Saturday, May 28, 2011

Проклетото место за Македонците...

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ushte-edna-soobrakajka-kaj-nova-gradishka-zaginaa-trojca-makedonci

Возилото Тојота Авенсис со кое патувале, утрово околу 4:30 најпрво удрило во банкината на автопатот, а потоа се превртело и излетало од патот.
Сите патници излетале од автомобилот. Тројца на возраст од 30 до 48 години загинале на лице место. 40-годишниот возач кој имал и хрватско државјанство се бори за живот, а 27-годишниот совозач поминал со полесни повреди.
Патот бил сув, вели истражниот судија. Се проверува дали заморот на возачот е причина за трагедијата.
Славонската полиција и истражниот судија ќе работат на случајот. Во непосредна близина на истиот автопат загина и македонската поп ѕвезда Тоше Проески. Неколку пати од тогаш македонски државјани страдаа кај Нова Градишка.













ЗOШTO TOНЕ МAKEДOНИЈA?



Забелешка на авторот: Текстот е напишан во 2008 година пред тогашните вонредни избори но ми се стори дека не е лошо уште еднаш да го репризираме. Заради пораките и поуките...

                                                                                 * * *

Пред нас се вонредни парламентарни избори на кои треба да ги избереме оние кои ќе не водат во наредните години. Резулатите засега ги оставам настрана, иако анкетите зборуваат за уште еден триумф и мандат на сегашната владејачка гарнитура. Има едно прашање кое како по правило секогаш ми се поставува пред сите избори - Зошто тоне Македонија и тогаш кога на власт се едните и тогаш кога се на власт другите? Повремените проблесоци на успех овде онде повеќе ги доживувам како пролетени метеори во ноќта отколку како вистински одраз на промислена политика која води кон резултат за општо добро на нацијата. Гневот од тапкањето во место уште повеќе ме совладува кога знам дека на ова  богато и плодно парче земја што се вика Република Македонија, живеат (само) 2 милиони луѓе!  И тоа не обични туку луѓе со богата историја и култура, припадници на народ (и народи) кои ја задолжиле светската историја и цивилизација. Истите тие каде и да отидат - успеваат (!) значи способни,  а овде во сопствената земја се борат со сиромаштијата, невработеноста, со диктатот (некаде и диктатурата на моќните партиски или финансиски олигархии), потонати во безнадежност, апатија очај...
И сега, пред овие избори на кои пак ни се нуди некоја опиплива надеж, пак си го поставувам истото прашање - Каде се корените на злото што не турка во бездна и не ни дозволува да се одлепиме од земја. Ако ништо повеќе барем да нема гладни....
И покрај сериозниот број апологети на теоријата на заговори (кое помалку или повеќе можеби навистина и постои), одговорот на поставеното прашање сепак ќе мора да го побараме овде и тука меѓу нас. „Изворите на злото“ кои како оловни тегови две децении не влечат кон дното, сепак се наши – македонски и што побргу тоа го разбереме толку подобро за нас!
Најпрво, она што во изминатите два месецa предизвика најголем интерес и расправии во македонската јавност (кои сеуште траат), а тоа е отсуството на национално единство за виталните и стратешки интереси на Македонија. Декларативните заложби брзо се топат пред налетот на теснопартиските интереси. Дури и за такви прашања како што е приемот на Македонија во ЕУ или НАТО, за што постои речиси плебисцитарна стопостотна поддршка кај македонските граѓани, двата главни политички субјекти на политичката сцена имаат различни видувања - едните се за влез во овие институции „по секоја цена“ сега и веднаш (!), а другите се за влез но не по секоја цена! И така ова прашање заедно со прашањето за спорот со Грците за нашето име кое е во тесна врска со претходното, стана централно прашање на нивните изборни кампањи! „Олеснителна“ околност е што и по две децении Македонија нема изготвено општоприфатлива национална програма за развој на земјата. За разлика од научните академии на соседните земји (Албанија, Србија; Бугарија, Грција) одамна изготвија такви програми по кои работаат нивните влади, нашите мудри глави од МАНУ сеуште анализираат... анализираат... анализираат.... Помеѓу две кавги за хонорари и дневници...
Дефектите во нашиот демократски систем се вториот основен извор на нашите проблеми. Нашиот Устав има генетска вродена маана која оневозможува контрола врз власта, па така демократијата се сведе на состојба во која народот може да кажува што сака, а власта (поточно Владата) да прави што сака! Онака демократски... Додуша по Уставот и законите, контролната функција е доверена на Парламентот кој може да ја избере но и разрeши аздисаната и корумпирана Влада. Арно ама праксата од изминатите години го покажува токму спротивното – Парламентот одамна е претворен во обичен сервис на било која Влада! Зарем некој очекува дека пратениците кои по правило се дел од вториот или третиот ешалон некогаш ќе побараат одговорност од Владата во која (пак по правило) се наоѓа првиот ешалон односно раководството од матичната партија? На пример пратеникот Ѓорчев да побара одговорност од премирот Грувски или Бендевска од (евнтуалната) премиерка Шекеринска! Теоретски – Да, ама ај нека проба... А да замислиме поинаква ситуација – највисоките раководства на партиите да останат во Парламентот, а во Владата да бидат избрани лица кои немаат партиска функција, ќе имаме ли контролирана Влада?
Поврзано со претходното е и прашањето за деформираната улога на партиите во нашиот систем! И нивните сегашни програми јасно ја покажуваат нивната неприродна деформирана улога да функционираат како држави во држави – тие вработуваат (ДПА – 100 иљади Албанци!), тие признаваат држави (ДУИ ќе го признае Косово!), а ВМРО ДПМНЕ и СДСМ нема прашање што го заборавиле дека ТИЕ ќе го средат. Во „нормалните држави“ тоа се прашања од доменот на државните органи, а политичките партии само ги промовираат генералните правци на развој на државата. Кај нас нормално се е поинаку и наопаку – партиските органи одамна ги супституирале државните институции и тие одлучуваат за се’ – од приемот на чистачка до примот во НАТО! Партиската припадност (и лојалност кон водачот) е основен критериум за вработување, напредување или добивање на функција! Сите вредносни (па и морални) критериуми паѓаат пред налетот на партиската книшка која се претвори во carte blanche за влез во системот! Се што е надвор од тој систем е туѓо, невредно, беззначајно... Одтука и поделбата на „наши“ и „ваши“ проследена со висок степен на нетрпеливост и омраза меѓу припадниците на едната или другата опција, од најгоре па се до најзафрленото село, до последната фамилија.... Наместо конкуренти добивме непријатели, наместо борба на идеи и програми присуствуваме на гладијаторска борба за власт по секоја цена вклучитeлно и меѓусебни пресметки. Во еден таков амбиент (последните пресметки меѓу ДУИ и ДПА се само парадигма на хроничната болка на сите избори досега), ниедна програма не може да успее колку и да е добра и реално спроведлива.
Ирелевантно е за нас (М.м.е) Кој прв почна?
Додека течат изборите, а Македонија и натаму тоне во Балканската баруштина, само по себе се поставува прашањето: ИМА ЛИ ДНО?

НАПРЕД БАРСА !!!

Before the final against Manchester United, the big screen at Wembley will show highlights of London '92, Paris '06 and Roma '09/ Abans de la final contra el United, els marcadors del Wembley emetran imatges de Londres'92, París'06 i Roma'09 / Antes de la final contra el United, los marcadores del Wembley emitirán imágenes de Londres'92, París'06 y Roma'09

Friday, May 20, 2011

Легендата за закопаното богатство



Легендата вели дека доколку наидете на траги од закопано богатство, да посеете со брашно или пепел и да го оставите да преноќи... Утредента доколку местото е проколнато ќе се појави трага од жртва... Најчесто тоа е трага од кокошка или друго домашно животно.. но не ретко знае да биде и човечка нога... Во зависност од тоа каква стапка ќе се појави таков курбан треба да се остави. Се додека не се дадел курбанот не смеело да се копа, бидејќи голема несреќа ќе го снајдел оној што ќе го направи тоа...

Постојат многу преданија на некои места кадешто имаат откопувано богатство, без да остават некој курбан и ги снаоѓало некоја несреќа во домот, како смрт, болест и сл.

Колку вие верувате во оваа легенда и што мислите од каде потекнува? Верувате ли во проклетства? Што е тоа што ги зема жртвите?

Sunday, May 15, 2011

Митот за Александар

ИЗВАДОЦИ ОД ПУБЛИЦИСТИЧКАТА ОСТАВИНА НА ПАВЕЛ ШАТЕВ

Митот за Александар Велики настанал во 14 и 15 век за да ги обедини христијаните на Балканот! Тоа е резултат на изгубените надежи на балканските христијански народи за изградба на една општа, заедничка црква што, најпрво скришно, а подоцна и отворено, требало да даде нов импулс во очекувањата за подобар живот на балканските простори!

На овој начин, парафразирано и во куси црти се објаснува ставот на најпознатиот македонски гемиџија Павел Шатев, бриселскиот доктор по правни науки, што произлегува од првичното читање на неговите ракописи посветени на античка Македонија, Александар Македонски, за односите на Македонија со Грција и Рим... Ракописот е дел од неговата книжевна и публицистичка лична оставина, што во микрофилмувана форма од пред две недели се наоѓа во Македонија и авторот на овие редови лично го доби во Загреб од единствениот жив директен наследник, ќерката Милка Шатева. Се работи за повеќе од 4.000 страници материјал што, според г-ѓа Шатева, не бил запленет од припадниците на УДБ-а по неговото апсење во 1949 година.

Темата за античка Македонија и најголемиот светски владетел содржи над 150 страници ракопис. Нема точен податок кога тој е пишуван, но според содржината во која е поместена полемиката на Шатев со извесен руски професор С.И. Ковалев, најверојатно станува збор за последните години од четвртата деценија на минатиот век. Сосема извесно е дека во полемиката посветена на историјата на древното и античкото општество, славниот гемиџија настапува од позиции на марксистичката филозофија. Само детаљните научни истражувања ќе може да покажат какви биле неговите ставови, но очигледно е дека антиката и Александар Македонски не се „производ на денешнината“, туку биле тема и во време кога не постоела македонска национална држава, што апсолутно не значело и отсуство на веќе изградена национална свест.



Надеж за подобар живот



Без намера или претензии да предизвикаме научни или какви било други полемики, во овој број на „Публика“ изнесуваме неколку сегменти од ракописот на Павел Шатев, почнувајќи од насловот „Александар Македонски како мит за балканските народи“.

- Во времето на 14 и 15 век христијаните на Балканот ја загубиле тешката политичка слобода и потклекнале под туѓата власт, па ги заборавиле тешките разногласија и надежта за една општа црква што ќе го обедини и поврзе христијанското братство, па почнале скришно да негуваат надеж за подобар живот. И за ова се даде еден посилен поттик за ново црковно единство, што требало да се потпре врз минатите далечни општобалкански традиции, па тие се обединиле врз едно знаменито име на нивните држави, врз фамозниот владетел Александар Велики, подоцна именуван како Александар Македонски. Во грчките анаграфи, Александар Велики се бележи како син на Олимпија, а старите Бугари го славеле како син на нивниот бог Перун. Учените, во времето на турското владеење, во нивните хроники говорат за режимот на Александар, а обичните и простите учеле и се восхитувале на подвизите на младиот Грк (!), кој бил победник над толкави народи, над чудовишни суштества и како притоа се изложувал на секакви опасности - пишува Шатев.

Во овој дел од ракописот, гемиџијата продолжува со друг наслов „Александар Велики - историјата на великата империја“:

- Името на Александар Велики го означува крајот на една историска епоха и почетокот на нова епоха. Историјата не познава друго такво иновативно, способно, надарено суштество, ниту една толкава приказна за подем на еден лидер кон власта и славата. Фактички, фантазијата одвај би можела да изнајде нешто ново (или некое ново откритие) од животот на тој голем воин на светската историја. Дали фигурата на Наполеон бледнее пред огромните размери на тој човек, кој едновремено бил најхрабриот војсководец на својата војска, воен стратег, колекционер и законодавец - се прашува Шатев.



Македонската држава 

ги обедини Истокот и Западот

Никој не можел да го одбегне постоењето на неговата личност. Ученик на Аристотел, покровител на изучувањето на науките, ужас за своите непријатели и великодушен кон победените. Така изникнува пред потомствата херој на антиката, не како човек, туку како еден херој, како полубог меѓу сите доброчинители и награда на боговите од грчката митологија. Александар Велики е син на Филип Македонски и Олимпија, ќерка на илирскиот кнез Неоптоломеј. Тој е роден во Пела на 21 јуни 356 г. пред Христа. Дар на природата, тој од рано пројавува квалитети на еден голем карактер, изразува дарба кон подвизи и љубов кон славата. Големината на војсководец тој ја пројавил во 338 г. во битката кај Харенси каде ја поразил свечената армија на Тиванците (извинување за евентуалната грешка во преводот за името на локацијата и на народот)... По смртта на Филип, кој бил убиен во текот на август 338 г., одвај 20-годишниот Александар се искачил на престолот. Огорчен од убиството на татка си, тој е енергичен и самиот ги разбива Грците и ги натерал да ја признаат неговата хегемонија, што е еден блескав поход. Следната година Александар ги покорил варварите по течението на Дунав и ги принудил да ја признаат неговата власт - полн со пофалби за херојот од антиката е гемиџијата.

Во продолжение од ракописот следува описот за покорувањето на Персијците и завладувањето со цела Мала Азија, основањето на градот Александрија, прогласувањето на Александар за „Син на сонцето“, во согласност со обичаите на древните фараони. Шатев потоа пишува за походот на Александар Македонски до Индија и стигнувањето до Индискиот Океан. Ја споменува и смртта на Хефестион, „љубимецот на Александар, кого во Вавилон го погребува со царски почести“.

Полемика за историските термини

- Александар се задржал да живее во тој град, но разочаран, по еден пир, тешко заболел и умрел за неколку дена на 33-годишна возраст (8 јуни 322 г п.н.е). Александар бил најголемиот и најценетиот херој на древноста. Тој мечтаел да основа една вселенска империја. Неговиот живот има вселенско историско значење. Во Рим, во главниот музеј, има една биста на Александар за која велат дека е прекрасна копија на оригиналот. Во основа, чудесно претставување на најголемиот мит од древноста, прикажан како Аполон, со победнички поглед насочен во далечината... Уште во антиката, Македонија играла врвна улога во историјата на светот. Македонската држава, макар и со војување, успеала да го обедини Истокот со Западот и создала една материјална база врз која се развила елинската култура. Македонија како држава од редица причини од внатрешен и надворешен карактер, не можела да опстојува долго време како што било со други големи империи во далечното минато. Македонија во 148 година пред Христа станала римска провинција, а во текот на 168 година била разделена на четири дела: Амфиполис, Тесалоники, Пела и Пелагонија - го завршува овој дел од ракописот Павел Шатев.

Натаму следува друг наслов „Историја на античкото општество (Грција, елинизам и Рим)“, чиј прв поднаслов е: „Што е ‘античко општество’“, што на свој начин претставува вовед во полемика со извесен руски професор С.И. Ковалев.

Професорот Ковалев во 1934/35 година, пишува Шатев, одржал курс од лекции, што се собрани во книгата „Историја на античкото општество“ (Грција, елинизам и Рим), издадена во Ленинград во 1937 година. Во таа книга се дава еден историски вовед во историјата на древна Грција од критско-микејскиот период до смртта на Александар Македонски.

Во воведот се разгледува: Што треба да се подразбере под името античко општество?; Историографијата на Грците и Римјаните; Историографијата во античноста во средниот век и во ново време; Марксизмот и создавањето на научната историја на древниот свет.

Во овој дел од ракописот Шатев користи нов, посебен наслов „Македонија и Грција“, во кој, меѓу другото, ќе напише:

- Зборот „древна“ (античка) се употребува само за Грција и Рим, за грчко општество, за грчко-римската култура. Пред да минам на самиот курс, да се осврнам, на воведот, какво место зазема историјата на Грција и Рим во општиот историски прогрес на човештвото. Грчко-римското општество било робовладетелско. Општествата на древниот Исток биле исто такви. На тој начин, во историјата на древниот Исток, како и во историјата на Грција и Рим, ние имаме историја на робовладетелски општества. Но, во што се состои специфичноста на грчко-римското општество, во што е посебноста на тоа општество и неговата историја? Древно-источните општества, на пример, вавилонското и египетското, биле примитивно-робовладетелскиопштества. Тоа бил првиот стадиум од развојот на класните, робовладетелски општества. Таквите општества се карактеризираат со признаци како што се централистичка форма на државите и општодржавни форми на сопственоста. Во тој период, врв на развојот на грчко-римското општество е индивидуалната, лична сопственост - опишува Шатев
 
Ракописот продолжува со полемика со рускиот професор Ковалев во која гемиџијата настапува од позиции на марксистичката филозофија. Под закана од можноста извадоците да добијат предзнак на „извадено од контекст“, по преводот на целиот ракопис, сепак голем беше предизвикот да пренесеме барем дел од размислувањата на Шатев посветени на античка Македонија и Александар Македонски. Дотолку повеќе што ракописот е пишуван во време кога македонска национална држава формално с` уште не постои, што апсолутно не значи и дека не постои посебна, македонска национална свест.






 

Saturday, May 14, 2011

Завидливиот богат и праведниот сиромав

ОВАА ПРИКАЗНА НА МТВ1 ЈА НЕМААТ ДАДЕНО ПОВЕЌЕ ОД 10 ГОДИНИ,ПРИБИДЕЈЌИ ПРИКАЗНИТЕ СЕ НАШТЕО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО, И ОВАА Е ЕДНА ОД НАЈ УБАВИТЕ ПРИКАЗНИ,РЕШИВ ДА ЈА СПОДЕЛАМ ОВАА ПРИКАЗНА СО ВАС,ВЕРУВАМ ДЕКА ВЕ ИЗНЕНАДИВ СО ОВАА ПРИКАЗНА,ГЛЕДАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ!!!
 

Wednesday, May 4, 2011

108 години од загинувањето на Гоце Делчев


Гоце Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 година во Кукуш Егејска Македонија, а загинал на 4 мај 1903 година во селот Баница.
Гоце Делчев завршил средното образование воСолунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што раководел со таен ученички револуционерен кружок. Се запишал во Военото училиште во Софија во1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичкиите кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето во 1894 година.
Гоце Делчев бил член на Македонската револуционерната организација (МРО), подоцна Внатрешно македонска револуционерна организација (ВМРО).
Поаѓајќи од конкретната состојба - недоволната револуционерна подготвеност на масите, слабото вооружување, неповолната внатрешна и надворешна ситуација, бил еден од противниците на решението од конгресот во Солун, 1903 година, за кревање на Илинденското востание.
Сметал дека моментот не е погоден. Делчев не бил против востание, туку за негова добра подготовка и затоа, согледувајќи ја штетноста од предвремени востанички акции, тој се обидел, безуспешно, да влијае за изменување на одлуката за подигање востание.
Убиен е во борбите против турскиот аскер на излегувањето од селото Баница на само неколку месеци пред востанито.

Sunday, May 1, 2011

Буни, востанија, обиди и проекти за востанија во Македонија


Проектот на венецискиот пратеник Павле Мавроцен(Paulus Maurocenus,nobilis Venetus) е од 1461 или 1462 годинаво кој се вели: `..Кога ке биде разбијана противничките сили никој не се сомнева дека цела Бугарија,Србија,Босна,Македонија (MACEDONIAM), Епир,Тесалија,Грција или Атика и Пелопонез веднаш ке се вратат кон верните,дури веднаш кога ќе ги нападниме границите ке се одметнат од непријателот и ке однесат голема победа...Србите и Босанците веднаш ке се одметнат од непријателот со 20000 војници истиот пример ке го следат и Македонците(MACEDONES),Пелопонесците,епирците,грци те ке се втурнат кон непријателот..`
проектот е најден во државниот архив на Милано каде се чува и денес и е на латински јазик.

Во 1541 година Јean Cuspinian во неговата книга "De Turcorum origine" ги повикува европските земји да се здружат против турците да им помогнат на поробените христијански земји.планот му бил да се истоварат во Епир ,Македонија и Албанија и со помош на населението га го победат турчинот.планот не се реализирал но служел како основа за понатамошните акции.

Планот на Simon Wolner Pomeranum од 1558 година до ацвстрискиот цар Фердинант 1.Во овој план вели:`има во Македонија,Србија,Босна,Бугарија и Грција многу христијани кои не само што не ке бидат рамнодушни спрема нашиот потфат,туку и на драга волја ќе го помогнат.Бидејќи на овие луѓе сето оружје им е одземено и строго им се забрзнува да го држат,затоа е потребно во Нинберг,Аузбург,Инсбрук и по другите германски градови дасе изработи разновидно оружје и секаква воена опрема па да им се однесе`

Прва самостојна буна во кој учествувало само македонското население е буната во Мариово во 1564 година.Оваа буна избувнала кога турција била најмоќна,во времето на `Сулејман Величествениот` односно Сулејман Строгиот.Оваа буна е наречена предходниаца на народноослободителните движења на балканскиот народ во целата низа која се јавува во втората половина од шеснаесетиот век.
Прв документ за оваа буна ни дава турскиот професор Ахмет Рефик во 1933 година документите се од фондот Muhimme Defterleri што се чува во Basvekaleti arsivi во Истанбул.
Причини за буната биле непочитувањето на слободата и правата на населението од локалните турски државници.
Буната започнува во селата Сатока,Градешница,Бешиште и Старавина.Овие села биле изолирани не навлегла ни турска колонизација ни исламизација.
Приближен датум е 3 октомври 1564 година водачи биле Димитри Стале од с.Сатока,попот Димитри од с.Градешница,Стојан Пејо и попот Јако од с.Старавина. Се до 4 декември 1565 година овие лица не и се достапни на турскта војска за исходот се претставува дека е крваво задушена затоа што селата Сатоак,Пештје(Бешиште) се изчезнати во тоа време од Мариово.

Италијански проект од 1571 година.
Овој проект го иам во Bibliotheque Ambrosiana во Милано Проектот е упатен до папата Пие V и тоа по битката кај Лапант.Проектот се сосотоел од предлог да му се нареди на светот да собери пари за експедиција против турците за ослободување на христијанското население .Да соберат 100000 војници на копно и 50000 војници за флота плус 100000 Македонци,епирци,Далматинци и Грци кој ке ги вооружат.Планот бил да се истоварат во Епир и Албанија италијанските и шпански војски,австриските преку дунав,србија и бугарија да тргнат за инстанбулдодека жпанската флота од југот на балканот да и зададе последен удар.и да се создаде нова земја " Una stabile et perpetua confederatione sull`essaltatione della Republica Christiana"

" Et anco li predetti cento milia pezzi d`armi surperflue con fermo proposito d`armare con quelle quei populi Epirote,Macedoni,Dalamtini et Greci,li quali si bene son hora setto il Turco,sono pur christiani"

Зошто Сократ бил мудар?



Во Стара Грција, Сократ важел за човек кој го цени знаењето. Еден ден познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“
„Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум.“
„Троен критериум?“, запрашал познаникот.
„Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“
„Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и…“
„Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?“
„Не, напротив…“
„Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?“
„Не, не баш.“
„Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?“
Ете зошто Сократ бил голем мислител и ценета личност во Стара Грција.
Ова исто така објаснува зошто никогаш не дознал дека пријателот спие со жена му.
извор = http://crnobelo.com/zabava/evergrini/6429-zosto-sokrat-bil-mudar
Е сега…дали ова ја покажува логиката на грците?