Sunday, March 20, 2011

ОРИГИНАЛНОСТ

Да “прошараш” по Јутуб-от ке слушниш безброј траки кои ти се познати од некаде. Ке чуеш ист звук, сличен текст, звук којшто е свирен но многу личи на безброј други траки. Ова можеш да го видиш почнувајќи од најмладите рапери па се до најстарите и најискусни и тоа не само кај нас туку и во странство. Тоа е звук кој мене лично ми е буквално смачен. Звук којшто не велам дека е лош, но едноставно не можам да го слушам, не можам да го поднесам, да го сварам! Но, секогаш има решение, секогаш има друга алтернатива.

Го читате насловот горе?! Е за тоа сега малку ке зборуваме.

Не е воопшто тешко да најдеш некое олд скул или пак поново срање кое ке те исполни, ке биде нешто ново, спотот нема да започнува како сите други поп, рок, рап срања, текст кадешто нема да слушнеш само фолирање и самофалење, туку нешто друго. Ке чуеш добро компонирана инструменталка, текст, искрен, од душа, од срце, спот невиден, некопиран и цел еден стил кој ретко го гледаш и го слушаш или пак никогаш не си бил сведок на такво нешто. Но, ете повеќе удираат во очи 100 пати слушнатите срања.

Нас, вас, мене, тебе, на вистинските слушатели ни треба она старото и запоставеното, ни треба нешто ново кое ке ја отсликува вистинската хип хоп култура.

Нам ни треба бит, ритам, матрица, пијано, гитара, бас гитара, кое ке ни ја врати надежта, кое ке не натера да продолжиме да ги слушаме таквите рап песни - песни со стил.

Нам ни треба цврст збор, искрен стих, цел живот опишан во неколку строфи, безброј такви текстови кои ке не поттикнат, ке не направат почувствителни, ке ни го сменат светогледот, ке направат само подобро кај слушателот.

И сето тоа искажано со тврд, самоуверен вокал. Вокал со јако флоу, вокал со чувства во него. За сето тоа да се испродуцира најдобро што може и да се пушти во етер за луѓето да го доживеат како вистинско ремек-дело, како нешто ново, но сепак олд скул, како носечки вокал, носечки звук една нова оригинална ера во рапот. Нешто кое ке ги побие сите други и на оној што слуша ке му докаже дека “тоа е тоа”!

Затоа, заземи став, држи се до вистинското и пукај! Внеси ја цела енергија во тие неколку изрецитирани, но од срце напишани стихови и достигни го врвот!


Кога сме кај оригиналноста само да напонеам дека уште еден оригинален лик ни замина. После Гуру Господ си го повика крај себе и Nate Dogg т.е човекот кој беше препознатлив по своите рефрени!

БИДЕТЕ РАПЕРИ-ИМАЈТЕ СВОЈ ТРАКИ !

No comments:

Post a Comment