Saturday, December 18, 2010

Формирање на Македонија

Во VIII век пред н.е започнало обединувањето на македонските племиња во единствена држава.Јадрото на македонската држава се наоѓало во Долна Македонија.Формирањето започнало со спуштање на племињата од планините во приморските низини.На чело на државата стоел крал.За основач на македонската држава се смета кралот Пердика.Кралот Пердика владеел кон крајот на VIII и почетокот на VII век пред н.е.Престолнина на државата бил градот Ајга.Покрај кралот имало и народно собрание,кое го поставувеле кралот на престолот.Собранието се состоело само од Македонци.

ЈАКНЕЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА
Наследниците на кралот Пердика настојувале да ја зацврстат и да ја прошират својата држава.Позначајни од нив биле Александар I и Архелај I.
Во времето на кралот Александар I македонската држава значително се зацврстила и се проширила.Тој водел војни со Илирите,а ги помагал Хелените во војните против Персија.Поради тоа бил наречен пријател на Хелените (филхелен).Тој бил првиот македонски крал кој ковал свои монети.
Во времето на Архелај  I македонската држава уште повеќе се издигнала и зајакнала.Тој е познат по својата градежна дејност.Изградил многу патишта и тврдини.Тој ја пренел престолнината од Ајга во Пела,која била поблиску до морето.Имал добри односи со Хелените.На неговиот двор во Пела работеле и престојувале познати хеленски уметници,писатели,архитекти и други.Од негово време почнале да се одржуваат македонските олимписки игри.

No comments:

Post a Comment