Saturday, June 18, 2011

Древните грци не постојат !!!

Историчарите
признаа дека ги измислиле древните Грци



Група водечки историчари,
на конференција одржана во Националното географско друштво, соопштија дека
„целосно ја фабрикувале“ древна Грција, култура за која долго време се веруваше
дека претставува интелектуална основа на западната цивилизација.
Групата призна дека идејата за
софистицирано општество кое постоело во Грција пред повеќе од два милениума е
целосна фикција, создадена од тим од неколку десетици историчари, антрополози и
класичари, кои работеле во континуитет од 1971 до 1974, за да фалсификуваат
„грчки“ документи и артефакти.
„Искрено, никогаш не мислевме дека
работите ќе отидат толку далеку“, изјави професор Џин Хедлебери, кој ја понуди
својата оставка како шеф на хеленистичките студии на Универзитетот во Џорџтаун:
„Бевме млади и се обидувавме да напредуваме во нашите кариери, па почнавме да
измислуваме работи: Хомер, Аристотел, Сократ, Хипократ, лост, запчаник,
реторика, етика, и различни видови столбови – се’“.
„Очигледно, многу повеќе нешта
отколку што може да измисли која и да е цивилизација “, додаде тој.
Според Хедлебери, идејата за
измислување на целосно лажна древна култура произлегла кога тој и други
интелектуалци сфатиле дека немаат поим што всушност се случило во Европа во
текот на 800-те години пред христијанството.
Фрустрирани од јазот во
документацијата, во ситуација кога археолозите „не биле од никаква помош“, тој
се консултирал со колегите кои веќе се мачеле да најдат начин да објаснат како
настанале нештата како астрономија, картографија и демократија.
За неколку часа била родена
најголемата и највлијателната цивилизација на сите времиња.
„Една вечер некој се зезаше, дека
треба да ги земеме сите овие идеи, да ги споиме, и да кажеме дека Грците го
сториле сето тоа пред 2,000 години“, вели Хедлбери. „Една работа водеше кон
друга, и пред воопшто да бидеме свесни за тоа измисливме се’, од златниот
пресек до Илијадата.“
„Тоа навистина беше заебано да се
напише“, продолжи тој, зборувајќи за епот за кој се смета дека ги има поставено
темелите на западната книжевна традиција. „Ама изгледа дека штосот успеа.“
Речиси во исто време, еден куратор од
музејот Смитсонијан наводно побарал помош од Хедлбери: музејот имал добиено
голема донација за да направи изложба на древниот свет, но „немал што многу да
понуди“. Историчарите веднаш почнале со работа, итајќи да фалсификуваат докази
за цивилизација која – заедно со нејзините поети и филозофи, богови и херои –
наскоро ќе стане главна тема во учебниците, факултетското образование и цело
поле во хуманистичките науки.
Емили Нгиен-Вајтмен, една од оние кои
дале најголем придонес кон проектот, објаснува дека целата древна грчка
архитектура била базирана врз градби во Вашингтон, вклучувајќи една банка
спроти кафичот каде се среќавале за да „си играат со идеи за митологија или што
и да е“.
„Ја одбравме Грција затоа што
сфативме дека никој не би отишол таму да проверува нешто во врска со тоа“,
изјави Нгиен-Вајтмен. „Сте го виделе местото? Тоа е дупка. Како напуштен откоп,
полн со мачки.“
„Сепак наскоро луѓето почнаа да
бараат вакви ’древни предмети’, и следно нешто што знам е како сум заглавена во
Атина цело село, градејќи го целиот ебен Партенон само за да ги покријам нашите
траги“, додава таа.
Нгиен-Вајтман признава дека била
задолжена и за менување на документи, од раните верзии на Библијата, до
записите на Томас Џеферсон, за тие да го одразуваат „класичното грчко“ влијание
– задача која исто така вклучувала создавање, од самиот почеток, на јазик
базиран на модерниот грчки, кој можел да помине како негов древен претходник.
Историчарите им кажаа на новинарите
дека некои од таканаречените грчки идеи всушност биле позајмени од Римјаните,
доведени до нивните основи, а потоа припишани на фиктивни грчки претходници. Но
за други идеи велат дека се нивни.
„Геометрија? Тоа беше на Кевин“, вели
Хедлбери, зборувајќи за поранешен дипломец Кевин Давенпорт. „Човече, тоа дете
беше ептен навлечен тие денови. Сега во гимназиите предаваат Девенпортијанска
геометрија, иако секако ја нарекуваат Евклидиева“.
Извор потврдуваат дека долгите часови
неспиење извршиле влијание врз Давенпорт, па по млакиот прием на негоиот труд
за хомоеротичноста кај спартанските војници, тој ја напуштил групата.
Во изјава во која го изразуваат
нивното „најдлабоко извинување“ за тоа што го лажеле светот околу антиката цели
40 години, историчарите изразиле надеж дека нивното дело ќе опстои заради
сопствените вредности.
„Би било штета човештвото да ги
отрфли достигнувањата како хелиоцентризмот и драмите на Есхил, само заради
нивното потекло“, се вели во соопштението. „Освен тоа, имаме и некои
разочарувачки факти во врска со пирамидите, делата на Леонардо да Винчи,
пеницилинот, интернет, научниот метод, филмовите и кучињата.

                                                  

No comments:

Post a Comment