Thursday, December 30, 2010

На 1 Јануари почина македонскиот револуционер Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов, понекогаш пишуван и како Петар Попарсов (14 август 1868 - 1 јануари 1941) е македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор Прв устав на Македонската револуционерна организацијаот и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.
Роден е во Богомила на 13 август 1868 година. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Философско-историскиот факултет, заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 година созреала идејата за создавање Млада македонска книжовна дружина која го издавала списанието „Лоза“. Набргу, поради својата активност и борба против владата на Стефан Стамболов, Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија и работи како учител во Солун, Велес, Прилеп и по други градови низ Македонија. Во 1893 година во Солун ги поставува темелите на ВМРО. Во 1897 година е осуден на 101 година робија. Амнестиран е во август 1902 година. На Рилскиот конгрес е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО - во Софија.
Неговото национално чувство дојде до израз во 1887 година во Солун со познатиот ученички бунт каде неслучајно беше меѓу првите бегалци од Солун во Белград. Таму брзо се откажа од студиите поради шовинистичката политика на Србите во тоа време. Затоа заминува за Софија за да биде пречекан како “Бугарин” .
Од 1892 година започнува да го објавува и својот дневен печат, списанието ‘’Лоза„Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ ”На мокров”, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за прв пат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К' ; Г'; Н ; а се исфрлени двогласните букви:Ъ,Ю,Ь, a гласот Ј е предаден во I.

No comments:

Post a Comment