Saturday, December 18, 2010

Македонската држава во времето на Александар III Македонски

Средување на околностите на Балканот
По смртта на кралот Филип II,на престолот дошол неговиот дваесетгодишен син Александар III Макеоднски (336-323г.пред н.е).Иако бил млад,Александар бил многу надарен и способен владетел и голем војсководец.Некои хеленски градови, а и некои покорени народи на Балканот,кога разбрале дека Македонија има млад крал,се обиделе да ја отфрлат македонската власт.Меѓутоа,Александар успеал да ги победи и да ги принуди ја признаат неговата власт.Во походите на Балканот,кон север,Александар ја поминал и реката Дунав.Отако ја средил состојбата на Балканот,почнал да се подготвува за поход кон исток,против Персија.

ПОХОДОТ КОН ИСТОК
Походот кон исток против Персија Александар го започнал во 334година пред н.е.Персија била многу поголема држава од Македонија, а имала и побројна војска.Александар тргнал во походот со околу 40-илјадна војска,добро организирана и дисциплинирана.Персиската војска била побројна, но слабо организирана.Првата битка со Персијците се одиграла кај реката Граник,во Мала Азија.Македонците издвојувале голема победа.Персискиот владетел Дариј III се обидел да го спречи натамошното македонско напредување.Но,во битката кај Ис,персиската војска доживеала нов пораз.
По првите победи Александар се упатил кон Египет,кој бил под персиска власт.Таму тој бил пречекан како ослободител и бил прогласен за фараон и син на богот на сонцето Амон Ра.На брегот на Средоземно Море го основал градот Александрија.Освен овој,Александар во освоените замји подигнал повеќе градови кои го носеле неговото име.
Од Египет Александар се упатил кон централните делови на Персиското Царство.Решавачката битка се одиграла во 331година пред н.е. кај местото Гавгамела.Персиската војска доживеала тежок пораз.Потоа биле освоени и останатите персиски територии.Тогаш Александар се прогласил за крал на Азија,а за престолнина го одбрал градот Вавилон.
Во понатамошните освојувања на исток стигнал до Индија каде извојувал победа против владетелот на Западна Индија,кралот Пор.Така државата на Александар III Македонски станала светска сила.
По долгите војувања македонската војска била уморна.Војниците долго време биле оддалечени од своите семејства ,тешко ја поднесувале неповолната клима и често се бунеле.Поради тоа Алексаданр решил да се врати назад.На најоддалеченото место во Индија бил изграден столб на кој пишувало ''Овде запрел Александар''.
Враќањето од Индија кон Вавилон било многу тешко и опасно.Се одвивало по копно и по море.Војската се движела по тешко проодни и сурови пустински предели.Голем број од војниците настрадале поради горештините и од сушата.По неколку месечно патување,Александар пристигнал во градот Суза.
Среќното пристигнување во Суза било прославено со масовна свечена свадба,во која околу 10 000 Македонци се ожениле со Персијки.Кралот Александар се оженил со две персијки.Свадбата била направена според персиските обичаи,а сите младоженци добиле од Александар богати подароци.
Плановите на Александар за нови походи кон запад не се оствариле поради ненадејната смрт.Тој умрел во 323година пред н.е.,кога имал само 33 години.Бил погребан во Александрија во Египет.

No comments:

Post a Comment