Friday, June 3, 2011

Откриена е чудна градба на Марс ?!?!?

Дејвид Мартинес го претстави на  You Tube публиката своето неверојатно откритие на кое случајно наишол истражувајќи ги сателитските снимки од површината на Марс во програмата Google Mars.Своето откритие Мартинес го нарекол Био станица Алфа, а тврди дека е голема околу 215 а широка скоро 50 метри. Исто така дава претпоставки и неколку теории за тоа што оваа цилиндрична градба би можела да биде, ама за сега за ова прашање уште нема добиено одговор од NASA, па своите теории неможе да ги потврди.Дали се работи за престаниште за вонземјаните кои патуваат накај Земјата? Иако за сега нема конкретни одговори, импликациите што ова откритие може да ги предизвика се навистина интригантни.Во снимката можете да ги слушнете дел од теориите кои овој ентузијастичен истражувач ги има, а сами пресудите дали некоја од нив има смисла. Со помош на координатите кои ги кажува можете и сами да ја најдете градбата.

No comments:

Post a Comment