Wednesday, May 4, 2011

108 години од загинувањето на Гоце Делчев


Гоце Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 година во Кукуш Егејска Македонија, а загинал на 4 мај 1903 година во селот Баница.
Гоце Делчев завршил средното образование воСолунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што раководел со таен ученички револуционерен кружок. Се запишал во Военото училиште во Софија во1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичкиите кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето во 1894 година.
Гоце Делчев бил член на Македонската револуционерната организација (МРО), подоцна Внатрешно македонска револуционерна организација (ВМРО).
Поаѓајќи од конкретната состојба - недоволната револуционерна подготвеност на масите, слабото вооружување, неповолната внатрешна и надворешна ситуација, бил еден од противниците на решението од конгресот во Солун, 1903 година, за кревање на Илинденското востание.
Сметал дека моментот не е погоден. Делчев не бил против востание, туку за негова добра подготовка и затоа, согледувајќи ја штетноста од предвремени востанички акции, тој се обидел, безуспешно, да влијае за изменување на одлуката за подигање востание.
Убиен е во борбите против турскиот аскер на излегувањето од селото Баница на само неколку месеци пред востанито.

No comments:

Post a Comment