Saturday, August 20, 2011

Прашањето за државното име Македонија е затворено




Промената на државното име не е обврска на пратениците, претседателот и министрите, бидејќи за тоа немаат никаков мандат, ниту пак тоа претставува политичка зрелост, туку велепредавство и лудост! СМК за лицемерна ја оценува поддршката на СДСМ на министерката Арифи за консензус за државното име, ако намерата им е негова промена!

СМК укажува дека Албанците без државното име Албанија ќе бидат се’, само Албанци не’! Ако Албанија го промени своето име, како што Арифи мисли да го менува името на државата во која живее, во светот нема да има Албанци, како што повеќе ќе ги нема ниту во Македонија.

Ако Арифи заборавила како Албанците во Македонија реагираа на Енциклопедијата на МАНУ во одбрана на правото за самоидентификување, нека не заборава дека меѓународното право ја исклучува мајоризацијата на малцинствата над мнозинството со кое живеат, па дури и од позиции на власт. Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, а Уставот не пропишува овластувања и процедури за негова промена!

ЕУ или НАТО не се гаранција за мирот и безбедноста во Македонија, туку државното име е единствениот фактор на коегзистенцијата во неа и на нејзиниот територијален интегритет. Патем, светот ниту започнува ниту завршува во Брисел и Стразбур, а американскиот унилатерализам и евро-центризмот веќе одамна се минато свршено време.
Македонците можеби се за пристапување на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО, но ако антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Елада, се отфрла членството на Македонија во овие сојузи на држави. Истовремено, покрај САД и евро-атлантските интеграции Македонците ги преферираат активниот мултилатерализам и евро-азиските интеграции со: Турција, Израел, Руската Федерација, Индија, Кина, Арапската Лига, Исламската Конференција, Движењето на неврзаните.


.........20 август 2011 година, Скопје, Македонија - И покрај притисоците на меѓународни мешетари и велепредавството на домашни квислинзи и неоврховисти, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја предупредува власта, претседателот, пратениците и министрите, да се откажат од авантура за промена на државното име Македонија под какви и да е услови.Промената на државното име Македонија претставува капитулација на државата, а тоа е невалиден и антиуставен акт, недозволив со Уставот на државата Македонија! Во такви услови, бидејќи одбраната е уставно право и обврска на граѓаните, секој има право со сите можни и расположиви сили и средства да се бори против извршителите на тоа велепредавство, злосторство против човештвото и геноцид врз македонскиот народ, на кои кога и да е ќе им пресуди судот на народот и историјата. Секоја власт која ќе поведе постапка за промена на државното име го губи легитимитетот пред народот и граѓаните и нивната доверба да владее со Македонија!Промената на државното име значи дестабилизација на државата Македонија и регионот.СМК отфрла промена на Уставот, референдум и ратификација на меѓународен договор за промена на државното име Македонија!СМК отфрла референдум за промена на државното име Македонија, бидејќи нов референдум за државното име нема да биде референдум за негова одбрана, туку референдум за негова трајна промена!Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите. Токму затоа и 8 септември е прогласен за Ден на независноста! Пратенциите во првото повеќепартиско собрание како израз на добра волја за затворање на прашањето на државното име во односите со Атина, наместо Устав на Државата Македонија, донесоа Устав на Република Македонија, придодавајќи ја уставната референца „Република“ пред државното име Македонија, независно од историските хипотеки, окупацијата на македонската земја и геноцидот врз македонскиот народ:
Државното име е идентитетот на нацијата! Секоја промена на државното име Македонија значи трајна промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик. Идиотски се изјавите за промена на временото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“ во Обединетите Нации и меѓународните организации без промена на Уставот на Македонија, името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик. Во меѓународната заедница името на националноста по автоматизам произлегува од името на нацијата како синоним за државата. Промената на државното име автоматски значи промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик.
Самоидентификацијата и самоопределувањето произведуваат правна декларација за името во Уставот на државата. Името на нацијата произлегува од правната декларација, а не од вербалната самоидентификација, бидејќи државното име не е за внатрешна, туку за меѓународна употреба во целиот свет. Македонија не е Македонија за Македонците внатре во државата или само меѓу Македонците во светот. Името на државата е правна легитимација за Македонците пред светот и по меѓународното право!
Човекот не се именува по вербална изјава, туку по правната легитимација која се издава во местото на раѓање и важи за целиот свет. На црнците, белците и жолтите не им пишува на чело што се, ниту им веруваме дека тоа се, поради ризик од лажно претставување, додека не им се провери личната исправа (личната карта или пасошот) во која ја пишува националноста и името на државата чие државјанство поседуваат.
И затоа изјавите дека ќе го сочуваме името на македонскиот народ и јазик и државното име за внатрешна употреба без промена на Уставот со ново меѓународно име претставуваат лага со далекусежни и непроменливи последици! Ново меѓународно име на државата значи трајна промена на државното име Македонија за секаква употреба и трајна промена на името на македонскиот народ и јазик!
Впрочем, Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации не значи договор за промена на државното име Македонија, туку разговор за неговата разлика. Со Времена македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година пак, државата Македонија ниту го прифатила временото обраќање во Обединетите Нации за ново меѓународно име, ниту прифатила членство во меѓународни организации под тоа обраќање. Времената согласност НЕ претставува обврска Македонија да пристапува во меѓународни организации под име различно од нејзиното државно кое истовремено претставува и меѓународно име, затоа што Македонија нема име за внатрешна и име за надворешна (меѓународна) употреба, туку едно и единствено за секое време и во целиот свет!
Ако антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Елада, Македонците во целиот свет го отфрлаат членството на Македонија во овие сојузи на држави. Светот ниту започнува ниту завршува во Брисел и Стразбур, а американскиот унилатерализам и евро-центризмот одамна се минато свршено време. Покрај САД и евро-атлантските, Македонците ги преферираат активниот мултилатерализам и евро-азиските интеграции со: Турција, Израел, Руската Федерација, Индија, Кина, Арапската Лига, Исламската Конференција, Движењето на неврзаните.
И секако, СМК смета дека Споменикот на Александар Трети Македонски, не Александар Велики според грчкото именување, на централниот плоштад во метрополата на Републиката не треба да претставува замена или самозалажување за промена на државното име Македонија, туку негова самопотврда! Александар Трети Македонски, како и сите пред него и по него, е дел од историјата и културата на Македонија и Македонците имаат право да го слават и одбележуваат неговото име и дело! Македонците имаат право на негов споменик на централниот плоштад во македонската метропола, затоа што тоа место и го заслужува! Александар Трети Македонски на централниот плоштад во метрополата на Републиката и’ ја врати изолираната историја и археологија на Македонија поради договорот Атина-Белград од 1913-та година за затворање на македонското прашање после окупацијата на македонската земја и геноцидот врз македонскиот народ. Александар Трети Македонски, како и сите пред него и по него, е дел од историјата и културата на Македонија, и Македонците имаат право да го слават неговото име и дело! Македонците имаат право на негов споменик на централниот плоштад во македонската метропола, затоа што само тоа место го заслужува! И затоа голема благодарност до Владата, затоа што преку спомениците во Скопје и низ Републиката и’ ја врати изолираната историја и археологија на Македонија поради договорот Атина-Белград од 1913-та година.

No comments:

Post a Comment