Saturday, March 26, 2011

КОНЕЧНО !!!




                                                           

Sunday, March 20, 2011

ОРИГИНАЛНОСТ

Да “прошараш” по Јутуб-от ке слушниш безброј траки кои ти се познати од некаде. Ке чуеш ист звук, сличен текст, звук којшто е свирен но многу личи на безброј други траки. Ова можеш да го видиш почнувајќи од најмладите рапери па се до најстарите и најискусни и тоа не само кај нас туку и во странство. Тоа е звук кој мене лично ми е буквално смачен. Звук којшто не велам дека е лош, но едноставно не можам да го слушам, не можам да го поднесам, да го сварам! Но, секогаш има решение, секогаш има друга алтернатива.

Го читате насловот горе?! Е за тоа сега малку ке зборуваме.

Не е воопшто тешко да најдеш некое олд скул или пак поново срање кое ке те исполни, ке биде нешто ново, спотот нема да започнува како сите други поп, рок, рап срања, текст кадешто нема да слушнеш само фолирање и самофалење, туку нешто друго. Ке чуеш добро компонирана инструменталка, текст, искрен, од душа, од срце, спот невиден, некопиран и цел еден стил кој ретко го гледаш и го слушаш или пак никогаш не си бил сведок на такво нешто. Но, ете повеќе удираат во очи 100 пати слушнатите срања.

Нас, вас, мене, тебе, на вистинските слушатели ни треба она старото и запоставеното, ни треба нешто ново кое ке ја отсликува вистинската хип хоп култура.

Нам ни треба бит, ритам, матрица, пијано, гитара, бас гитара, кое ке ни ја врати надежта, кое ке не натера да продолжиме да ги слушаме таквите рап песни - песни со стил.

Нам ни треба цврст збор, искрен стих, цел живот опишан во неколку строфи, безброј такви текстови кои ке не поттикнат, ке не направат почувствителни, ке ни го сменат светогледот, ке направат само подобро кај слушателот.

И сето тоа искажано со тврд, самоуверен вокал. Вокал со јако флоу, вокал со чувства во него. За сето тоа да се испродуцира најдобро што може и да се пушти во етер за луѓето да го доживеат како вистинско ремек-дело, како нешто ново, но сепак олд скул, како носечки вокал, носечки звук една нова оригинална ера во рапот. Нешто кое ке ги побие сите други и на оној што слуша ке му докаже дека “тоа е тоа”!

Затоа, заземи став, држи се до вистинското и пукај! Внеси ја цела енергија во тие неколку изрецитирани, но од срце напишани стихови и достигни го врвот!


Кога сме кај оригиналноста само да напонеам дека уште еден оригинален лик ни замина. После Гуру Господ си го повика крај себе и Nate Dogg т.е човекот кој беше препознатлив по своите рефрени!

БИДЕТЕ РАПЕРИ-ИМАЈТЕ СВОЈ ТРАКИ !

ЕВРОВИЗИЈА 2011

Хух! И тоа помина! Сега ми е полесно.
Кај нас најголемиот настан. За кој, сите дебитнати, сите кои немаат песна, сите кои знаат да се соблечат, а нема врска тоа што не знаат да пеат, многу очекуваат. Повеќе од една деценија сме учесници на овој настан. Не можам да кажам дека не сме се претставиле добро, иако не сме влегле ни во првите 10, но сепак сметам дека имало години кога нашата држава била претставена во добро светло.

Како и претходната година така и оваа ке се занимавам со овој настан. Годинава имавме наплив од т.н. рапери. Беа претставени различни стилови на музика, почнувајќи од рок, рап, поп, по малце и етно и.т.н.

Рапот е тренд нели? Епа затоа имаме и наплив од рапери желни за пари и слава, а всушност со себе не носат ништо. Како прво, да настапиш на евровизија значи си се искомерцијализирал, но ајде да го оставиме тоа. Кога ке излезе некој рапер на ваков ем болшит, ем неорганизиран настан, кај луѓето се јавува лажна слика за рапот. А и ова можам да го поврзам со нешто друго. Социолозите велат дека првата импресија е најважна и таа прва импресија кај човекот од ликот или нештото многу тешко речиси не може да се смени. Ете така и кај рапот е. Кога ке погледнеш и слушниш за што рецитираат евровизиските ѕвезди, а и не само тие туку и другите лајно рапери, нормално дека секој кој не е навлезен во таа музиката ке увиди дека во неа станува збор само за пари, жени, коли и други безмислени нешта!

Како што кажав, првата импресија е непроменлива. И сега шо ке правиме? Верувам дека се секавате, лани на евровизија беше исто така еден рапер, а годинава за жал или за среќа, или пак ни за едно ни за другото не успеа ниту еден рапер да го достигне врвот и да се најде во Дизелдорф.

Како што кажав, мене лично многу ми смета таквото искористување на рапот. Јас, најискрено немам ништо против дечките што настапуваа, ама сепак мислам дека сите свативме дека Евросонгот е најголемото срање кое ни се случило, а заедно со него и организаторот на целиот тој “шит” настан. Значи и самите себе си наштетуваат. Да можеби ке добиеш повеке фанови, ке се промовираш, ама веќе многу луѓе сватија за каков настан, фестивал станува збор.

И после сето ова мислам дека заклучивме дека Евровизијата има повеќе негативни отколку позитвни влијанија, а во никој случај тоа не е место за рапери!

Напишал:Драган Кузмановски

                                               

Thursday, March 17, 2011

РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

        ПОЈАВА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ И НА СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК



Словенската писменост започнува во втората половина на IX век,кога браќата Кирил и Методиј ги превеле првите црковни книги од грчки на старословенски јазик со азбуката глаголица.Тоа е јазикот на кој зборувале македонските Словени од околината на градот Солун.
Старословенскиот јазик е најстар словенски литературен јазик.Тој е пишуван на две сосем различни азбуки:глаголица(38букви) и кирилица(44).
Писменоста во Македонија се поврзува со работата на две книжевни школи:Охридската и Лесновската.
Најстарите зачувани ракописи на старословенски јазик се напишани во Македонија.Сите се пишувани со глаголица.Најпознати од нив се:Зографското евангелие,Асемановото евангелие и Мариинското евангелие.

Македонската азбука,кирилицата,со која денес се служиме,ја изработила Јазична комисија,а ја одобрила Народната влада на Македонија со решение од 5 мај 1945 година.

                                              РОДНИОТ ЈАЗИК

                                        Родниот јазик е бисерен ѓердан
                                        од зборови-плодови сочни,
                                        мислите тие ти ги редат
                                        во слики јасни и точни.

                                        Тој е вруток непресушен,вечен,
                                        низ бистри капки-зборови тече.
                                        Жубори,клокоти,ѕвони,се лее,
                                        ко јасна ѕвезда секој збор грее.

                                        Тој ни е завед од дедовците
                                        како тланикот на огништето.
                                        Чувај го како црнка во очите-
                                        без јазик си никој и ништо.       

                                                                                                          Видое Подгорец

Sunday, March 13, 2011

Потомци на античките македонци

Античките Македонци (или Древни Македонци, Стари Македонци) се древен народ од индо-европско потекло кој бил населен на територијата на Македонија и претставувал мнозинско население во неа. Тие зборувале на свој античко-македонски јазик, кој бил различен од старо-грчкиот и бил неразбирлив за другите народи. Денес од тој јазик се зачувани мал број зборови (голоси) и е предмет на активни проучувања.Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее заедница позната под името Хунза или Бурушо за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Според проф. Д-р Илија Чашуле бурушаскиот јазик има протословенско потекло, со многу заеднички зборови и корен на зборовите со современиот македонски јазик.

                                          

Monday, March 7, 2011

ПРОГЛАС НА СИЛОГОСОТ МнМ


Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“ – април 1891

До македонските народи!

Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност така светела.

Вистински Македонци!

Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзините победнички гревови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка

Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика: Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!

Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на Македонците” на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.

Saturday, March 5, 2011

Афоризми на Јане Сандански

''Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ,туку се спротиставуваме на нејзината политика која е спротивна на нашите идеали и интереси''.

''Да Македонија не треба да бара помош надвор од себе,туку во самата себе.Нејзината слобода не ќе биде подарок,туку крвав откуп,платен со илјадници жртви,какви што дадовме и продолжуваме да даваме''.

''Не Бугарска Македонија сакаме,туку Македонија на Македонците,Македонија ослободена од тиранијата''-пишува Сандански во писмото во кое во 1904 година го упатил до жителите на Мелник. 

''Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа програма:првата се изразува низ барањето на доделување на земја на селаните,а втората политика се содржи во барањето од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство.А најмногу со се друго се плашиме од тоа нашите ''мили пријатели''Бугарите,Србите и Грците,да  не дојдат да не ''ослободат'',зошто тие,всушност че дојдат да не поробат''.