Friday, September 16, 2011

Резултатот на семафорот не се брои,вие засекогаш сте наши херои


Репрезентацијата на Македонија загуби од Шпанија. Со резултат од  92-80, Шпанија успеа да ја совлада нашата репрезентација.
Македонија на полувремето од полуфиналниот натпревар против Шпанија водеше со 45-44.
Во првиот дел ниту една екипа немаше особена доминација, иако шпанските кошаркари се тие коишто ја имаат највисоката предност во текот на првиот дел и тоа со 10 поени разлика.
Мотивираноста на нашите кошаркари беше очигледна, со тројките на Антиќ и повторно одличната игра на Илиевски, нашиот тим упорно се враќаше во игра во првиот дел.
Наваро го одигра веројатно својот најдобар натпревар на ова првенство.  Доколку успеевме да најдеме начин како да го запреме него, можеби и ќе успеевме да ја совладаме Шпанија.
Шпанците доминираа под обрачите, ги измачивме 30-тина минути, но 35 коша на Наваро ја направија разликата.
Резултатот на семафорот не е оној којшто ќе ја расипе нашата слика за вас. Вие засекогаш ќе останете во нашите срца, запишани како македонските херои. Вие сте нашите шампиони.
Тешко е да се игра против Шпанија, но безразлика на епилогот на овој дуел, Ве повикуваме сите во понеделник да ја пречекаме нашата репрезентација како што вистински таа заслужува.
Главата горе Македонијо, играме за бронза!
Што и да биде ќе ве славиме, играјте како што игравте, заедно за победа, заедно за Македонија!

No comments:

Post a Comment