Thursday, September 15, 2011

ИСТОРИСКО ПОЛУФИНАЛЕЕ !!!

Падна и домаќинот

Со фантастична победа од 67-65 против Литванија пред гласни 15.000 гледачи во Каунас, Македонската кошаркарска репрезентација испиша нова страница од историјата.

Литванија водеше во текот на целата средба, но упорноста на нашиот тим никако не дозволи домаќинот да се одлепи. Кога се влезе во завршните минути, кошаркарите на Марин Докузовски покажаа исклучително зрел перформанс и во преполната „Жалгирис“ арена, го елиминираа големиот фаворит за медал. Македонија обезбеди сосема заслужено место меѓу најдобрите четири екипи на „Стариот континент“ и ја направи најголемата сензација, како што добар дел од медиумите известуваат, во историјата на Европските кошаркарски првенства.

Без повредениот Тодор Гечевски во тимот, составот на Македонија одигра пеколни 40 минути. Внимателно под кошевите, за да се зачуваат Антиќ, Чековски и Самарџиски од лични грешки, но со гранитна одбрана која ја ограничи Литванија на само 65 поени. Иако Литванија важи за тим со најдобар напад на шампионатот, воедно и тим кој едиствен постигна 100 поени на овој турнир, нашиот состав ја наметна својата игра и го заврши мечот со посакувано сценарио. Задржувањето на резултатската неизвесност во текот на првите три четвртини, внесе голема доза на нервоза кај Литванците во последниот период, која нашите кошаркари знаеја да ја казнат. Беспрекорно тактички потковани, максимално пожртвувани, организирани и паметни на двата краја од теренот, македонските кошаркари го заслужија успехот.

     Најефикасен беше Бо Мекејлеб со 23 поени, Војдан Стојановски постигна пет тројки без промашување (15 поени), а Владо Илиевски заврши со 12, меѓу кои последната тројка на натпреварот која го реши победникот. Перо Антиќ повторно блескаше во одбраната, а огромен придонес дадоа и Предраг Самарџиски (10 скокови, 5 офанзивни) и Ѓорѓи Чековски (5 скокови, 3 офанзивни) кои одлично се справуваа со силните центри на Литванија (статистика – тука). Најсилните оружја на Литванците, шутот од далечина, брзите контри и пик-енд-рол играта, беа комплетно спречени, а тимскиот перформанс, пожртвуваноста и вербата во соиграчот, ја донесоа и оваа победа, за најголем резултат во историјата на македонската кошарка и македонскиот спорт воопшто.

Во историското полуфинале, Македонија ќе игра со актуелниот шампион Шпанија кој денеска убедливо славеше против Словенија (86-64). Натпреварот ќе се игра во петок во 16.30 часот по македонско време. Со победата против Литванија, репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман и на следното Европско првенство во Словенија 2013 година без да треба да игра квалификации, а обезбеди и место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон 2012 година.

No comments:

Post a Comment