Saturday, December 18, 2010

Христо Ботев

Христо Ботев бил револуционер, писател и теоретичар на бугарската национална револуција, борец за ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев е истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.

Роден е во Калофер. Студира во Одеса, Русија. Живеел во Букурешт и Браила. Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег. По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 2 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкезка) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.
Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.
Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Обесувањето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.

No comments:

Post a Comment