Sunday, June 26, 2011

Зошто ''воинот на коњ'' а не ''Александар Македонски'' ?!?

„ВОИНОТ НА КОЊ“ Е ДЕЛ ОД ПОДГОТОВКАТА ЗА СМЕНА НА ИМЕТО!

Поставувањето на споменикот веднаш по изборната победа на ВМРО ДПМНЕ не е случајно. Споменикот оддамна беше готов во Фиренца. Се чекаше изборната победа за да може да се изврши „квалитетна“ подготовка за смена на името што ќе уследи наесен.По предвремените избори на 5 јуни во Македонија се случија неколку работи околу кои се крена и се уште се крева прашина. Првата е убиството на Мартин Нешковски кое се случи ноќта за време на прославата на победата на десната банда.
Потоа во текот на денот следуваше апсењето на Љубе Бошковски поради наместена злоупотреба на пари за изборната кампања.Потоа следуваше реактуелизација на Пајажина поради започнувањето на судскиот процес.
Пред неколку дена, вест на денот која тоа не престанува да биде, е носењето на деловите од споменикот на Алкесандар Македонски и неговото составуање на плоштадот Македонија под „привременото име“, што би рекол Геровски, „Воин на коњ“.
Некако во истовреме или за целото време по 5 јуни, мегафоните на деснава банда, на кои со нескриено задоволство им се приклучи и Владо Бучковски, не го симнуваат прашањето за барање оставка од Бранко Црвенковски поради загубените избори.Има и други поситни настани, се разбира, но овие се главните. И како такви имаат ист именител, ист елемент по кој ние ги препознаваме. Сите овие настани се очигледно и недвосмислено сведоштво за состојбата со демократијата во Македонија за која пишувавме и во минатата колумна, но за која ќе пишуваме постојано додека сме живи и здрави.
Целиот текст на линкот: 
http://www.kotle.ca/index.php/
80-hot-topic/161-2011-06-18-12-35-51

No comments:

Post a Comment