Saturday, October 29, 2011

Нова типологија на рубрики во вести


На сите ни е позната типологијата на рубриките, т.е. секциите, во вестите и весниците. Прилозите и статиите набутани во вести од земјата, светот, регионот, политиката, економијата, црната хроника, култура, живот, занимливости, спорт, време, и слично, треба квалитетно да не информираат со тоа што вестите ќе ни ги сервират на (некаков) организиран начин.
Оваа класична типологија се повеќе се покажува како изветреана и надмината: многу вести од хроника се прелеваат во вести од земјата, економијата и сл, вестите од културата ти се полни со политика, вести од светот речиси и да нема, итн.
Затоа овде ќе понудиме една класификација многу поблиска до народот и која попрецизно го доловува овој комплексен процес. Еве ја триделната класификација:
Цццццццц – вести

Тоа се вести кои предизвикуваат ефект на ццкање кај гледачот (според ономатопејата „Ццццц“). Овој тип вести главно се однесува на вести како што се: мајка фрлила дете, болниците без елементарни услови за пациентите, цените на парното, струјата и с(в)е диво покачени за дрн-дрн посто, и така натаму.
Мамичето нивно! – вести

Овие вести главно се однесуваат на работата, активностите и слични тракатанции за и околу политичарите, функционерите, пратениците и другите јавни штеточини. Со ваков наслов гледачите ќе бидат навремено известени за типот на вестите кои следат, што во исто време ќе ги подготви ефикасно да се изнапцујат и испразнат.
Вау – вести

Ова се вести кои треба да предизвикаат восхит, возбуда и други воскликнувачки чувсвта и реакции, од тоа колку ќе чин свадбата на ќерката на Клинтонови до тоа колку освоил некој типац на лото воНезнамсикадеидае.
Тоа е тоа. Веднаш да ги пресретнам коментарите и критиките на нашите уредници на вести за тоа каде да ги сместат некои од честите вести: за провладини уредници кои сакаат да му удоволат на естаблишментот сите вести за нив треба да одат во „вау“ рубриката, за опозиционо ориентираните пак овие вести одат во „мамичето нивно“ рубриката.

Ете, гледате како собираат рубрикиве се што треба :)

No comments:

Post a Comment