Sunday, February 27, 2011

ЗОШТО ГЛЕДАМ ТУРСКИ СЕРИИ !!!



Многу пати моите претпоставени се чуделе со мене...зошто гледам турски серии,а зошто не гледам македонски народни приказни.Пред повеќе од 2-3 години почнав да гледам  и ги засакав турските серии.За разлика од нашиве серии турските серии имаат многу добра режија и автор. Би посакувал да има такви во Македонија.

Денес,мислам дека сите ќе се согласите,нашите народни приказни(во содржинава не мислам за македонските народни приказни и изворни приказни,тие ми лежат во срцето и тоа не е тема за дискусија)...македонските народни приказни не можат човека да го воодушеват или да го остават без зборови за разлика од турските серии.Прикаските со Ѓорѓи Колозов..тие не се за дискусија...но сега овие новите приказни се правени за 5 минути и тоа се на компјутер...Сега за мене,значи после Ѓорѓи Колозов може да се каже дека скоро и не гледам.Турските серии имаат слични обичаи како нашиве во Македонија.Но ништо не е случајност...ние сме попримиле од Турците.

Случајно брачед ми гледаше серија и ме убедуваше дека е убава,а јас на тоа му одговарав ‘’зарем ќе гледам турска серија од турците кои не поробиле 5 века’’.По некое одредено време серијата ме заинтересира.Серијата ја гледав долго....кога заврши сватив зошто сум ја гледал.Турскиот народ и турската нација имаат слични обичаи и навики како нас Македонците.Па и не е за чудење 5 века сме попримиле од Турците.Од тогаш сватив зошто турските серии ги гледам со љубов...Некои на ова ќе одговорат дека е странска и дека има добра глума...но зошто јас не гледам шпански,руски,српски..и сл...сепак турците ни се во крвта..Секој кој ме знае добро и знае колку ја сакам татковината...ќе знае зошто гледам турски серии
  
                       слушнете го клипов и ќе сватите за што ви зборував !!!
                                                           музиката...

                                                                              пишува:Драган Кузмановски

No comments:

Post a Comment