Monday, January 2, 2012

Апокалипса или обична 2012!?

Влегуваме ли во година во која не очекува апокалипса? Не очекува ли главна улога налик на онаа од холивудскиот научно-фантастичен филм на Роланд Емерих кој ја следи приказната за феноменот 2012, прикажувајќи ги катаклизмичните настани поврзани со завршувањето на календарот на древните Маи? Ќе има ли библиски потоп предизвикан од мега-цунами и земјотреси кои ќе го уништат човештвото?





21.12.2012 Зимско помрачување. Ќе биде ли последно?


Овој датум не е случајно одбран. Истиот ден, според астрономите, ќе се случи редок феномен кој се случува еднаш во 230 милиони години. Сончевиот систем ќе се изедначи со Млечниот пат и уште две галаксии ќе бидат во иста линија со нашата. На оваа теорија се надоврзуваат геофизичарите кои споменуваат и радикални промени на електромагнетното поле на Земјата, па дури и промена на Половите што би предизвикало катастрофа од катаклизмични размери. 
На истиот датум 21.12.2012 завршува и древниот календар на Маите, па многумина научници тој ден подготвено го прифатија како крај на светот. Индијанскиот народ од Гватемала неверојатно точно и прецизно умееле да го пресметаат времето, така што научниците докажале дека нивниот календар е попрецизен од календарот кој денес го користиме. И не само тоа, од сите календари овој, кој потекнува од првиот век пред нашата ера, е најкомплексен и најинтересен.Според пронајдените записи, израмнувањето кое ќе се случи на 21.12.2012 Маите го нарекуваат спојување со утробата на Големата Мајка, Земјата. Тие верувале дека циклусот на живот на Земјата трае 26.000 години, а потоа се влегува во шесто доба кое според нивните толкувања е празно и зависи исклучиво од креаторите на нашата цивилизација.

                                                         

Ќе се претумбаат континентите!?


Наместо да забави, Земјата на 21.12.2012 ќе го забрза своето движење и ќе го забрза движењето во најострата кривина околу Сонцето, заради што, на површината на Земјата е можно да се случи претумбација на континентите. Овој опасен настан го предвидел експертот за механички појави Слободан Ѓорѓевиќ, главен инженер за проучување на цврстината на најголемите патнички летала на светот во истражувачкото одделение на авиокомпанијата Ербас. Тој открива на кои факти се заснова ова застрашувачко предвидување, па во една од неговите објавени анализи појаснува: замислете, во остра кривина со голема брзина ќе влезат Формула 1 и двокатен автобус. Претпоставувате дека првиот ќе се извлече, а другиот ќе се преврти бидејќи во овој случај пресуден е обликот на возилото. Така отприлика ќе се случи и преместувањето на континентитее. Според неговите механички пресметувања внатрешното цврсто јадро на Земјата од стабилно елипсоидно стана нестабилно јајчесто со отстапување од 0,998. Причина за тоа е надмоќта на поголемиот екваторски над се помалиот гравитациски притисок, а сето тоа врз се помалото центрифугално изобличување на јадрото, чија аголна брзина на вртење ќе се намалува.



Економска катаклизмаНаспроти црните сценарија за крај на светот, економските експерти предвидуваат дека следната 2012 година ќе биде уште посиромашна од претходните. Некои дури предвидуваат почеток на нова светска економска криза налик на онаа во триесеттите години на минатиот век. Други тврдат дека во 2012 предвидуваат дека ќе се случи кулминација на нафтената криза.

НАСА најавува бурни процеси на Сонцето
И НАСА предвиде можно црно сценарио за турбулентна година. Научниците тврдат дека во следните три години Земјата би можеле да ја потресат бурни процеси на Сонцето, предизвикани од една експлозија со огромни размери. Енергијата на зрачењето ќе влијае на сите електронски уреди, ќе снема интернет, телекомуникации а на крајот ќе снема и електрична енергија. Такво нешто, би можело да предизвика нови војни, со крајна цел - борба за останок.

                                                    
                                               
               Водачот на Маите тврди: Приказната за крај на светот е измислица на Западот


Водачот на индијанскиот народ Аполинарио Чиле Пикстуб вели дека е уморен од прашањата за крај на светот во 2012! Тој за Асошиејтед прес изјави дека теориите за судниот ден не потекнуваат од Маите, туку е измислица на Западот. Археолозите, астрономите и Маите велат дека единствена работа која веројатно ќе ја погоди Земјата е всушност дожд од метеори на Нењ аге филозофијата, поп-астрономијата, интернетските гласини за крај на светот и телевизиските специјални канали каков што е Хистори канал за кој тврдат, ги помешал Нострадамус и Маите. Но водачот тврди: Маите никогаш не предвиделе црни сценарија дека на светот му се приближува апокалипса! Според нивниот календар на 21. декември 2012 завршува големиот циклус на развојот на човештвото и почнува премин во нова енергетска состојба кога човештвото ќе се тестира дали е подготвено да премине во нова епоха од развојот. Тестирањето ќе трае до 2053. година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE48D7AC4DC90D4C9BA228339DF28DB9
                                                     

No comments:

Post a Comment