Saturday, September 24, 2011

''A name is a name'' ги нервира Грците




Документарниот филм на исландскиот режисерСигурјон Еинарсон  (Sigurjon Einarsson) и продуцентот Џејсон Мико (Jason Miko) ''a name is a name'' посветен на актуелниот проблем со името на нашата земја, премиерно ќе биде прикажан на 26 февруари и во Сиднеј Австралија.

Како што е познато филмот силно ги разбранува духовите на нашиот јужен сосед и посебно многубројната грчка дијаспора. Неговата премиера првично предвидена во резиденцијата на амбасадата на Исланд во Вашингтон беше откажана поради силниот и жесток притисок на Грција која се закани и со употреба на правото на вето за приемот на оваа земја во Европската унија. Филмот неодамна сепак беше прикажан на американско тло но во Центарот на еврејската заедница со помош на организацијата на македонското иселеништво во САД, Обединета македонска дијспора. Одговарајки на новинарско прашање Еинарсон изјави:

- Сакам да им дадам глас на Македонија, како мала држава, и на македонскиот народ, кој заслужува да биде глобално чуен. Секој има право да се нарекува како сака и тоа е избор на секоја нација!

Еинарсон најави и второ продолжение на филмот!



Прикажувањето на филмот во Австралија се случува во време кога односите меѓу Македонија и Австралија се сериозно заладени поради антимакедонскиот говор на премиерот на Јужна Австралија Мајк Рен одржан на 9 Ноември 2009 година на фестивалот  „Димитрија“ во Аделаид, Јужна Австралија во кој упати жестоки обвинувања на сметка на Република Македонија и нејзиното раководство за наводна кражба на грчката историја. Традиционално, односите меѓу македонската и грчката заедница на овој континент отсекогаш биле крајно непријателски проследени со отворени конфронтации меѓу нивните членови. Грчката заедница и официјално побара забрана за емитување на филмот повикувајки се на мултикултурните односи во австралиското општество.


No comments:

Post a Comment