Saturday, September 24, 2011

Дали Ајнштајн згрешил ?!?







Можно ли е субатомските честички да се движат побрзо од светлината ?


Брзината на светлината е најголема брзина во Универзумот, и голем дел од модерната физика е базирана на теоријата дека ништо не може да го надмине тоа.

Загадочните резултати од супербрзиот акцелератор ЦЕРН, ги збунија физичарите: Можно ли е субатомските честички да се движат побрзо од светлината? Имено, во еден експеримент, неутрините испратени под земјата од ЦЕРН кон лабораторијата во Гран Сасо одалечена 732 км, стигнаа еден мал дел од секундата порано од очекуваното. Резултатот, кој се заканува да собори еден век знаења од областа на физиката – ќе биде ставен онлајн за да го испитаат и други научници.

Во меѓувреме, групата соопшти дека е многу внимателна во врска со тврдењата. „Ние се обидовме да ги најдеме сите можни објаснувања за ова“, вели авторот на извештајот Антонио Ередитато од „Опера колаборејшен“. „Сакавме да најдеме грешка – тривијални грешки, покомплицирани грешки или гадни ефекти – и не успеавме“, изјави тој за Би-Би-Си њус. „Кога нема да успеете да најдете ништо, потоа си велите ’добро сега сум принуден да излезам и да побарам од научната заедница да го испита ова‘“.

Брзината на светлината е крајна брзина во Универзумот, и голем дел од модерната физика – како што е проектирано делумно од Алберт Ајнштајн во неговата значајна теорија на релативитетот – зависи од идејата дека ништо не може да го надмине тоа.

No comments:

Post a Comment