Еден ден, јас ќе станам тема во твоите приказни за неуспешните љубови. Некој ден, близок или далечен, ќе ме ставиш меѓу загради, набројувајќи ги своите порази и победи. Секој ден, ќе ме колнеш што не сум знаел да те сакам помалку, секој ден ќе плукаш по мене, што сум те сакал премалку. Ќе дојде ден и кога ќе воздивнеш и ќе посакаш уште еднаш да ме прегрнеш, а гордоста моја не ќе знае опаш да свие и околу тебе да се завие. Затоа, во овој ден, остани само уште една желба што никогаш не ќе се оствари....
Tuesday, August 30, 2011
87 години од смртта на Тодор Александров...
87 Години од смртта на Тодор Александров, роден во Штипско Ново Село.Штип останува град на револуционери,атентатори ,водачи,архиепископи, и е бастион на ВМРО, во Штипјани тече вмровска крв.Тодор Александров е потписник на МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ. Вечна му слава...
Sunday, August 28, 2011
Таткото,Синот и Енциклопедијата !!!
Ситуација 1
Синот бил немирен, па таткото му наредил дека за секоја грешка што ќе ја прави, ќе кова по еден клинец на вратата. После 2 месеци, цела врата била искована. Синот сватил дека многу грешел, па рекол: „За секоја добра работа, ќе вадам по еден клинец“. За неполн месец ги извадил сите, па му рекол на татка си: „Може два месеца грешев, ама еве за неполн месец ги поправив сите грешки“. Да, ама дупките останаа.
Ситуација 2
Прашал синот што значи тоа црква, па таткото му објаснил: „Тоа е место каде што се молиш за некоја желба да ти се исполни и каде што се каеш за некоја грешка што си ја направил да ти биде простена.“ Се молел синот 3 месеци да му купат велосипед, па после си украл еден, и секој ден се молел да му ја простат грешката.
Планината
Тргнуваш во потрага по својот сон, обрабен единствено со мислата дека тој ќе ти е последен. Удолнината е недогледна и попразна одошто твојата душа. Не сакаш да се откажеш од животот, а сепак иташ кон мигот што треба да го открие крајот на приказната која ја нарекуваш живот, онаа иста приказна чие раскажување веќе одамна ти создава мачнини во стомакот.
Оваа собичка не е моја, а чудно, ја чувствувам како свој дом. Кога и да чукнам на вратата, однатре ќе се појави некој што ќе ме пречека со отворена прегратка и ќе ми понуди преноќиште. Лежејќи во убиствено гласната тишина што го преплавува секој милиметар меѓу блиските ѕидови неретко помислувам на својот глад за женско месо. Сонувам како крцкавата врата се искривува под товарот на твоите нежни раце што ја притискаат. Влегуваш.
Не те познавам. Постоиш само како форма која навестува содржина. Тука си - разголена, миризлива, прекрасна. Те очекувам спружен на постелата во најобичното собичка на светот. Те гледам додека полека од себе ја оттргнуваш и онаа лесна облека што открива многу повеќе одошто сокрива. Доаѓаш. Не велиш ниту збор. Ми говориш со усните залепени врз моите. Ме впиваш со допирите додека јас ја пијам твојата младост.
Ги преминуваш поточињата и реките кои безобразно ја сечат тесната патека гушната од високо истопорените ритчиња. Иташ угоре, кон врвот на светот, единственото место каде што знаеш дека можеш да ја наполниш душата, онаму каде што осаменоста не е проклетство, туку благослов. Го бараш амбисот, надевајќи се дека никогаш нема да го пронајдеш.
Ја нурнувам главата помеѓу твоите нозе. Потонувам. Не испушташ ниту крик! Копнеам да го чујам твојот глас, па му дозволувам на јазикот да се прошета малку подлабоко, да те натера да извикаш на сиот глас. Молчиш исто толку силно колку вечната тишина во собичката која понекогаш ја нарекувам свој дом.
Ти се фрлам в прегратки и навлегувам во тебе, колку што можам посилно и подлабоко. Го барам мигот што ќе ми навести дека не си само парче месо фрлено во мојата челусш. Правам сè за да дојдам до мигот кога ќе екне твојата издишка и сосема ќе ги сруши сите ѕидини што ги бев соѕидал околу мене. Попусто, ти остануваш сосем нема.
Никогаш не стигнуваш до врвот. Таму беснеат бурите, таму живеат боговите! Ти не си ништо повеќе од еден обичен смртник истопорен пред сопствената немоќ да ги покориш сништата. Тие секогаш те покорувале тебе. Ете и сега, ја пронајде истата онаа провалија што умот ти ја скова како вечно почивалиште. Се исплаши, та на пртсти, полека, помина од страна. Се исплаши од проклетата смрт и си замина, кон она проколната собичка со четири претесни ѕидови во кои владее претеран молк!
Оставам дел од себе, во тебе, во истиот миг кога ти силно го загризуваш мојот врат. Крикнувам од болка, викам од задоволство, умирам во оној еден миг кога ми пее и душата, кога дури и ноќта станува сончева. А ти стануваш, се нагрнуваш со лесната облека и тивко, на прсти, заминуваш исто онака молчаливо како што дојде. Со себе носиш дел од мојата душа, оставајќи зад себе пустош и уште толку поголема празнина.

ГОРАН ПАНДЕЕЕЕЕЕЕЕВ !!!
Пандев пречекан со овации од 60.000 илјади навивачи на Наполи
Пандев беше официјално промовиран како ново засилување на калчолигашот кој годинава ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите на пријателскиот натпревар против Палермо, а во дресот на Наполи ќе го носи бројот 29.
Најдобриот стрелец на македонската репрезентација на презентацијата беше наречен „Кунг фу Пандев“, а во своето прво обраќање на фановите на Наполи тој им се заблагодари на клубот и на навивачите.
Воодушевен од спектакуларниот пречек од навивачите призна дека доживеал експлозија на емоции.
Monday, August 22, 2011
„Дали е словенизација ако 50 години се проучуваше само славјанската историја?“
Партискиот историчар си останува партиски, без разлика на систем, време или партиска определба...
Saturday, August 20, 2011
Subscribe to:
Posts (Atom)