Friday, April 29, 2011

Свадба ли е, што ли е?

Денешниот ден, е посебен ден, иако многу луѓе тоа можеби не го чувствуваат.


 Зошто, ќе прашате? Затоа што принцот се ожени! Па луѓе, клекнете на колена!! Зарем не е ова уште едно светско чудо кое се одвива пред нашите очи?! Се изначитавме статии колку пати се бакнале, кој од кој имал на себе подобро парче облека и најважно од се’ колку сето ова било елегантно изведено. Единствената замерка е што никој всушност нема ни појма што се случува. Јас мислам дека 99,9% од луѓето (кои не живеат во Британија) не ни знаеја до вчера дека принцот Вилијам постои, всушност не мислам туку сум сигурен, но поентата во целава ситуација е нешто да се врти.
Искрено, ова што го гледам денеска со свои очи е бетер од реално-шоу. Луѓе, дај освестете се. За обичен бакнеж (или два! или сто, ма колку сака нека се!) вреди толку потресување? Или можеби ви се допадна хиерархијата, патем екстремно патетична, која Британците му ја прикажаа на целиот свет. Мислам, искрено: што овој човек Вилијам направил за светот, или НЕ, еве, за Британија за тој да биде центар на нашето внимание во овие дванаесетина (и повеќе можеби) часови, освен што едноставно бил доволно среќен за да се оплоди од татковиот кралски сперматозоид? Јас ќе ви кажам што направил: апсолутно ништо.
Па тогаш, зошто толку потресување? Дали стигнавме до тој степен што повеќе не знаеме што сакаме, туку само што НЕ сакаме, а тоа е секако соочување со реалноста, па поради тоа сите одеднаш се желни да гледаат пренемагања од ваков тип пред малите екрани? Понекогаш се прашувам дали можеби е проблемот до мене…? По се изгледа е.
Денешниот ден, е посебен ден, иако многу луѓе тоа можеби не го чувствуваат…

                                                   

ВИСТИНСКА МЕТРОПОЛА...


‎1903.- Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска.

Wednesday, April 27, 2011

10 работи кои можеби не ги знаете за Македонија...


1.Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

2. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости.

3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. Македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

4. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

5.Според НАСА, Кокино е четврти на листата најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat, Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

6. 50 година по Христа, Апостол Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13“ пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите: Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.

7. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот,т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

8. Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000. Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметноство светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

9.Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кои се со светска важност.

10. Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

.......



песната која што ми го кине срцето која што ми ја кине душата , песната која ме гуши која ме тажи , песната која што прави гордо да се исправам и гордо да застнам во името на мојата татковина МАКЕДОНИЈА .....МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ .....МАКЕДОНИЈА

Monday, April 25, 2011

мала ноќна помисла


Кога авторитативно ќе ми го изговориш името, кога ќе ги закопаш прстите во мојата коса, кога ќе ми шепнеш колку ме посакуваш, кога ќе ги ставиш усните врз моите, кога ќе ме погалиш нежно.... насмевката ми изгрева некаде од дното на душата.
Кога ќе те допрам нежно на вратот (а ти воздивнуваш), кога ќе ти потонам во прегратката (и таму ќе го пронајдам мирот), кога ќе ти продрам со погледот низ зениците (длабоко во приказните што тлеат нераскажани), кога ќе го вдишам од тебе мирисот на небо (и најпосле ќе го вкусам апстрактот што го викаат слобода).... станувам најважната прашинка во универзумот.