеник, духовен учител и раководител на монасите. Се смета за основоположник на мастирскиот и монашкиот живот во Македонија и пошироко. Свети Наум бил погребан во својот манстир. Тука и денес се наоѓаат неговите свети мошти. И по својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и чудотворец. Неговите свети мошти се чудотворни. На гробот во манстирот Свети Наум, во Охрид, се случуваат чуда. Светителот и денес му помага и му прави добрини на својот македонски народ и на сите кои со вера му се обраќаат. Лекува болни од разни болести, особено од душевни. Црковната и просветителската дејност била високо оценувана и длабоко почитувана од свештенислижителите и од верниците, така што кон крајот на Џ век Свети Климент и Свети Наум се канонизирани за светители. Не случајно денешната обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква се нарекува Светилкиментова и го има Свети Климент за свој молитвеник и патрон.


Книжевна дејност на Свети Климент Охридски 


Точниот број на сите дела и поученија на Свети Климент уште не е востановен. Тие ни денес не се собрани во еден зборник: ги наоѓаме во преписи од XII и XIII век, на кои често како автор се наведува Свети Јован Златоуст, иако според содржината, јазикот и стилот може да се препознае дека автор е Свети Климент. Највероватно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод - богослужбената книга, во која се содржани црковните песни кои се пеат од велигден до Педесетницата. Постои веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј.


Охридска книжевна школа


По смртта на Свети Климент и Свети Наум книжевната школа ја продолжиле нивните ученици. Тие главно се занимавале со препишување на творбите на светите учители. Многумина од нив останале анонимни, меѓу кои се и составувачите на житијата на своите учители. Ова го навестува анонимниот биограф на Свети Наум во Првото житие, каде се вели дека по наредба на Деволскиот епископ Марко, се Зафатил со пишување на житијата на охидските светители и просветители. А по повод годишнината од смртта на Свети Климент еден друг автор составил Служба, мошне поетска, која претставува ретко убав споменик на нашата книжевност во овој ран период. Меѓу непосредните ученици на Свети Климент и на Свети Наум е Константин Презвитер, подоцна епископ Преславвски. Тој е познат по неговите творби ,,Азбучна молитва,, и ,,Проглас кон Светото Евангелие,,. Негови се и делата ,,Поучно Евангелие,, и преводите на четирите слова против аријанството од Свети Атанасиј Александриски. ,, Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски,,и многу дриги. Черноризец Храбар е исто продолжувач на делото на свети Климент и свети Наум. Негови дела се: ,, О писменах,, кое е апологија на македонската писменост, каде ја брани македонската азбука и го заштитувал македонското културно дело. Тој напишал уште ,, Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле незнабошци. 

Tuesday, January 3, 2012

КОЛЕДЕ


Наближува Коледе и денот на раѓањето на Спасителот.
Да го пречекаме достоинствено,
да го прославиме и да го воспеваме како што доликува за Царот.
Да не го радуваме непријателот со старата Коледарска со толку несоодветен текст, со кој Го жалостиме Бога.
Еве го пак мојот предлог за новата коледарска песна.








Сведоштвата на Груев,Сандански и Петров за убиството на Гоце Делчев



Што за загинувањето на Гоце Делчев велат неговите соборци од тоа време, меѓу кои се и Даме Груев, Ѓорче Петров, Славејко Арсов, Михаил Герџиков? Може ли од нивните спомени, запишани Љ. Милетиќ (штипјанец, кој бил најревносниот запишувач на сеќавањата на македонските револуционери и еден од најзаслужните што тие нивни спомени воопшто се запишани) да се извлече заклучок што всушност се случило во деновите пред 4 мај 1903 година? Дали навистина Делчев бил предаден, од кого и кои се причините за тоа? Приказната, се чини се врти околу решението на Солунскиот конгрес на ТМОРО за кревање на востание во Македонија и обидот на Делчев да ја спречи реализацијата на тоа решение. Даме Груев и Ѓорче Петров не се сомневаат дека станува збор за предавство. Даме Груев дури споменува и од кого е извршено тоа предавство, иако, се чини, неговата приказна не може да најде поткрепа. Зошто тоа е така? Но, да видиме што всушност тие самите кажувале за ова.
СEЌАВАЊАТА НА ГРУЕВ:
Во своите спомени, Даме Груев за настаните од тие денови вели:

‘Ме пуштија пред Велигден во 1903 година. Се вратив во Солун слободен. Затеков веќе донесено решение за востанието. Гарванов беше претседател на Централниот комитет. Ми ги објаснија причините за да се прифати тоа решение. За кревање на востание се изјаснил и Чернопеев. Струмичкиот претставник бил за, одринскиот, исто така. Луѓето, гурбетчиите, веќе се беа вратиле од Цариград, дома во Македонија, беше доцна да се премислуваме. Во Солун дојде Делчев. Изнесува приговори. Главно сметаше дека Серскиот санџак е сосем без оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе ни биде доставено потребното оружје преку специјални добавувачи. За тоа ќе го испратиме Гочев, се надевавме дека пак направо по море ќе бидат дотерани пушки од Грција, сметавме на една набавка од 1.000 пушки. Делчев се успокои. Тој тргна со намера да ја среди работата со канал за Св. Гора, од каде требаше да поминува оружјето за Серско и после да се врати во Кукушко, каде некои се беа изјасниле за врховисти. За неговото убиство узнав во Смилево, на Конгресот. Јас тргнав едно два дена по заминувањето на Делчев и се задржав во Битола едно два дена. Делчев бил поткажан во Брод и од касиеринот (благајникот).

Тоа се зборовите на Груев. Како што ќе видиме подоцна, има некои разногласија околу тоа дали се навистина било така како што Груев му раскажувал на Љ. Милетиќ. Спорно е дали навистина предавник можел да биде балгајникот на Организацијата од Брод, бидејќки ова село, односно гратче, воопшто не се наоѓало на патот од Солун до Баница, па малку е веројатно дека некој благајник од такво место можел воопшто да знае каде ќе се движи Делчев. Ако тоа е така, тогаш прашањето е зошто Груев згрешил? 
САРАФОВ, САНДАНСКИ И ГЕРЏИКОВ:
Јане Сандански
Ни Јане Сандански не е многу поречит за овој настан. Тој вели дека дознал за убиството во Софија и тоа е се од него. Нешто поопширен е Михаил Герџиков, човек задолжен за организацијата во Одринско. Во спомените, во врска со загинувањето на Делчев и неговите тоагшни релации со останатите членови на ЦК вели:

‘На крајот од април поголем дел од четата веќе беше во с. Гергебунар. Таму узнав за убиството на Делчев (беше убиен на 22 април), ни пишуваа од Софија... Тој беше мојот идол. Поради неговиот авторитет есента 1902 година ја напуштив Македонија и како полономошен на ЦК својата дејност ја пренесов во Одринско... Јас и Делчев бевме за терористичкиот начин на делување, а не за општо народно востание. Со него се договоривме да направиме обиди - атентати по пругата: тој во Ангиста,а јас во Синеклиј. И двата пункта беа во средината на турско и грчко население во Македонија и Одринско. Со тоа сакавме да го сочуваме населението од пустошење, а Организацијата од растројство. Таквата тактика ги доведува во опасност четниците, додека пак востанието го изложува народот. Во тоа е суштинската разлика меѓу помеѓу терористичкиот метод и методот на ЦК за општонародно востание.’

Понатаму, во своите спомени Герџиков уште еднаш се навраќа на убиството на Делчев и додава:

‘На 22 април 1903 година, Делчев беше убиен. Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата на Солунскиот конгрес. Освен тоа, ЦК го придоби на своја страна Сарафов, а и Даме Груев. Последниот самиот попадна под влијание на првиот. Тој му допушти на Сарафов слободно да заседне во неговиот реон во Битолско, што го сметам за голема грешка на Даме. Неговото зближување со орудието на кнезот Фердинанд доведе до конгресот во с. Смилево, кој донесе решение востанието во З. Македонија да се подигне на 20 јули 1903 г. Од големите подвижни дејци, само Сандански не се приклони кон решението на Солунскиот конгрес.’

Тоа се зборовите на Герџиков. Од нив може да се заклучи следното: дека Гоце е во сериозен судир со членовите на ЦК кој далеку го надминал нивото што може да се сфати од сувопарните историски реченици со кои досега тој судир бил опишуван; дека тој го преферирал терористичкиот метод на војување, а не општо востаничкиот, затоа што сметал дека така нема да се постигне целта, а народот ќе доживее страдања; дека Даме Груев бил под влијание на Борис Сарафов со кого Делчев имал повеќе ладни отколку топли односи; и клучната реченица на Герџиков дека судбината отстранила една голема пречка во борбата да се спроведе решението за востанието. Пречката е Делчев, а прашањето дали Герџиков навистина ја обвинувал судбината за тоа или мислел на нешто друго, Милетиќ не ја расчистил. Како што тоа не го прави ни македноската историја која досега не дала дефинитвен одоговор на прашањето за условите кои довеле до загунувањето на Делчев, па Михајло Миневски, во книгата 100 години ВМРО вели дека ‘се смета дека се работеше за предавство, што документирано не епотврдено’. Но, впечаток е дека Герџиков не е сосема искрен кога ги споменува прстите на судбината. Ако, таа не виновна, тогаш кој е предавникот и дали тој навистина е благајникот од Броди или можебис е наоѓа во редот на самиот ЦК, односно меѓу оние кои на чело со Иван Гарванов (ликвидиран во 1907 година заедно со Сарафов по наредба на Јане Сандански) биле упорни во идејата за кревање на востанието?
СЛАВЕЈКО АРСОВ:
Илинденскиот војвода Славејко Арсов-Ресенски, роден во Штип 1878 (загинал 1905 г.), симпатичен, тивок и деликатен човек, како што го опишува Љ. Милетиќ раскажувал:
‘Кон крајот на декември во Солун се собрал Конгресот на кого битолскиот вилает го претставувал Лозанчев. Нас во Ресенско и лично мене со ниеден збор не не прашаа што мислиме за востанието. Не знаевме дури дека имало конгрес во Солун, мислевме дека е обично собрание... На Смилевскиот конгрес решението за востание од Солун се осудуваше... но моравме да се покориме... Прилепчани и крушевчани беа против востанието’ (на конгресот присуствува Карев, н.з.)

Причина за ваквиот став е слабото вооружување. Така, ресенскиот округ со кој раководел Арсов се сметал за еден од подобро подготвените, а всушност имал само 960 пушки. Охрид бил највооружен со околу 1.400 пушки. Кога се имаат предвид овие бројки и кога ќе се знае дека сите окрузи, вклучувајќи ги и тие што имале пушки, оскудевале во патрони, односно муниција за пушките, јасно е всушност зошто голем дел од нив биле против востанитеото и во крајна линија, зошто Делчев ја предводел таа линија. Но, интересно е токму тоа што го вели Арсов: ‘Моравме да се покориме’. Делчев бил единственот што според сведоштвата, не сакал тоа да го стори и се надевал дека ќе успее да издејствува поинаква одлука. Значи или откажување на решението за востание или негово преквалификување во борба во која ќе доминира тероризмот и партизанскиот начин на војување така како што тоа го замислиле со Герџиков - ненадејни удари врз турските сили, по можност таму каде што нема посериозна опасност за месното население.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
Во оваа насока се и спомените на Ѓорче Петров, кој самиот си извел заклучок дека станува збор за предавство на Делчев, индиректно посочува и на причините за предавството, а предавниците ги лоцира во ‘шпиони блиски до нашите луѓе во Солуна’. Еве што тој всушност раскажал откако Делчев кој бил со него во Бугарија, тргнал за Серскиот округ, а оттаму за Солун:



‘Тој дефинитивно беше разочаран од Матов и Татарчев и пред тргнување ме молеше да го задржам Пере и заедно да ги убедиме да не отидат предалеку. Таму, кажа, дека за решенија ќе се сметаат само тие што се донесени заедно со мене и со Пере. Беше разочаран и од солунските дејци и од Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него уште имаше надеж, но замина загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Таму веднаш го оставиле сам со Даме, кој 2-3 дена го држел во една соба при себе и се мачел да му го разбие уверувањето против востанието. Даме всушност само го зголемил неговото разочарување, како што Делчев се исповедал пред Перо Јаворов и други, со кои подоцна се сретнал во Серско. Тој дух на очајување се гледа и во едно писмо до мене во кое ми велеше дека ништо не може да се направи и дека ќе отиде во Сертско ‘за да си го среди мислите’. Во Солун всушност му кажале дека тој има мисија да ги убеди другарите од Серско за востание и дека треба да го организира востанието таму. Поради тоа Делчев решил да свика конгрес на војводите. Јане Сандански беше испратил чета да го пресретне во Серско поле и да го одведе во планините.
Клучно е дека Делчев бил откриен во Солун и бил следен до Сер. Бившиот бугарски офицер, помакот, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија, тогаш началник на жандармеријата во Драмско бил задолжен од Солун, бидејќи го познавал Делчев, да го најде и да го убие. Штом Делчев го напуштил Сер, веднаш го открил. Селото Баница е час и половина од Сер. Во Солун не успеал да го фати, исто така и во Сер. Во Солун имало некои шпиони, блиски до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Во Солун се донесува решение за востание. Гарванов и Думев доаѓаат тука, а еден министер, не се сеќавам кој, ми кажа дека од турски заробеник, од турскиот комесаријат знаеле дека Гарванов и Думев ќе дојдат тука. И тие навистина дојдоа. Затоа, дозволувам да се заклучи дека предавството на Делчев било извршено во Солун. Јас бев тука кога слушнав за смртта на Делчев. Ужасно бев поразен. Ја криевме смртта извесно време.

Пред да загине, кај Делчев се беше развило едно расположение кон атентати. Јас тоа го толкувам како резултат на разочарувањето за иднината на организацијата. Тој со своето влијание веднаш создаде силно расположение во таа насока. Толку силно што Матов, Татарчев и другите не можеа да се спротивстават на тоа, а согласно решението од Солун требаше да дејствуваат. И јас не му го одобрував атентаторството, оставајќи ги атентатите за подоцна, кога востанието ќе почне. Но, Делчев беше незадржливо вовлечен на тој пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата во нашата програма. Главно се воодушеваше од атентати извршени на мостови и железнички пруги. Под такво влијание, неколку чети заминаа. Освен Делчевата чета, друга замина за Одринско, трета за Скопско. Беа извршени неколку обиди, колку да докажеме дека се уште не сме способни за таа работа. Количеството од внесените бомби и динамит беше огромно, а резултатите ништожни. Просто, се покажавме неспособни’, раскажувал Ѓорче кој и подоцна не го сменил своето мислење за предавството извршено од ЦК .

Одлука на Генералното собрание на ООН




 Одлука со која Македонија е примена како 181 рамноправна членка на семејството на народите.

Писмото на Методија Шаторов


 

Во писмото Методија Шаторов - Шарло ги повикува сите македонци и останати националности да се обединат,не да се делат,и сите да станат заедно против бугарскиот фашистички окупатор.

Владетели од Македонија

                           


   Династија Аргеади

Каран 808-778 п.н.е

Кoeн
Тирима
Пердика ПРВИ 700-678 п.н.е
Аргoј ПРВИ 678-640 п.н.е
Филип ПРВИ 640-602 п.н.е
Аероп ПРВИ 602-576 п.н.е
Алкет ПРВИ 576-547 п.н.е
Аминта ПРВИ 547-498 п.н.е
Александар ПРВИ 498-454 п.н.е
Алкет ВТОРИ 454-448 п.н.е
Пердика ВТОРИ 448-413 п.н.е
Архелaј 413-399 п.н.е
Кратер 399 п.н.е
Орест 399-396 п.н.е
Архелај ВТОРИ 3 96-393 п.н.е
Аминта ВТОРИ 393 п.н.е
Павзаниј 393 п.н.е
Аминта ТРЕТИ 393 п.н.е
Аргoј ВТОРИ 393-392 п.н.е
Аминта ТРЕТИ (повторно назначен) 392-370 п.н.е
Александар ВТОРИ 370-368 п.н.е
Птоломеј ПРВИ 368-365 п.н.е
Пердика ТРЕТИ 365-359 п.н.е
Аминта ЧЕТВРТИ 359-356 п.н.е
Филип ВТОРИ Македонски 359-336 п.н.е
Александар ТРЕТИ Македонски 336-323 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 334-319 п.н.е
Филип ТРЕТИ Аридеј 323-317 п.н.е
Александар ЧЕТВРТИ 323-310 п.н.е
Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е
Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е
Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.е



Династија Антипатриди

Касандар 306-297 п.н.е
Филип ЧЕТВРТИ 297-296 п.н.е
Александар ПЕТTИ 296-294 п.н.е

Антипатар ВТОРИ 296-294 п.н.е


Династија Антигониди

Деметриј ПРВИ ОПСАДНИКОТ - Полиоркет 294-288 п.н.е
Лизимах (делел со Пир Епирски) 288-281 п.н.е
Пир Епирски (делел со Лизимах) 288-285 п.н.е

Птоломеј ВТОРИ ГРОМ - Керавн 281-279 п.н.е
Мелегар 279 п.н.е
Антипатар ВТОРИ 279 п.н.е
Состен (Командант на војската) 279-277 п.н.е
Антигон ВТОРИ Гонат- ЖЕЛЕЗНА ГЛАВА 277-274 п.н.е
Пир Епирски (повторно назначен) 274-272 п.н.е
Антигон ВТОРИ Гонат - ЖЕЛЕЗНАГЛАВА (повторно назначен) 272-239 п.н.е
Деметриј ВТОРИ 239-229 п.н.е
Антигон ТРЕТИ Досон 229-221 п.н.е
Филип ПЕТTИ 221-179 п.н.е
Персеј 179-168 п.н.е

                                           

Monday, January 2, 2012

Апокалипса или обична 2012!?

Влегуваме ли во година во која не очекува апокалипса? Не очекува ли главна улога налик на онаа од холивудскиот научно-фантастичен филм на Роланд Емерих кој ја следи приказната за феноменот 2012, прикажувајќи ги катаклизмичните настани поврзани со завршувањето на календарот на древните Маи? Ќе има ли библиски потоп предизвикан од мега-цунами и земјотреси кои ќе го уништат човештвото?





21.12.2012 Зимско помрачување. Ќе биде ли последно?


Овој датум не е случајно одбран. Истиот ден, според астрономите, ќе се случи редок феномен кој се случува еднаш во 230 милиони години. Сончевиот систем ќе се изедначи со Млечниот пат и уште две галаксии ќе бидат во иста линија со нашата. На оваа теорија се надоврзуваат геофизичарите кои споменуваат и радикални промени на електромагнетното поле на Земјата, па дури и промена на Половите што би предизвикало катастрофа од катаклизмични размери. 
На истиот датум 21.12.2012 завршува и древниот календар на Маите, па многумина научници тој ден подготвено го прифатија како крај на светот. Индијанскиот народ од Гватемала неверојатно точно и прецизно умееле да го пресметаат времето, така што научниците докажале дека нивниот календар е попрецизен од календарот кој денес го користиме. И не само тоа, од сите календари овој, кој потекнува од првиот век пред нашата ера, е најкомплексен и најинтересен.Според пронајдените записи, израмнувањето кое ќе се случи на 21.12.2012 Маите го нарекуваат спојување со утробата на Големата Мајка, Земјата. Тие верувале дека циклусот на живот на Земјата трае 26.000 години, а потоа се влегува во шесто доба кое според нивните толкувања е празно и зависи исклучиво од креаторите на нашата цивилизација.

                                                         

Ќе се претумбаат континентите!?


Наместо да забави, Земјата на 21.12.2012 ќе го забрза своето движење и ќе го забрза движењето во најострата кривина околу Сонцето, заради што, на површината на Земјата е можно да се случи претумбација на континентите. Овој опасен настан го предвидел експертот за механички појави Слободан Ѓорѓевиќ, главен инженер за проучување на цврстината на најголемите патнички летала на светот во истражувачкото одделение на авиокомпанијата Ербас. Тој открива на кои факти се заснова ова застрашувачко предвидување, па во една од неговите објавени анализи појаснува: замислете, во остра кривина со голема брзина ќе влезат Формула 1 и двокатен автобус. Претпоставувате дека првиот ќе се извлече, а другиот ќе се преврти бидејќи во овој случај пресуден е обликот на возилото. Така отприлика ќе се случи и преместувањето на континентитее. Според неговите механички пресметувања внатрешното цврсто јадро на Земјата од стабилно елипсоидно стана нестабилно јајчесто со отстапување од 0,998. Причина за тоа е надмоќта на поголемиот екваторски над се помалиот гравитациски притисок, а сето тоа врз се помалото центрифугално изобличување на јадрото, чија аголна брзина на вртење ќе се намалува.



Економска катаклизмаНаспроти црните сценарија за крај на светот, економските експерти предвидуваат дека следната 2012 година ќе биде уште посиромашна од претходните. Некои дури предвидуваат почеток на нова светска економска криза налик на онаа во триесеттите години на минатиот век. Други тврдат дека во 2012 предвидуваат дека ќе се случи кулминација на нафтената криза.

НАСА најавува бурни процеси на Сонцето
И НАСА предвиде можно црно сценарио за турбулентна година. Научниците тврдат дека во следните три години Земјата би можеле да ја потресат бурни процеси на Сонцето, предизвикани од една експлозија со огромни размери. Енергијата на зрачењето ќе влијае на сите електронски уреди, ќе снема интернет, телекомуникации а на крајот ќе снема и електрична енергија. Такво нешто, би можело да предизвика нови војни, со крајна цел - борба за останок.

                                                    
                                               
               Водачот на Маите тврди: Приказната за крај на светот е измислица на Западот


Водачот на индијанскиот народ Аполинарио Чиле Пикстуб вели дека е уморен од прашањата за крај на светот во 2012! Тој за Асошиејтед прес изјави дека теориите за судниот ден не потекнуваат од Маите, туку е измислица на Западот. Археолозите, астрономите и Маите велат дека единствена работа која веројатно ќе ја погоди Земјата е всушност дожд од метеори на Нењ аге филозофијата, поп-астрономијата, интернетските гласини за крај на светот и телевизиските специјални канали каков што е Хистори канал за кој тврдат, ги помешал Нострадамус и Маите. Но водачот тврди: Маите никогаш не предвиделе црни сценарија дека на светот му се приближува апокалипса! Според нивниот календар на 21. декември 2012 завршува големиот циклус на развојот на човештвото и почнува премин во нова енергетска состојба кога човештвото ќе се тестира дали е подготвено да премине во нова епоха од развојот. Тестирањето ќе трае до 2053. година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE48D7AC4DC90D4C9BA228339DF28DB9
                                                     

Почина Киро Глигоров



Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Функцијата Претседател на Република Македонија ја извршуваше во два мандата од 1991 година до 1999 година. 


За претседател на РМ беше избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја врши до 19 ноември 1999 година.


Многу измешани емоции, многу контрадикторни објави по социјалниве мрежи, но само еден факт - денес, на 94 години, умре Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.


Дури пред малку прочитав дека утре ќе биде прогласен ден на жалост, иако по она што се случува на медиумите во Македонија, би помислиле дека тоа е последното нешто што би се направило за да му се оддаде почит на човекот, кој го заслужува тоа.


Киро Глигоров можеби има направено грешки, ама кој нема? Зарем може да се оспори фактот дека тој е човекот што имаше храброст да ги направи тешките потези да ни обезбеди држава, кога никој друг ја немаше? Заборавивте дека привремената референца е компромис за да може нашата држава да влезе во ООН и да ги добие сите права како држава, наместо да остане во некој вакуум простор, во кој ќе беше подложна на распарчувањето кое го планираа Србија и Грција?


Сè додека нешто е привремено може да биде променето. Но, она што е трајно е шансата што Киро Глигоров ни ја обезбеди со добрата дипломатија (иако навидум во безизлезна ситуација), шансата ние сега да живееме во сопствена држава, во Македонија! Ако не беше тој, којзнае дали воопшто ќе бевме тука? Никогаш не го заборавајте тоа! Исто како што не треба да заборавите дека овој човек, нашиот прв претседател одбил поткуп од Грците, и тоа добар поткуп, за трајно да го промени името на државата....


Тешките времиња бараат тешки одлуки. Киро Глигоров, во дадените ситуации, ги имаше направено најбезболните одлуки, затоа што на крајот на краиштата, ни остави нам отворена рака и шанса да ги решиме проблемите онака како што сакаме да ги решиме. Но најважно - ни ја остави шансата! Токму затоа - почивај во мир, голем човеку!