Sunday, August 28, 2011

ГОРАН ПАНДЕЕЕЕЕЕЕЕВ !!!


Пандев пречекан со овации од 60.000 илјади навивачи на Наполи


Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше пречекан со овации од 60 илјадната публика во Наполи на вчерашното официјално претставување на стадионот Сан Паоло.










Пандев беше официјално промовиран како ново засилување на калчолигашот кој годинава ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите на пријателскиот натпревар против Палермо, а во дресот на Наполи ќе го носи бројот 29.

Најдобриот стрелец на македонската репрезентација на презентацијата беше наречен „Кунг фу Пандев“, а во своето прво обраќање на фановите на Наполи тој им се заблагодари на клубот и на навивачите.

Воодушевен од спектакуларниот пречек од навивачите призна дека доживеал експлозија на емоции.

No comments:

Post a Comment