Wednesday, August 15, 2012

Најкратката војна



Англиско- занзибарската војна се водела помеѓу Обединетото Кралство и Занзибар на 27 август 1896 година. Траела само 38 минути и е најкратката војна во досегашната историја.

Војната избила по смртта на султанот Хамад бен Туваини, кој соработувал со британските колонизаторски власти. Умрел на 25 август 1896 година, а неговиот внук Халид бен Баргаш ја превземал власта со државен удар. Британците во таа ситуација го посакувале за наследник Хамуд бен Мухамед, бидејќи верувале дека со него полесно можат да соработуваат, па затоа на Баргаш му доставиле ултиматум за абдикација (своеволно повлекување од престолот). На тоа тој одговорил со собирање на војска од околу 2800 војници и ја подготвил султановата наоружана јахта. Додека неговите луѓе ја поставувале одбраната околу палатата, Британците го нападнале со 5 воени бродови , а на копно испратиле одред маринци кои требало да дадат подршка на околу 900 занзибарски војници лојални на британските колонизатори.

Околу 9 часот наутро, британците отвориле оган и за околу 38 минути го срушиле отпорот на Баргаш. Баргаш побегнал во германски конзулат каде побарал азил.

Во војната загинале околу 100 војници од занзибарската војска лојална на британските колонизатори и околу 500 војници од војската на Баргаш.

                                                       

No comments:

Post a Comment