Monday, April 25, 2011

мала ноќна помисла


Кога авторитативно ќе ми го изговориш името, кога ќе ги закопаш прстите во мојата коса, кога ќе ми шепнеш колку ме посакуваш, кога ќе ги ставиш усните врз моите, кога ќе ме погалиш нежно.... насмевката ми изгрева некаде од дното на душата.
Кога ќе те допрам нежно на вратот (а ти воздивнуваш), кога ќе ти потонам во прегратката (и таму ќе го пронајдам мирот), кога ќе ти продрам со погледот низ зениците (длабоко во приказните што тлеат нераскажани), кога ќе го вдишам од тебе мирисот на небо (и најпосле ќе го вкусам апстрактот што го викаат слобода).... станувам најважната прашинка во универзумот.

1 comment: